Да, се очекува да имаат бум на некое наредно првенство, ама тој бум не е оној што го очекуваат оние кои не пратат редовно ракомет. Може ќе мрднеме до некое место околу 12 место и ништо повеќе.
Замисли да го имавме фондот на играчи на Словенија, од нас ќе се очекуваше секое првенство злато.
А Словенците со тој состав 2022 беа 16ти, 2023та 10ти..Исланд на ова првенство ги решава уште во прво полувреме 6 разлика лаганица..
Битно е шо побрзо да најдеме (во случајов произведиме) решение на позициите каде што крпиме, па да стигнеме ниво кај шо можи да сме компететивни во континуитет со сериозни репрезентации (исклучок Данска, Франција навистина се некст левел, ако Германија прима 41 гол и губи со 11 разлика, нема ние шо да бараме со нив таа е реалноста, а на коња сме доколку го достигнеме 70% од нивото на квалитетот на Германија).
Но и во тој случај никогаш не се загарантирани резултати, затоа и го спомнав примерот со Словенија, но ко ќе си компетитивен, барем ја имаш таа шанса за резултат (како шо имавме 2012/2019).
Околу потенцијалот на Карасманакис и Самоил не се слагам, Лазаревски не постоеше на ракометна мапа пред да го собери Бутинот во Вардар, па него на 26-27 години го добивме како играч.
Карасманакис е 2005 годиште, пред недела наполни 20 години а веќе има сериозна минутажа во Алкалоид особено на дерби натпреварите, најмногу ми остави позитивен впечаток натперварот со Пелистер, изигра страшно добра одбрана на Фитиљот, за овај да исклучи и да го заврши натпреварот со црвен картон.
Самоил е пак со 2 години помлад од Карасманакис, нереално е да ги споредуваме со Лазаревски кога доппрва имаат уште многу фурни леб за јадење, под Бранче, Самоил добиваше златни минути во ЛШ ова година кој многу ќе му значат за самодоверба, самиот да си докажи дека можи да игра и постигнува голови и против најаките од ЛШ, а не први натпревари од таква тежина да му се на 25 години и дури тогаш да треба да се соочува со таа ментална бариера.
Ако мора да ги споредам, Карасманакис во стилот и начинот на играње одбрана некако ме потсеќа на Гола пикерот на Германија, додека Самоил на Банхиди, факт е дека е поквалитетен во напад од Карасманакис.
Сакаме не сакаме ние мора да се крстиме во нив и да направиме се што е можно за да го извадиме максимумот од нив, како шо беше случајот со Митев, талентот кај него беше очигледен уште 2020та на кадетското во Грција кога со
@Xsago @Chronysync @shweps ќе ги вратам на едно време како да беше вчера, кога под дрво и под камен ги баравме новите надежи на Македонија, после тој дебакл на светското.
Но без работа и минутажа ништо од ова немаше да е можно, зборувајќи за Митев, особено ако го земиме примерот на Фитиљ (со неговата животна форма после враќањето во Пелистер), имам чуство дека најдобро е да си остани дома, лигата ни е се подобра од сезона во сезона, а веројатно ќе имаат и европски натпревари.
Околу Димитар Узунчев, на него најмалку се надевав од 2004та, многу мек играч некако од секогаш ми бил, иако тој исто е помлад 2005/2006 некаде, но ова сезона во Бутел игра квалитетни натпревари, главен играч пред повредата, навистина голем напредок кај него имаше во оваа полусезона.
За стилот кој го играме, исто така Николов е интересен играч, некој ќе се сложат некој нема да се сложат, мислам дека најмалку заслужува шанса на некој репрезентативен собир, дечкото е борец, игра два правци, има добар шут, имам чуство дека можи да се вклопи добро во системов, ама то е работа на Лазаров.
На крај на ден најбитно е шо имаме материјал за работа, порано то го немавме (шо ти е ракометна нација
ебаш млади).
Германија, Данска имаат по 20-30 млади по генерација такви, ние имаме по 4-5 (од 2002/2004 додека 2006 е дупка) и мораме да го вадиме максимумот од нив, или да ги вратиме Раде, Јоновски, Митков, Караиванов од пензија.
Инаку 2004 ген да не заборавиме, по статистика играше најдобра одбрана од сите други репрезентации на младинското светско првенство.
Изигравме реми на домашен терен против Хрватска, и то се вративме од некој -6,-7 негатива.
Победивме со Франција, репрезентација од која го имавме единствениот пораз тоа првенство.
Ги победивме Романија со 5, Полска со 2, Црна Гора со 10 и Унгарија, кој пак ја имаа втората најдобра одбрана статистички на тоа првенство.
Носител на овие резултати беше одбраната, нападот беше просечен/подпросечен во споредба со другите репрезентации.
Истото важи и за сениори, особено на начинот на кој шо играме, балкански на мускули фајтерски натпревари.
Особено ко ќе сме носени од публика.
Подобро е да имаме силна одбрана, со просечен напад, отколку просечна одбрана а силен напад како шо имавме со генерацијата на Лазаров, а сега реално имаме подпросечна одбрана во споредба со другите репрезентации.
Сите резултати на Хрватите низ годиниве беа носени од нивната одбрана, исто е и со Вардар, иако Веспрем, ПСЖ, Барса имаа супериорен буџет и напад,
натпреварите ги добиваше одбраната.
Јас тврдам ние да стигниме до ниво на одбраната на Маџарите, во комбинација со балканска фајтерска игра со публика од првите 3 натпревари во Вараждин, таблет репрезентаци како Холандија, Австрија нема да издржат 10 минути.