Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

Не е лесно кога случајно ќе направиш нешто што знаеш дека ќе ти го поремети планот за следниот ден. Направив брза и ненамерна грешка, рокнав Нес пред спиење, но се тешам да на крајот се ова не значи дека секоја грешка е катастрофа. Има и полошо! Добра Ви Ноќ!
 
Драа

Устфари да каеш на некога "фчера нес пиеф" е двосмислено нешто.
Ке помисли дека не си спиен.

Или па обратно, "фчера не спиеф".
Ке помисли дека си пија нес.

Јака мајндгејм дислекција.
Знам дека ти фалеф, Драа.
:icon_mrgr:
 
Не научив да презаспивам ко ќе ме разбуди дете у 4 сабајле за мочање…

Дур сум уште буден, прееска во едно локалче налетувам на “банда” гот деца. Прво незнаев дека уопште постојат такви кај нас. Второ кога зинаа да зборат на ироничен англиски меѓу себе ми идеше кого удфам нежалам да им напраам. Ама беа копиљаци со едвај 18 години.


 
Драга,

Ме потресе трагедијава со девојчево и се прашувам до кога ке се трпи ваков неправеден систем насекаде? До кога ке се третираат разгалените деца, кои видовме во неколку поминати години колку се опасни за општеството? До кога корумпираниот систем ке замижи на секакви свињарии, само поради што некое маде има моћ, без разлика дали е политичар или обичен клошар кој има некое "име". Ме боли цевот дали престапникот е етнички Македонец, Албанец, Ром, Египтјанин, Индијанец, Марсовец.

Секој треба да одговара, доволно е што дозволи системот грујо, зајко, груби и сите тие криминалци да побегнат од државава без мува да ги полази. Доволно беше да трпиме амеби како гореспоменатите и нивните послушници кои се богатеа и богатат на сметка на обичниот смртник. И изиграваат шерифи во државава разни гомна, демек види не ми може никој ништо. Овде е анарахија, ме штити полицијата и судството, па ке работам што сакам.

Извини Фросина и сите жртви на системов корумпиран. Ние сме криви што ви приредивме ваков болен и тажен крај.
 
Драга,
е чудам како кралицана Бог да ја прости(покојна) пиеше толку англиски чај со колачи го мезеше до душе ама сепак не да отвара апетит, гори желудац мамему.... иначе од секојдневиево
IMG_20250131_174711.jpg

Игнорот бил татко на раатот...велат

(y)
 
Dear K,

Војната е гомно. По игра на случајот, запознав едно чудо Руси во последниве две години. Ги запознав затоа што бегаат од дома за да не бидат регрутирани. Прилично се отворени по тоа прашање.

Му велам: Николај, каде ти се жената и децата, те гледам сам во последно време.
- Отидоа дома, ќе се вратат за брзо, ми вели.

Ти не одиш?
- Не смеам јас. Војната...

Другиот брат, Игор, човек во рани 40-ти од животот, проќелаво човече, со брада, секогаш во еднобоен комплет шорцеви и маичка, секогаш сериозен, емоција ни за лек. И така неколку месеци, и викам на жена ми - овој е фин со нас ама гарант работи како платен убиец, како излезен од Сопранови е ликот... прснавме од смеење. Пред неколку недели, околу нова година, му дојде ќеркичката на гости. Што да ти кажам, нов човек: насмеан, весел, горд...

Сфатив дека него го јаде тоа што е разделен од семејството, а и којзнае што се друго има изгубено во меѓувреме. Гледа да зачува глава, да пројде неволјата, да се врати кај неговите.

Никому не му се гине, и освен на пар експерти на форумов, секому му е јасно дека и нема за што да се војува.

Така да за оваа година ќе бидам малку наивен и ќе посакам мир во светот, и сите овие луѓе да се вратат дома и да си го живеат животот онака како што треба.
 
1.) Ограничување максимална брзина до 30 километри на час во сите градски и селски средини каде што моментално ограничувањата се 40/50/60. Со закон, лех специалис или како и да го викаат, нека најдат начин.

1 година најмалку, онака строго, ограничено, да лазиме додека возиме. Надминување на брзината до 40 км, 100 евра казна, до 50 км, 500 евра, а возиш над 50 одземање возачка. Трајно, засекогаш. Црн печат, без дискусија, без право на повторно полагање.

Не ме интересира ќе доцниме на работа, на училиште, па на преглед, па на не ти знам што. Ич, ама ич. Подобро да лазиме отколку да умираат млади и да се зацрнуваат цели семејства, другари, школски другари, колеги, дечковци, женски, симпатии и уште безброј други луѓе.

2.) Инсталирање камери во уште најмалку 10 градови по примерот на Скопје, а во оние кои ќе нема, 6 месеци контрола на секој километар. Онака на секој, по еден радар и еден полицаец. Да не ми кажуваат дека нема, сега ги гледам по 5 души стојат на едно место. Мали се градовите, со 4-5 точки цел ќе го покријат.

3.) Привремена забрана за управување било какви моторни возила на лица до 21 година. Нека се полага, нека се возат часови, ама нема возење. Јебига, покрај сувото и зеленото гори. 6 месеци мирување, после тоа ќе видиме.

4.) Воведување затворска казна од најмалку 3 години за управување возило без дозвола. Гратис 3 години и на оној кој дал свое возило да управува на лице кое нема дозвола. Дуплирање на казната ако тоа лице направи некој мал прекршок, а за големи прекршоци 15+ години.

И уште сигурно 10тина работи за кои сум едно 100% сигурен дека да седнат на маса вработени од соодветни институции, да вклучат мозоците, да мислат 3 дена, ќе им текнат.

Џабе ни е зборување, џабе ни е жалење. Нема фајде од тоа, денес ќе жалиме за Фросина, утре ќе биде некој друг. Мора да има ригорозни мерки, кои мора сами да си ги прифатиме, да се навикнеме и да тераме по нив.

Се друго е тешко срање. Тешко.
 
https://shilomagazine.com.au/2025/0...a-vo-skopje-pregazen-peshak-vozachot-izbegal/
Драга,
дефинитивно овде улога игра старата древна змија - Сатаната, какво објаснување друго би пронајдол.
Луѓе, молете му се на Бога повеќе да ве заштити вас и вашето семејство, нека Господ Исус Христос биде со вас, нека ви дава здравје и се што ви треба.
Чао Јануари, ќе те паметиме по трагедија, т.е. убивство, во кој загина млада личност.
Нека Господ ве заштити сите, бидете во мир.
 
Леле какво е времево, плаче за фудбал. Оние момци со кои играв често порано веќе многу одамна не играат за викенди.

Ако веќе го прават тоа тогаш играат у недела навечер у балон. А прескапо е у тие неприродни шугави терени.

Многу ми фалат денските утакмици на бетон. Терени со рефлектори низ градов секако скоро и да нема.
 
Драа

Приметила ли дека девеес посто од тетофчанке су исти.Слаби,пргави,брзи,итри,сс испиени фаце,испакнати тетофски јабучице,малце грдички ,ама доста вредни.
Прави лисице.

Ако видиш некоју у Тетово што е малце симпатична и пуничка,знај дека е дошла на гости... од Гостивар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom