Покрај ситуацијата со Рашфорд ги искористија и Гарна и Мејно во конотацијата дека стоиме катастрофално финансиски за да ја подобруваме преговарачката позиција во трансферите која ја имаме нарушено години наназад со преплаќање.
Точно е дека финансиската состојба ни е лоша со ПСР и не сме на нивото кое бевме, ама еве го Доргу за 30м а во некое друго време ќе беше 40+м. Ете не се потврди дека мора под итно да продаваме за да купиме некого. Како и да е, мораме да направиме чистка и големи платеници да ги ослободиме.
Се радувам што Гарначо останува и мислам дека ќе гледаме се подобар и подобар фудбал од него. Нормално е на 20 години да има падови, но ќе биде подобар. Исто и за Мејно се радувам што Рубен ќе му ја најде позицијата. Пишував дека Мејно е подобар кога има зад него ДМ и до него уште еден партнер затоа што дефанзивно е послаб, и се увиде тоа на мечов со Стеауа кога зад него играше Бруно.
Овој Тел е интересен играч и не би имал ништо против да го позајмиме со можност за откуп. Примарно игра лево во нападот, ама ги покрива сите 3 позиции во форот. Е сега мислам дека се зависи од ситуацијата со Рашфорд...а од ова што се наближува крајот на преодниов рок мислам дека се зголемуваат шансите да остани.