Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.234
- Поени од реакции
- 1.282
Значи испаѓа дека од ова сите профитираат. Банката профитира зошто зема загарантиран профит, ти профитираш со скок на цените на станот. Ама колку треба да скокне цената на станот за да имаш профит?Ти даде убав одговор членот над мене.
Банките не се во бизнис модел да купуваат имоти и пари да прават на тој начин.
Они се строго регулирани од централна банка што точно смеат да прават, колку да даваат, по која каматна стапка итн итн.
Многу е сложена индустријата со многу рестрикции, пари од имоти прават само кога луѓе одат банкрот и ти го земаат имотот да го продадат на пазарот.
Банките највеќе профит прават од потрошувачките кредити (пошто имаат повисоки каматни стапки), провизиите и станбените кредити.
Кога земаш кредит од банката на 30 години, за нејзе најпрофитабилно е ти да ја плаќаш минималната рата и камата што ти е поставена. Така има сигурна добивка на годишно ниво.
За обичниот човек најдобро е да земе станбен кредит од 30 години, (пошто ке ти даде сума со која можеш да купиш стан повеќе него да речеме ако кредитот е на 15 години) и кога ке имаш можност да уплаќаш малку повеќе пари од минималната рата и камата.
Така им го пореметуваш амортизациониот план на банката и наместо кредитот да ти е 30 години ти го смалуваш на 15-20 да речеме.
Ти пари правиш:
1. Инфлација - вредноста на имотот ке ти биде поголема за 15 години
2. Плаќаш денешен кредит со утрешни пари. Платата што ја земаш денеска по 15 години нема да биде иста.
Такада денеска ако земаш 500 евра, за 15 години би земал 1,000 евра. Денешниот долг да речеме ако ти биде 200 евра месечно по 15 години тие пари ке ти изгледаат смешно. А денес ти изгледаат многу.
Ако не уплаќаш повеќе од минималната рата:
Да речеме дека земаш кредит од 100к евра на 30 години. Да ставиме фиксна камата од 5%. Месечна рата е 536 евра. Според овој калкулатор за 30 години ќе исплатиш 193,255 евра. Значи ако се дуплира цената на станот за 30 години, би бил на 0.
Е сеа, да речеме дека ќе ја правиш оваа варијанта што ја спомна (да земеш кредит од 30 години, ама да го вратиш за 20 години). Искрено не знам како да ја направам математиката за тоа, ама еве да речеме дека би те чинечо 140к наместо 193. Во тој случај, просечна рата би ти била некаде околу 600 евра. Во тој случај ако скокне цената на станот за 50% си на 0, што е ОК.
Ако станот ти е примарно место за живеење, тогаш ова има некоја логика.
Ама ако го гледаш како инвестиција, тогаш нели би ти било подобро да вложиш во нешто како S&P 500?
Пример, истава варијанта со S&P500 (20 години, по 600 евра месечно) би ти заработила некаде околу 400к евра. Значи станот би требало да вреди барем 540к (односно да ја има зголемено цената повеќе од 5 пати) за да го добиеш истиот профит од него.
Дури и ако станот што го купуваш го земаш за да живееш таму, нели се исплати да го направиш следново:
Наместо 100к, да земеш стан со помала квадтратура/полоша локација/стар(наместо нов), со кредит од 20тина години па наместо рата од 600 евра, да имаш рата од 400 евра а другите пари да ги вложиш во нешто друга?
Мојата проста математика вика:
Да речеме дека ќе земеш кредит од 75к. Значи 25% помал кредит. Во моментов, тоа би значело дека ќе купиш стан во Ѓорче наместо во Карпош. Кредит од 75к евра на 30 години = рата од 375 евра месечно. Вкупно ќе платиш 135к. Е сега, останатите 536 - 375 = 161 евро (што ги штедиш затоа што имаш помал кредит), можеш да ги уплаќаш во S&P. 30 години по 161 евро месечно е околу 300к на крајот.
Така да, во првиот случај имаш вложени 193к евра (стан купен 100к евра), вредноста ти е вредноста на станот после 30 години.
Во вториот случај, имаш вложено исто 193к евра (стан купен 75к евра), вредноста ти е вредноста на станот + 300к во кеш.
Да речеме дека цената на првиот стан ќе отиде х3 за овие 30 години. Значи ќе вреди 300к. Во тој случај втората опција е каде каде подобра. За првата опција да биде подобра, ќе треба цената на првиот стан да се покачи пример 5 пати, а овој вториов да остане на иста цена што не е реално.
Според мене, луѓето прават грешка кога го земаат најголемиот можен кредит. Мислам дека парите можат попаметно да се искористат. Да не збориме за тоа што голем кредит може да те направи house poor.