Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пријателот испадна дека бил син на мајката на дечкото што ја оженил сестрата на мајка ми која го оставила како мал кај жената што работела на нива кај дедо ми кој ја варал баба ми со бабата на пријателот. Крај на сапуницата. Конец.

Башка што ќе ти се слики од три жени на форум. Нема доволно ни за мис да правиме, па да се праќаат цицки во пп за лајкови. Еее тоа било теленовела со цицката тогаш.
 
Echt jetzt?? @wot
Денес на враќање од Џим, сонце печи, денот и небото јасни. Сепак, синилото и градскиот пејзаж ко да беа прекриени со сив инстаграм филтер. Нешто не им даваше на боите да пукнат со сиот свој блесок и слава. Бар не во моиве очи.
Решив да пешачам пошто теретаната ми е блиску до станот. Врвам така сам низ маалските улици, извонредно тивко, вообичаено саботно е така во мојата населба, а и низ работната недела. Урбаната тшината ме лечи. Стојам пред врата, клучот врака, ми текна дека изминатите 10 минути пешачење, мозокот не ми беше воопшто уклучен, немав ниту една мисла. Дури ни на боите ни на сивилото не ми текна.

Како човек кој поминал низ...многу добро и многу зло, за 30ет години, исто ко за 300та, си честитав себе си, што успеав да се исклучам на краток период.
Со полна пареа до 60ет кеј, не ме плашат седи влакна. Заприметив дека последниве години, редовно си давам 1на или 2ве години плус. Кога ќе ме прашаат колку сум стар не им ја кажувам актуелноста, туку им велам, за 6ет месеци ќе бидам 30ет. Како да трчам натака.
Не сакам назад на 20ет, ох јеботе не сакам воопшто назад на 20ет.



Поздрав до Господин Господин (господин на квадрат? или квадратен корен од господин??) Müller со Богата сиротиња на Александра Пријоввич, ама ремек делото ќе го слушате во друга ставриева прилика.
Ова не е пост за него, ова е пост за мене.
 
Последно уредено:
Ако сакаш да бидете христијани, тогаш не е доволно да ставите крст, не е доволно да ги читате правилата, не е доволно да држите пост, не е доволно да се причестите. Ова мора да донесе некои многу важни плодови.
Дали сте биле навредени?
Прекрасно: ви беше дадена шанса да простите. Покажете му на Бога своето простување во тајност, бидејќи само ако го правите тоа тајно, Господ, „кој гледа тајно, ќе ве награди јавно“. Простете во длабочините на срцето, не виткајте ги усните, не плачете. Простите, докажите дека воопшто не ти се важни ниту парите, ниту мислењето на луѓето, ниту вашата гордост, дека ви е важно само да го прифатите словото Божјо, дека ви е важно само да имате љубов, дека не сакате да се одвратите од Неговата љубов, дека навистина сте го прифатиле зборот, дека сте навистина христијани.
Протоереј Димитриј Смирнов
 
Ден Водици..,,натпреварувачите" облечени скоро сите во исти маици (ко ракометната репрезентација)..од страна обезбедени нуркачи со опрема со све кои пратат опасно што се дешава на ,,теренот"..На ТеВе се зборува за психо-физичката подготвеност на кандидатите кои се пријавиле да скокаат по крстот и ти гледаш(то ест Ја) и коментираш во себе-Ма немој да ме јебеш бре!Во вакви лицемерни глупости и сценски настапи нема шанси да учествувам..што подалеку од мене..
 
Пошо америве се буквално стари европејци, од каде таа глупоќа, европејциве не се толку глупи, еве ни ChatGPT нема одговор, феномен.
 
кеј,

Ако сте мирни че има слики од македонски сребрен бам (вел, не толку сребрен уште се познаваат бронзени линии од Портофино летоска, и покрај тони лосион со витамин Ц) кај шо лежи на (истуткани) чаршафи во хотел Krallerhof, соседна Австрија. Ако не тетките на хоуп, бар нешто друго да видите, ХАХАХАХАХ! @Darling да видиш како the twink terraformed into a twunk, ова ти иди ко кјут лице - ко твинк, ама на тело некако хенки-пенки.

Седнав на шанк во тоа хотелот полупразен и му реков на келнерот, сина лагуна - во чаша за коњак че те молам, бите. Ме погледна замислен, му вратив - некои од нас, Господ ги создаде забавни.
Почна да го спрема, додадов, само измешај Curaçao со Вотка, без лимонадата, бите. Го фати смеа.

Посебно 'ртките по ставрева линија да се мирни. Forbes greatest, street mixtures - over 60ty.
Ова 'ртките ќе биди новото тетките во мојот (богат) вокабулар.

you're lonely now, and I hate it. Could've taken you places.

 
Драга,

че те молам, бите.
giphy.webp
 
ДК, денот е таков каков што самите ќе си го направиме да биде. А од друга страна све е ствар на перцепција. Замисли дека си у некоја нуклеарна подморница и 6 месеци не ни изронуваш на површина....јадеш, сереш и ако можеш да го издркаш по некад и тоа е премиум у тоа железо дебело неколку cm. И те вадат да го видиш денот баш каков што е денеска. Ја мислам земја ќе бацувам у таа ситуација.
 
Во последно време најмногу ме нервира поговорката-Тоа шо нема да те убие ќе те направи појак.Како бе огромни количини на секојдневен стрес ќе те направат појак?Со тоа шо ќе те стегнит инфаркт или ќе добијаш чир на желудник?:cautious:
 
Драга К,

Пред 2 години изгубив еден пријател од на работа заради инцидент поврзан со LSD дрога. Млад, 2 години помлад од мене, потекло од Филаделфија, класично американче. Во исти тим бевме, јас го тренирав кога влезе во компанијата. Еден есенски Понеделник, не свика шефицата на состанок и вика колегава почина преку викенд. Здрав прав беше, без никакви медицински мани. Почнаа многу работи да се слушаат на работа дека колегата починал од давење и дека ситуацијата била сериозна.

Што точно се случи, колегава со девојката и негов другар, се надувале LSD, изгледа ја погрешиле дозата или незнам што, испадна на крај дека другарот негов го задави со раце додека женска му ги гледала. Најлошата работа е што одкако го убиле, другарот негов и женската го извадиле надвор и го ставиле да лежи во двор. Другарот негов доби затвор, а женската остана со трауми.

Затоа полека со дроги и глупости. Се од трава појако не е на арно.
 
Последно уредено:
Лифтот расипан месец и нешто и мачење по скали. Еден месец се вртев во круг ко ненормална, накај лифтот, па накај скалите, од навика. Едвај се навикнав на скалите. И толку па сум се навикнала што една недела лифтот работел, а јас дури сега дознав.

Не го ценев ич, ама кога го изгубив сфатив колку многу ми значел. хе хе

Благословена е секоја зграда која има лифт.
 
Се сеќавам еднаш со Џонтра исековме слика од фацата на Флешот. Јас ја ставив муцката на профилна, а Џонтра носот и цвикерот. Џонтра постираше па потоа јас оддолу, и испадна цела фаца. :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

До ден денес се смејам кога ќе ми текне. Братот Златкивичиус ни даде по 5 казнени, али рака во оган ставам дека и он се смеел како блесав додека ги бришел постовите.:pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom