Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Мене не ми е јасно зошто ја обвинувате судијката. Нели она изрекла казна да оди во казнено поправен дом? Па нели според нашите закони беше дека постар малолетник исто не треба да оди во затвор до 21 година? Или јас нешто грешка сум читала кога беше ова со Коста во соседна Србија?
se posle 18 odi Corka! Osven ako se raboti za siten kriminal i prvpat da mu e. Togash mu prostuvaat i go prajchaat na Resocijalizacija. Ama za delovo mu sleduvaat 2-3 godini Idrizovo.
 
Денес на два пати за кратко време застанав на пешачки и покрај мене прелета кола. Не им доаѓа памет и не им доаѓа. Милион џандари има, место у казино да дремат, нека стојат под дрво на булевари.
Ми се случи пред некој ден, не со некоја голема брзина ама доволно за беља.

Туран или нешто слично со четворица дибецине застануваа и упорно во мене на пешачки, се привратив назад да поминат.

Четворица цајкани (и двајца на тротоар, спремаа веројатно за некоја делегација) стојат на средишниот остров и глумат ја нисам одавде, мавам по возилото и тие по мене - не кревај галама ми велат.Дно на дупката од дното.
 
se posle 18 odi Corka! Osven ako se raboti za siten kriminal i prvpat da mu e. Togash mu prostuvaat i go prajchaat na Resocijalizacija. Ama za delovo mu sleduvaat 2-3 godini Idrizovo.
А какви се кај нас казнено поправните домови за малолетници и колку ги има? Дали се условите пристојни за ресоцијализација?
Или законите ни се како во Шведска, Франција, Холандија….а условите во државава како во Зимбабве? :unsure:
 
А какви се кај нас казнено поправните домови и колку ги има? Дали се условите пристојни за ресоцијализација?
Или законите ни се како во Шведска, Франција, Холандија….а условите во државава како во Зимбабве? :unsure:
Tokmu taka

Мене не ми е јасно зошто ја обвинувате судијката. Нели она изрекла казна да оди во казнено поправен дом? Па нели според нашите закони беше дека постар малолетник исто не треба да оди во затвор до 21 година? Или јас нешто грешка сум читала кога беше ова со Коста во соседна Србија?
Некој со куп прекршочни и кривични пријави кои со години некако магично не се процесираат од системот... И зарем не е сомнителна пресудата од истиот тој систем?
Па нормално дека они од судствот се чудат „што имало врска претходниот случај со овој“. Демек во вакуум треба да се гледаат работите, изолирани едни од други. Ама не се изолирани, како што родителите на убиеното девојче најдобро знаат.

Посебно кoга суди за тешко криминално дело (како за поголема количина дрога), судијата има за должност детално да ги испита сите околности и да ги земе во обзир сите претходни инциденти на обвинетиот полнолетен криминалец. Некој што направил куп срања, и е очигледно дека продолжува да ги прави... Совесен судија не смеел(а) тука да прогледа низ прсти. Голема количина дрога е сериозен криминал, во некои (функционални) држави смртна казна се добива за тоа. И со причина, или ќе ги убиваш дилерите или они ќе ти ги убиваат луѓето. Само што копиљот во случајов и физички убил девојче, не само со дилањето дрога.

Дали е крива судијката? Да. И тоа како е крива... Исто како и целиот тој усран судски систам кој очигледно нема никакви етички ниту морални вредности.
 
Abe kako nekoj ne go kandisal da odi do Indonezija da prodava droga!
 
se posle 18 odi Corka! Osven ako se raboti za siten kriminal i prvpat da mu e. Togash mu prostuvaat i go prajchaat na Resocijalizacija. Ama za delovo mu sleduvaat 2-3 godini Idrizovo.
Сингапур, Кореја (двете), Тајван, Кина, С.А., Кувајт, Иран, итн, итн. Во куп држави со таа количина дрога јавно ќе го егзекутираа. Само за тоа, настрана другите срања.
 
Видеоно на твитер од неколки секунди после ударот…црева ми се превртеа. Греота девојчето, ебати животот у среда навечер да ти заврши пред Силбо у смрдено Скопје. Ќумур општество.
 
Кај нас Владее Популизам...затоа се лабави законите а и не се почитуваат.А има и политички притисок дека Нема зместо во Затвор...не е Еден Васо, има дузини и дузини...заштита на малолетници е стара болест, уште од Титовото време, сега ја унапредија со Терминот Помлад Полнолетник....
И не само кај нас....таа болна и нездрава пракса е сега во цела Еу а и Уса...пред 60-70 години во зуса егзекутираа и малолетнуци, сега во многу држави е укинат ел. Стол...
Кај нас некој Дебили дури сакаа на 16 години да се даваат возачки !!! а затвор да нема до 21г, значи 5 години Гази Гази слободно...
И друго, каде е одговорноста на Родителите ???
Кога пред 5-6 години во Струмица 2ца 13 годишни ограбија, силуваа и задавија 60 годишна жена, не смееше да се д по знае ни кој се родителите, демек малцинството ќе има проблем...
 
Видеоно на твитер од неколки секунди после ударот…црева ми се превртеа. Греота девојчето, ебати животот у среда навечер да ти заврши пред Силбо у смрдено Скопје. Ќумур општество.
Ко ќе видиш, па од друга страна, на сите останати тука им продолжува животот на тие локации.

Патем, се разјасни ли што е тоа командир у армија? Некој што дава команди?
 
На наредник мислат. А потполковник е човекот. Тоа "командир" веројатно им значи се: од потпоручник до генерал. :pos:
 
На наредник мислат. А потполковник е човекот.
ма знам што бил татко му
само се шегувам со овие што вадат од ракав чинови што не постојат
Тоа "командир" веројатно им значи се: од потпоручник до генерал. :pos:
баш така
 
"Командант на центарот..." не е чин во АРМ, туку работна должност, убаво си пишува - потполковник Зоран Јованов. Тоа ти е исто како на некој професор на факултет да му дадат работна должност да ги упатува новите студенти на што знам што. И како ќе кажеш после: професорот тој и тој или упатувачот тој и тој? Чин "командант" не постои во АРМ. Има наредник, ама тоа е подофицерски чин, овој е далеку над тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom