Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Трамп си ја сака државата и сака да ја врати во вистинско светло. За тоа го избраа луѓето и тоа си го прави.

Едно сакање што да ти кажам. Викаш луѓето свесно го избраа со нивните пари да се изгради инфраструктурата за новиот дигитален тоталитарен систем. Претходно истите тие луѓе, беа против активностите на милијардерите што сега стојат до Трамп. Сега мрна вакцини се океј, океј е биометриската контрола, океј се изјавите Гренланд и Панама насилно или со разни притисоци да се земат, океј е Палестинците да се иселуваат, ма све е океј, се додека страната за која навивате тоа го прави.

Интересно е како луѓето си наоѓаат секакви оправдувања да поддржат активности за кои претходно биле против.


Посебен акцент од 35-36:30 минута.

Од тоа што на Трамп му текна прво на Албанија за релокација, може да се види кој е најзадужен кај Америка. Кој е најголема кучка нивна.

Зетот на Трамп, заедно со еден од побогатите Арапи, во Албанија на остров кој бил воена база, ќе прават хотелски комплекс, па мора евтина работна рака. Исто и во Србија ќе прават.
 
Кога си банкротирал е нормално да намалиш расходи, особено кај 'сојузниците'. САД си имаа фаворити во политиката на хегемонија, империјализам, но тоа беа повеќе односи тип колонија - колонизатор, господар - роб отколку пријателство, сојуз, партнерство. Партнерство би можело да се каже, имам предвид интимно, каде месните се натртени. Практично САД ја изостава Европа прави АУКУС, тука влегува и Израел. За голем Израел е пофино да нема палестинци така да зашто да не ги пресели подалеку, има празни села во Македонија,Албанија...
Албанија беше стратегиски сојузник на старите глобалисти, така да уште муват нешто таму. Интересно беше тоа што Албанија е на пат да создаде нова држава внатре во себеси , тип Ватикан, но исламска, имам предвид Бекташите. Тоа е едно проектче, пошто Стариот центар на радикален ислам Саудиска Арабија им избега од контрола, прават нов во Албанија. Фино е да имаат повеќе муслимани, така да гледам дека носат палестинци, башка имаме и Косово.
 
Од тоа што на Трамп му текна прво на Албанија за релокација, може да се види кој е најзадужен кај Америка. Кој е најголема кучка нивна.

Државата која е наш западен сосед е строго наменски создадена, па се чини дека е дојдено времето за нејзино „ставање во погон„ во реално време, за реални (глобалистички) потреби.

Во времето кога е востановена и „признаена„ како новокомпонирна држава, створена е со цел да спречи српски (т.е. руски) излез на топло море.

Денес, нејзината улога е само продолжеток на онаа (улога) од претходниот век...
 
Добра им е новава прес секретарка

Заборавив за неа да пишам.
Начинот на кој одговара, прецизно, јасно, со примери, секоја им чест за изборот.
 
Ova ne e ova ubava vest za nas, uste pomalku za Albancite, posebno katolicite i pravoslavnite. Jas ne se raduvam na vakvi raboti.
Не е смеењето за радување, туку дека исходот е предвидлив па и едно стотина пати беше спомнат по форумиве како причина зошто е ултра глупаво навивањето за геноцидот на Израел... Буквално нема шанси Израел да биде макар делумно успешен а тоа да не се прелее во Европа. И буквално во комшилук западно од нас. Неколку пати кажав дека таму се градат и се изградија големи бегалски кампови. Ама ботови и дилберите недоквакано се смееа. Сега буквално тоа се случува, и сега пак ќе има потсмевање „абе нема да дојдат овде“. Итн...







На крај кога ќе им го зaчука некој Палестинец во мрачна уличка, и тогаш ќе кажуваат гачки. На пример „Абе барем не е црнец“. :D
И да, дефинитивно не е ни за смеење каму ли за радување ама па што да правиме, да земеме да плачеме зошто толкумина овде (и секаде во Европа) се толку урнебесно наивни и глупи?
 
Ќе треба да интензивираме одгледување на овчо и козјо месо за извоз...ако нема овчари ќе ни даде Трампчо Дронови :cool:
 
Заборавив за неа да пишам.
Начинот на кој одговара, прецизно, јасно, со примери, секоја им чест за изборот.

После таа рапсордија што им владееше, богами вакви здраво лица кога ќе слушнеш си импресиониран.


Неочекувано малце за мене од Трамп што најави повлекување на дел трупите од Сирија и Ирак.
 
После таа рапсордија што им владееше, богами вакви здраво лица кога ќе слушнеш си импресиониран.


Неочекувано малце за мене од Трамп што најави повлекување на дел трупите од Сирија и Ирак.

Штом најавува повлекување, очекувај за 2-3г Турција да се впушти во нови авантури.
 
Едно сакање што да ти кажам. Викаш луѓето свесно го избраа со нивните пари да се изгради инфраструктурата за новиот дигитален тоталитарен систем. Претходно истите тие луѓе, беа против активностите на милијардерите што сега стојат до Трамп. Сега мрна вакцини се океј, океј е биометриската контрола, океј се изјавите Гренланд и Панама насилно или со разни притисоци да се земат, океј е Палестинците да се иселуваат, ма све е океј, се додека страната за која навивате тоа го прави.
Трамп е за намалување на владата и терминација на џаболебари. DOGE е за тоа, да види што не е ефикасно да биде тргнато, како на пример 50 милиони $ куртони донација за Палестинците. Дури и го додадоа DOGE на https://www.usdebtclock.org/ .

За Панама и Гренланд тие се од стратегиско значење на САД, каде каде повеќе од Украина, така да се сложувам со Трамп за нив. Плус САД со Франција го изградија Панама каналот. Проблемот со Палестинците е заебан, тука нема да те лажам, незнам дали тоа што го прави ќе биде подобро или полошо за САД и светот. Кај сакаат нека ги носат само не во МКД.
 
За Панама и Гренланд тие се од стратегиско значење на САД, каде каде повеќе од Украина, така да се сложувам со Трамп за нив.

Уште поголемо од стратешко значење се Украина, Тајван, морињата околу Кина, државите богати со литум, па ако не, дај све директно под власт на САД да ги ставиме.

На Гренланд, јенките уште од 50тите имале тајна воена база, така да што сега стратешко, па мора целосно во границите на САД да влезе.
. Франција, Холандија, Белгија, за УК ни да не збориме, сите тие си имаат територии низ светот што се од стратешко значење, па да се вратиме на чист колонијализам.
Кина исто има територии кои и се од стратешко значење, па и они нека почнат ко САД. Русија на пример Куба ќе одлучи и е од стратешко значење.

Кај сакаат нека ги носат

Боже боже, како бе кај сакаат нека ги носат. Ај тогаш и нас Македонците нека не однесат некаде, било каде.
Исти К се и левичари и десничари, владеење на правото, само кај што им одговара.
 
Уште поголемо од стратешко значење се Украина, Тајван, морињата околу Кина, државите богати со литум, па ако не, дај све директно под власт на САД да ги ставиме.
63% од цел литиум на земјата е во Јужна Америка. Поголемо влијание над Панама е од огромна стратешка важност за САД. Украина и Тајван се битни само за да ги држат Кина и Русија во изолација, ништо друго.
На Гренланд, јенките уште од 50тите имале тајна воена база, така да што сега стратешко, па мора целосно во границите на САД да влезе.
САД го завзеде Гренланд во втора светска затоа што Данците беа на страната со Џерманците и тоа Наци тајфа.
Франција, Холандија, Белгија, за УК ни да не збориме, сите тие си имаат територии низ светот што се од стратешко значење, па да се вратиме на чист колонијализам.
Франција, Холандија, Белгија и УК играат како САД што диригира, не ме смеј имале стратешки работи. За деца прикаски.
Кина исто има територии кои и се од стратешко значење, па и они нека почнат ко САД. Русија на пример Куба ќе одлучи и е од стратешко значење.
Cuban missile crisis, hello?? Незнам дали пратиш вести али Русија ја нападна Украина затоа што и е од стратешко значење.
Боже боже, како бе кај сакаат нека ги носат. Ај тогаш и нас Македонците нека не однесат некаде, било каде.
Исти К се и левичари и десничари, владеење на правото, само кај што им одговара.
Кога не ги собира место и константно ги напаѓаат израелците, не ме интересира. Имаа предлог за солуција со две држави, не ја прифатија, сакаа from the river to the sea. Епа сега нека јадат тулумби во Албанија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom