Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

  • Креатор на темата Креатор на темата Coca Cola
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Протести и бојкот на високи цени, маржи и не ти знам што друго, а од друга страна пазарување како улави, купување расипливи работи во големи колични (кои потоа се фрлаат) при секое влегување во маркет, купување нешто што не им треба само заради тоа што е на попуст, трупење, трошење, трупење и така се до бескрај.

Сите се фаќаат за лесните и брзи чекори, а многу малку луѓе (од кои речиси никој релевантен) не кажува дека пред било што друго треба едукација, едукација и уште едукација за управување со лични финансии, планирање трошоци, спречување на прекумерено трошење и еден тон други работи кои е тешко да се постигнат на краток рок, но се единствено решение за стурктурни промени.

Многу контрадикторен народ сме, многу. 40% од годишните трошоци за пензии ги покриваме од централен буџет, број на вработени лица (кои фактички го полнат ПИОМ со пари за да ги плаќа тие 60%) во стагнација, со речиси никаков потенцијал за зголемување, а од друга страна 5000 денари зголемување по пензионер во рок од само 6 месеци, со дополнително барање од некои си синдикати за минималната плата да оди на 31 500, а пази богати придонесите да останале во ист износ како на досегашниот минималец (22.500) :pos:. Како мали џокица замислува дека функционира економијата.

Нејсе, вакви иницијативи, препишани од некаде каде што можеби тоа е поголем проблем, се апсолутна глупост кај нас. Цените во маркетите се можеби на 10то место, ние имаме една прва и основна работа - ебено загаден воздух и тоа е прво и најпросто за кое треба да се бара решение. Другиот проблем се нарекува управување со јавни финансии, третиот образование, четвртиот светото дуо коцкарница-брз кредит и така натаму и така натаму.
 
Акцијава е добра у смисла малку да уздрма и у смисла на вежбање на солидаризација, треба да се подржуваат сите иницијативи. Затоа што на нас ни фали таа колективна свест. Иначе ефект на цените не може да има од милион други причини.
 
Гледав видео со цени од Хрватска, ептен ненормално е таму. Цените во Лидл/Кауфланд се до 3 пати повисоки од цените во истите маркети во Германија. Со влезот во ЕУ би требало (не сум до толку упатен во ова, претпоставка е) да нема царина или увозни даноци за производи увезени од ЕУ, така да не ми е јасно од каде доаѓа разликата. Не е Хрватска толку далеку од централна Европа па да кажеш поради транспорт, во Хелсинки што е максимално оддалечено по копно од Германија преку Северен Пол што се вози цените се тука некаде изедначени.

Единствена разлика што ми доаѓа на памет е ДДВ - 25% во Хрватска, 7% во Германија за основни продукти и 19% за останатите. Ако тоа е причината треба да бојкотираат политичари и влада, а не маркети. Сепак ни тоа не оправдува 3 пати повисоки цени според мене. Ај барем они имаат подобри плати. Ние како што немаме скоро никакво сопствено производство, ако не остават на милост на маркетите ќе наебеме повеќе и од Хрватите. А ми се чини на таму оди работава за жал.
Има и друго...со која логика ние со 3 пати помала плата од хрватите пиеме хрватски јогурт со иста или помала це на а од нашиот ???? Да ти се помочам у политиката на субвенционирање на извозот, генерално...
Во ехЈу извезуваа Југо не само во Уса, туку и во Карибските државички, за да прошета некој од директорите од комерцијала ќе извезат 3-4 коли...
 
Акцијава е добра у смисла малку да уздрма и у смисла на вежбање на солидаризација, треба да се подржуваат сите иницијативи.
Vlada na RM like this

Ке украдам статус од еден Хрватски аналитичар:

"realno, vlasti jako odgovara priča o "zlim trgovcima" kako se ne bi pojavila pitanja o lošim državnim politikama koje generiraju inflaciju"
 
Не ја гледам логиката во акцијава освен некој очаен крик на немоќ према инфлацијата.
Само повеќе ке купат во четврток и во Сабота ништо повеќе. Резултатот е ист.
 
Само повеќе ке купат во четврток и во Сабота ништо повеќе. Резултатот е ист.
Има и друго во Хрватска, Бојкот на ЛИДЛ и сличните, а да се купува кај жените на тезги по пазарите, со КЕШ
ОК е тоа ама ако е Производител, а не таа да зема од ЛИДЛ и да препродава
 
да почнеш бизнис да им бидеш конкуренција треба да имаш милиони, знаеш колку кошта една голема фабрика за да имаш производство од обем?

Штом се големи маржите, има простор за конкуренција. Ти не мора одма голема фабрика, почни со мала, а штом големи добивки се прават, нема причина да не растеш, нели.

Еве викаат телешкото било скапо, нека земат нека исчуваат неколку телиња и крави, па нека кажат математиката.
Чудна работа никој не се буни за маржите на производите по аптеките и заработката на фармацијата. Никој не се буни за маржите од банките. Никој не се буни за маржите на трговците и производителите на струја. Никој не се буни што докторите наплаќаат илјадници евра.

Низ годиниве народ наместо да трошеше пари за производи од увоз, да се трудеше што повеќе македонски производи, да се трудеше од зелените пазари да купуваат, јајца, млеко, сирење, може МКД ќе имаше некоја поголема база за прехрана.

За негативностите од мешањето на државата џабе и ќе се пишува, битно народ допрва ќе му кркорат црева и сами сме виновни што дозволивме политичарите да ги гледаме како спасители, мајка и татко.

Не ја гледам логиката во акцијава освен некој очаен крик на немоќ према инфлацијата.

А секогаш, главен виновник, причина за инфлација се мерките на политичарите.

Има логика во акцијава. Да го насанкаш народот, ем друг да обвиниш, да го пренасочиш гневот, ем амин да даде, државата уште повеќе да се меша. Кај да е, болшевизам 2.
 
ние имаме една прва и основна работа - ебено загаден воздух и тоа е прво и најпросто за кое треба да се бара решение.
За загадениот воздух тешко дека нешто ќе се смени, еве Струмица најавуваат бојкот, во Кочани имаше бојкот и советот донесе одлука ама кој го есапи народот, други се приоритетите на орките пардон партиите.
А за маркетите никој нема да умре од глад ако барем симболично тој ден не влезе во маркет.
 
A bojkotiracite spomnaa nesto zs cenite na cigarite, namaluvanje na cenata i vrakjanje na nekoe normalno nivo od 30 denari po paketa ili za niv pu pu nevazi ?
За жалење сте, ве начекаа не можете без тутун и сега качувај цените.
 


Околу 20-30% од државна администрација ништо не работи а зима плата, пола Македонија не плаќа струја ниту данок, милиони евра се трошат на промовирање бализам ама затоа маркетите биле криви.
Да видиме дали и нашите сограѓани албанци ќе го бојкотираат кипер и даути комерц или најмногу ќе го јаде КАМ со 2% профит.
 
За жалење сте, ве начекаа не можете без тутун и сега качувај цените.
Pa ne se pritresvam jas za cenite, ne povikuvam na bojkot tuku vie. Ke da vas povekje ve bolat cenite otkolku mene. Bilo kako bilo cim nema razbiranje i za ovaa, togas koj gi eba, niti ke se solidaliziram, niti ke bojkotiram. So ste pa vie poke od mene pa da vi namalvat cena na oriz i pilesko.
 
За „дефетистите„ кои сметаат дека предложениот чин на некупување во петок е бесцелен, еве еден мој став (ништо ново)-не сте се ни обиделе, а веќе знаете дека нема да успее?...:confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom