Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.312
Поени од реакции
5.628
Мене само не ми се верува како пак Данска Германија и Норвешка се во микс за европско и светско.
Кога веќе е таква ситуацијата не знам зашто не се соберат нашиве со Србија, Црна Гора и Словенија таман сите по 1-2 сали.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.964
Поени од реакции
16.321
Мене само не ми се верува како пак Данска Германија и Норвешка се во микс за европско и светско.
Кога веќе е таква ситуацијата не знам зашто не се соберат нашиве со Србија, Црна Гора и Словенија таман сите по 1-2 сали.
Жив зијан е да организираш првенство во ракомет.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.312
Поени од реакции
5.628
Жив зијан е да организираш првенство во ракомет.
Па ако се организира Европско, Македонија Србија Црна Гора Словенија, потребни се 6 сали мислам, 4 би играле во главни градови од држава домаќин со што салите би биле полни единствено 2те кај што нема да играат домаќините. Ова е чисто моја математика, според моја логика е издржливо башка на сите 4 ќе ни одговара да имаме директен пласман, ама што мислат федерациите тоа е друго
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.964
Поени од реакции
16.321
Па ако се организира Европско, Македонија Србија Црна Гора Словенија, потребни се 6 сали мислам, 4 би играле во главни градови од држава домаќин со што салите би биле полни единствено 2те кај што нема да играат домаќините. Ова е чисто моја математика, според моја логика е издржливо башка на сите 4 ќе ни одговара да имаме директен пласман, ама што мислат федерациите тоа е друго
Абе лесно е овака да си го прајме муабетот, дури и салите ни се најдени веќе кај ќе се одржува : ))) ама во пракса тешко делува, за тоа ко што може да видиш следните првенства секое првенство се игра низ скандинавија, Германија и Франција, дури ни источно азиските земји не се нафаќаат да се замараат со тоа кога видоа дека ништо нема од ракометот. Ко што кажа некој тука неможе да го сфатиш озбилно спортот кога судијата одлучува кога ќе е крај на напад :)
Да беше атрактивен спорт и американците ќе се заангажираа.
 
Член од
1 јуни 2024
Мислења
41
Поени од реакции
138
Не знам точно за натурализација како оди процедура ама има двајца млади играчи во мкд лига со кој би можело да се проба и тоа на ранливи позиции, централен бек и десен бек, Хаџиќ од Е.Пелистер и Каио Винисиус од Охрид. Не дека македонската лига е мерило некое ама може да им се даде шанса. Хаџиќ би бил одлична замена за Митев дури е на клупа, а Каио по покажаното во Куманово мислам дека е подобар од сите наши десни бекови
 
Член од
16 јуни 2024
Мислења
63
Поени од реакции
149
Не знам точно за натурализација како оди процедура ама има двајца млади играчи во мкд лига со кој би можело да се проба и тоа на ранливи позиции, централен бек и десен бек, Хаџиќ од Е.Пелистер и Каио Винисиус од Охрид. Не дека македонската лига е мерило некое ама може да им се даде шанса. Хаџиќ би бил одлична замена за Митев дури е на клупа, а Каио по покажаното во Куманово мислам дека е подобар од сите наши десни бекови
Мора минимум 3 години да игра во македонска лига. Од овие што ги наведи 2ца, Хаџиќ не би прифатил да игра за Македонија (таткому е селектор на младинската репрезентација на Босна), додека пак Винисиус не е некое повисоко ниво од Серафимов и Велковски. Сепак за да натурализираш играч треба да биде многу подобар од опциите што ги имаш на распологање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.049
Поени од реакции
37.428
Мене само не ми се верува како пак Данска Германија и Норвешка се во микс за европско и светско.
Остај тоа, сега светското е во Данска, Хрватска и Норвешка, в година, 2026 Европското ќе биде во Данска, Шведска, Норвешка, Европското 2030 пак во Данска, Полска, Чешка, Светското 2031 во Данска, Исланд и Норвешка. Ако не, нека и дадат само на Данска да организира, другите не мора.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
102
Поени од реакции
179
Реално ние немаме хотели,ресторани,сали...што исполнуваат стандарди за да организираме првенство.
Всушност немаме ни еден град што личи на нешто пристојно за туристи да привлече а не па друго :icon_lol:
Ако се сменат работите може би ни дале во иднина ко-првенство со некој од соседите.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.733
Поени од реакции
6.084
Да, се очекува да имаат бум на некое наредно првенство, ама тој бум не е оној што го очекуваат оние кои не пратат редовно ракомет. Може ќе мрднеме до некое место околу 12 место и ништо повеќе.
Замисли да го имавме фондот на играчи на Словенија, од нас ќе се очекуваше секое првенство злато.

А Словенците со тој состав 2022 беа 16ти, 2023та 10ти..Исланд на ова првенство ги решава уште во прво полувреме 6 разлика лаганица..

Битно е шо побрзо да најдеме (во случајов произведиме) решение на позициите каде што крпиме, па да стигнеме ниво кај шо можи да сме компететивни во континуитет со сериозни репрезентации (исклучок Данска, Франција навистина се некст левел, ако Германија прима 41 гол и губи со 11 разлика, нема ние шо да бараме со нив таа е реалноста, а на коња сме доколку го достигнеме 70% од нивото на квалитетот на Германија).

Но и во тој случај никогаш не се загарантирани резултати, затоа и го спомнав примерот со Словенија, но ко ќе си компетитивен, барем ја имаш таа шанса за резултат (како шо имавме 2012/2019).

Околу потенцијалот на Карасманакис и Самоил не се слагам, Лазаревски не постоеше на ракометна мапа пред да го собери Бутинот во Вардар, па него на 26-27 години го добивме како играч.

Карасманакис е 2005 годиште, пред недела наполни 20 години а веќе има сериозна минутажа во Алкалоид особено на дерби натпреварите, најмногу ми остави позитивен впечаток натперварот со Пелистер, изигра страшно добра одбрана на Фитиљот, за овај да исклучи и да го заврши натпреварот со црвен картон.

Самоил е пак со 2 години помлад од Карасманакис, нереално е да ги споредуваме со Лазаревски кога доппрва имаат уште многу фурни леб за јадење, под Бранче, Самоил добиваше златни минути во ЛШ ова година кој многу ќе му значат за самодоверба, самиот да си докажи дека можи да игра и постигнува голови и против најаките од ЛШ, а не први натпревари од таква тежина да му се на 25 години и дури тогаш да треба да се соочува со таа ментална бариера.

Ако мора да ги споредам, Карасманакис во стилот и начинот на играње одбрана некако ме потсеќа на Гола пикерот на Германија, додека Самоил на Банхиди, факт е дека е поквалитетен во напад од Карасманакис.

Сакаме не сакаме ние мора да се крстиме во нив и да направиме се што е можно за да го извадиме максимумот од нив, како шо беше случајот со Митев, талентот кај него беше очигледен уште 2020та на кадетското во Грција кога со @Xsago @Chronysync @shweps ќе ги вратам на едно време како да беше вчера, кога под дрво и под камен ги баравме новите надежи на Македонија, после тој дебакл на светското.
Но без работа и минутажа ништо од ова немаше да е можно, зборувајќи за Митев, особено ако го земиме примерот на Фитиљ (со неговата животна форма после враќањето во Пелистер), имам чуство дека најдобро е да си остани дома, лигата ни е се подобра од сезона во сезона, а веројатно ќе имаат и европски натпревари.

Околу Димитар Узунчев, на него најмалку се надевав од 2004та, многу мек играч некако од секогаш ми бил, иако тој исто е помлад 2005/2006 некаде, но ова сезона во Бутел игра квалитетни натпревари, главен играч пред повредата, навистина голем напредок кај него имаше во оваа полусезона.

За стилот кој го играме, исто така Николов е интересен играч, некој ќе се сложат некој нема да се сложат, мислам дека најмалку заслужува шанса на некој репрезентативен собир, дечкото е борец, игра два правци, има добар шут, имам чуство дека можи да се вклопи добро во системов, ама то е работа на Лазаров.

На крај на ден најбитно е шо имаме материјал за работа, порано то го немавме (шо ти е ракометна нација :pos: ебаш млади).
Германија, Данска имаат по 20-30 млади по генерација такви, ние имаме по 4-5 (од 2002/2004 додека 2006 е дупка) и мораме да го вадиме максимумот од нив, или да ги вратиме Раде, Јоновски, Митков, Караиванов од пензија.

Инаку 2004 ген да не заборавиме, по статистика играше најдобра одбрана од сите други репрезентации на младинското светско првенство.
Изигравме реми на домашен терен против Хрватска, и то се вративме од некој -6,-7 негатива.
Победивме со Франција, репрезентација од која го имавме единствениот пораз тоа првенство.
Ги победивме Романија со 5, Полска со 2, Црна Гора со 10 и Унгарија, кој пак ја имаа втората најдобра одбрана статистички на тоа првенство.
Носител на овие резултати беше одбраната, нападот беше просечен/подпросечен во споредба со другите репрезентации.

Истото важи и за сениори, особено на начинот на кој шо играме, балкански на мускули фајтерски натпревари.
Особено ко ќе сме носени од публика.
Подобро е да имаме силна одбрана, со просечен напад, отколку просечна одбрана а силен напад како шо имавме со генерацијата на Лазаров, а сега реално имаме подпросечна одбрана во споредба со другите репрезентации.

Сите резултати на Хрватите низ годиниве беа носени од нивната одбрана, исто е и со Вардар, иако Веспрем, ПСЖ, Барса имаа супериорен буџет и напад, натпреварите ги добиваше одбраната.

Јас тврдам ние да стигниме до ниво на одбраната на Маџарите, во комбинација со балканска фајтерска игра со публика од првите 3 натпревари во Вараждин, таблет репрезентаци како Холандија, Австрија нема да издржат 10 минути.
 
Последно уредено:

and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
59
Поени од реакции
139
Околу потенцијалот на Карасманакис и Самоил не се слагам, Лазаревски не постоеше на ракометна мапа пред да го собери Бутинот во Вардар, па него на 26-27 години го добивме како играч.
За се се слагам 100%, ама Бутин на го откри Лазаревски. Мечка се покажа во Тримо, под Зорман.
Во Вардар дојде како покажан играч. Во сличен период и Ончев беше таму, добро изигри сезоната ама не го искористи моментумот.
Е тоа е влијанитео на тренер од кој може да се учи и техника и тактика. Тоа го немаат ни Бутин, ни Бранче.
Како Самоил и Павле добиваше шанса, се покажуваше ама реално нема некој напредок во играта. Тоа што беше пред една година уште е и денес.
Затоа младите сакаат во Алкалоид, а не дека се условени за репрезентација.
Се надевам ситуацијата ќе се смени со Милано и Алонсо. Докажани се и двајцата.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.577
Поени од реакции
2.625

манипуланти
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.312
Поени од реакции
5.628

манипуланти
Треба некоја утакмица кога ќе судат тука да им се избројат ребрата онака балкански
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.049
Поени од реакции
37.428
Всушност немаме ни еден град што личи на нешто пристојно за туристи да привлече а не па друго :icon_lol:
Немаме нешто како Вараждин и Пореч? Со 46 000 и 12 000 жители?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom