Поентава на поединци е дека во секој од нас се крие новиот Ворен Бафет, Илон Маск и слични.
Тотално одлепени од реалноста, купувале станови, ги продавале 30% поскапо , па купувале нови и од еден стан направиле 10.
Поентата е дека тој што го прави тоа, има минимум уште еден стан спремен за горење, односно резерва. Не е ова Америка па да идеш all-in на црвено, и да дуплираш имот, како на филмовите.
Има луѓе што имаат станови нереновирани, што живеат во скромни или мизерни услови, луѓе што чекаат да има попусти во маркет за да купат да јадат. Тие ниту се финансиски писмени, ниту моќни да фрлаат илјадници евра по нотари, адвокати, договори, чуда, па да купуваат станови од 80.000 евра, да не зборам и за поскапи.
Секој што почнал со инвестиција од Х евра, верувам барем има уште толку резерва, за секој случај, односно план Б.
Никој не отворил бизнис со последните 5-10-15-20 илјади евра, ниту па ги продал последните две ниви у светиниколско за да земе гарсоњера во карпош. И да чека да и рипне цената.