Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Паметно размислување од нација стара повеќе од 4000 (ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ) години.

Премисата е едноставна: конфликтот меѓу американскиот економски систем и неговиот систем на вредности ја направи земјата фундаментално нестабилна, наменета за комфор, нихилизам и декаденција.

...

Америка е главно управувана од слепите пазарни сили. Постојано произведува чудесни нови технологии, но тие немаат друга цел освен нивното сопствено ширење што ја проголтува смислата и целта. Секој нов микрочип, телевизор и автомобил само дополнително го одвлекува вниманието и ги анестезира Американците. Накратко „луѓето не ја владеат технологијата туку технологијата ги владее луѓето“.

ТикТок може да биде само добредојден акцелератор на таквите тенденции. ККП има и средства и мотив да му помогне на Западот да се порази себеси.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/tiktok-kako-opium-za-narodot

ТикТок како опиум за народот

24 јануари 2025 - 21:09

Со илјадници години, луѓето ги потчинуваа своите непријатели со нанесување пекол, болка и и беда. Но, со текот на времето се развиваа и други методи за контрола. Се откри дека и задоволството може да биде оружје и да го онеспособи непријателот така што ќе го анестезира и оглупи. И ете ги социјалните мрежи како оружје за масовно утупување.

438113-tiktok-kako-opium-za-narodot.png


Настрана сомнежите дали Комунистичката партија на Кина го користи користи ТикТок како алатка за ширење на своето влијание и пропаганда, оваа и другите слични апликации може да се користат како оружје на уште поопасни начини.

Нивниот алгоритам го користи машинското учење за да го следи вниманието на корисниците и тоа знаење го користи да им нуди содржини кои ќе ги држат залепени за екранот. ТикТок е особено ефикасен во тоа бидејќи неговото користење е многу попасивно од другите платформи, што му дава потенцијал да им нанесе долгорочна штета на младите западњаци со тоа што ќе ги дефокусира, ќе го скрати нивното внимание и, на крајот, ќе го атрофира нивниот мозок.

Тој ефект на апликацијата веќе е познат како “ТикТок мозок“. Сомнително е и тоа што Кинезите на своите деца не им даваат да го користат ТикТок, тие за нив го имаат Доујин.

Доујин во однос на ТикТок е како спанаќ во однос на џанк фуд. Апликацијата е исполнета со научни експерименти и едукативни видеа наместо тверкачи, глупи предизвици и лижачи на тоалети. За разлика од ТикТок, апликацијата е достапна за деца само 40 минути дневно и не може да ѝ биде пристапено помеѓу 22 и 6 часот наутро.

Можно е дека на КПП ѝ е јасно дека апликации како ТикТок не само што ги прават луѓето глупави, туку дека можат да уништуваат цивилизации.
Кина е сомничава кон западниот либерален капитализам уште од 19 век кога првичната отвореност на земјата им дозволи на западните сили да ја преплават Кина со опиум, што го забрза падот на династијата Кинг и доведе до „Векот на понижување“. До денес, многумина во Кина веруваат дека западниот либерализам води кон декаденција.

Еден човек направи повеќе од кој било друг за да ја претвори оваа теза во политика. Ванг Хунинг, малку познат вон Кина, врвен идеолошки теоретичар веќе три децении, автор на многу од политиките на Си Џинпинг. Меѓу Кинезите, тој е познат како „гуоши“, или „учител на нацијата“.

Иако не дава изјави за медиуми па дури и да разговара со странци, неговото дело „Америка против Америка“ (1991 година) е клучен текст на ККП за разбирање на САД. Премисата е едноставна: конфликтот меѓу американскиот економски систем и неговиот систем на вредности ја направи земјата фундаментално нестабилна, наменета за комфор, нихилизам и декаденција. Ванг дијагностицира, земјата на крајот ќе пропадне под тежината на сопствените противречности. Според него, Америка е главно управувана од слепите пазарни сили. Постојано произведува чудесни нови технологии, но тие немаат друга цел освен нивното сопствено ширење што ја проголтува смислата и целта. Секој нов микрочип, телевизор и автомобил само дополнително го одвлекува вниманието и ги анестезира Американците. Накратко „луѓето не ја владеат технологијата туку технологијата ги владее луѓето“.

ТикТок може да биде само добредојден акцелератор на таквите тенденции. ККП има и средства и мотив да му помогне на Западот да се порази себеси.
Часовникот отчукува. ТикТик, ТикТок...

* извор
 
 
Time to pay the piper! :)
 

Трамп, исто така, го повтори својот повик до членките на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана „до пет отсто од годишниот БДП“, наместо сегашната цел на Алинејата од два отсто, посочувајќи дека со своите сегашни стапки на издвојување за одбранбените трошоци европските земји се однесуваат „нефер кон САД“. Ова му е главната болка и причина зошто се заканува на Европската унија, и така се истрошени сега што донираа опрема за Украина па сега ќе ги тера да трошат евра за купување на Американско оружје
 

Колумбија, не Венецуела !!!
 

Колумбија, не Венецуела !!!
E Колумбија дури ќе пушти нивни авиони за да си ги приберат сега


Ех ко ќе имаш прецедател, а не гериатрик во канцеларија.
 
1738048635228.jpeg


Ама интересно беше, пред 10тина години, се објави на интернет, дека адвокатите на Индијанците 11 години правно НЕ дозволувале Истражување на ново откриени скелети, с кога се тргна забранат бргу се докажа дека Најстарите Американци се Дојденци од Азија, преку Аљаска, која некогаш била копнено поврзана со Азија
 
Прегледај го приврзокот 441639


Ама интересно беше, пред 10тина години, се објави на интернет, дека адвокатите на Индијанците 11 години правно НЕ дозволувале Истражување на ново откриени скелети, с кога се тргна забранат бргу се докажа дека Најстарите Американци се Дојденци од Азија, преку Аљаска, која некогаш била копнено поврзана со Азија

go-back-to-where-you-came-from-comic1.png
 
сега дудлачите на Израел што бараа појако бомбардирање магично ќе ги снема, а кога им зборевме будали не праеја. :kafence: Иначе се надевам дека Рама ќе одбие, дефинитивно не сака да си има работа со нив.
 
Не знам зошто се радувате на ваква вест. Албанците се тие што највеќе профитираат од соработката со САД. Ако направат вакво нешто, значи дека нешто и ќе добијат (за разлика од нас што правиме се ама ништо не добиваме). А колку тоа ќе биде добро за нас, ќе видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom