MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Во врска со РДК софтверот искрено ме заболе дал може или не да пристапам ако е во бриџ. Тогаш техниколорот не е ништо освен конвертор од оптика у лан/ван и се си правам на мојот рутер. Проблемот е што со тој рдк софтвер на 192.168.1.1 имаш само една добредојде, интернет имаш и толку страна. Никаква промена не можеш да направиш. Само преку апп и ограничен си само ссид промена и лозинка и толку. Band steering каде, Port forwarding каде, статични ип каде, дднс каде. Никаде не може да подесиш за се мораш да се јавиш. Не знам кој болесник во телеком донел таква одлука. Во Унгарија проверив им даваат сеуште пристап од веб, не само од апликација. Не знам што им е на пациентиве наши. А во врска со бриџот не сум сигурен, мислам дека може секако ама огромен проблем имаат со МагентаТВ и бриџот. Макств нема никаков проблем си фучи без гајле. Буквално со магента тв-во се изгубија еден тон опции кои претходно ги имаа корисниците за интернет.

Ми промовираат гаминг пакети а не можам сопствен рутер со асален QoS да си ставам на пример. Сами со себе не знаат што прават.

Јас мислам дека во телекомуникацискиот сектор, исто како и во политиката, исто како и во бизнис секторот, исто како и во речиси сите сектори во Македонија, ние сме најобични заморчиња на странските држави кои не` користат за секакви експерименти.

На нашиве простори испитуваат колку, до каде и до кога ќе трпи рајата, за потоа да почнат да ги применуваат добиените резултати од испитувањата во други држави.

Мала држава, мал народ со слаба куповна моќ и речиси непостоечка економија, а сепак технолошки доволно развиени и снабдени за да можат да бидат заморчиња = поволна средина за експериментирања.
 
Глупости форсираат некакви алтернативи наместо да се убрза оптика да има буквално секаде.
 
Да прашам дали може новиве андроид ресивери од тхоме да ги користам на а1 интернет?
 
Да прашам дали може новиве андроид ресивери од тхоме да ги користам на а1 интернет?

Не може.

Магента ТВ платформата препознава дека уредот не е поврзан преку Интернет врска од Македонски Телеком и затоа не му дозволува пристап до ТВ услугата.

Но можеш да ги користиш апликациите преку Интернет од друг оператор.
 
Јас мислам дека во телекомуникацискиот сектор, исто како и во политиката, исто како и во бизнис секторот, исто како и во речиси сите сектори во Македонија, ние сме најобични заморчиња на странските држави кои не` користат за секакви експерименти.

На нашиве простори испитуваат колку, до каде и до кога ќе трпи рајата, за потоа да почнат да ги применуваат добиените резултати од испитувањата во други држави.

Мала држава, мал народ со слаба куповна моќ и речиси непостоечка економија, а сепак технолошки доволно развиени и снабдени за да можат да бидат заморчиња = поволна средина за експериментирања.
Ама за се тоа пак сме си ние криви, кај ни се дисфункционалните институции, кај е АЕК?

Најпрост пример Хрватска. Кај нив нема може не може бриџ или било што. Законски е задолжително веќе неколку години операторот да ти дозволи да ти даде целосна техничка спецификација за сопствен уред и сам да си го конфигурираш ти како сакаш врз база на нивните параметри кои треба тој уред да ти ги поддржува. Упатствата за тоа на секој оператор им се јавно поставени на страниците, они треба само линкот (оптика бакар било што) да ти го донесат кај тебе. Се кладам да донесат таква одлука Телеком и А1 први ќе почнат од скокање како тоа е непотребно, дололнително загрозување и комплицирање на поставките бла бла. Абе сестринските фирми под кои сте тоа и го прават веќе што ќе вртите ко дожд око крагуевац? Земја члекна во ЕУ носи таква одлука вие ми укинувате најбејзик фунционалности да можам да менувам. Унгарија исто сеуште може да си менуваат напредните корисници од веб. Палам конзола кај нас на веб за уредот, ми вели: Здраво добар ден имате интернет, имајте пријатен ден. Дали сте нормални бре лудаци едни?

Жалното е што на крај пак техниката која е за жал во мал број со врвно знаење која сум убеден дека уште од почеток им има дадено до знаење на одговорните кои имаат планирано ова да го воведат што се може да настане пак го крка стапот и корисниците кои се имаат зае*ано од нивните маркетинг глупости пак на крај со нив е остаено да се расправаат да крпат лепат сечат монтираат за да им работи како што треба?

Кај се сега сите кртови телеком мегафони членови по форумиве кои велеа и со кои се расправав дека ништо од ова нема да им пројде како што планираа и велеа дека Хуавеи сите принудно ќе ви ги заменат, МагентаТВ сите до нова година ќе имате, нема да има МаксТВ, само техниколор + магента тв, нема нов договор без замена на опрема стара. Еве не, ниту Хуавеиата ги заменија, ниту магенаттв видовме замена задолжителна, ниту нови договори со нова опрема, а ниту па техниколор+магента боксови. Ништо.

Јас разбирам дека можеби работиве колку реално им требаат 5-10% од вкупните приватни корисници? Да точно тој е процентот ама кога тој процент си го добил кај тебе како клиент во тек на минати 20 години поради тоа што си бил најдобар во тоа поле, не им го начукувај немиен сега пошо сакаме нешто да експериментираме.

И како што кажа @Dexter26 еве не, поради гореспоменатите причини магентатв нема да имате у бизнис корисници поради тоа што таму за жал за други работи добиваат пари, не се 5-10% како погоре. И што е целта сега, ако сакате напредни услуги да можете да користите за жал ќе мора фирма да отвориме и да плаќаме поскапо за најбејзик фунционалности што до вчера и минати 20 години биле достапни без никакви рестрикции до сите корисници за да си ги пунат пак џебовите? Затоа е и законот во Хрватска, да се заштитат сите корисници.
Слободно Телеком мегафоните нека продолжат да ги рекламираат и да трубат тука, али коментаров е правата реалност, кој сака нека реплицира нека вели не е така не ме интересира, нека седи тука, можда и ќе стигне до некој нормален човек со малку повеќе памет да се подзамисли што прави, нова година нови почетоци, нели? :)

Тоа е тоа операториве после имплементација на 5G (океј овде се за пофалба бар Телеком, доста брзо и добро го направија тоа, што е за пофалба е за пофалба) ни се сведоа на вртење томболи и добивање срциња.

За крај, да, МаксТВ и Хуавеи не ги менувам се дур од централа не ме исклучат, ништо не добивам од тоа ѓубре, истите канали се ист мизерен битрејт 20 години, једино репродукција у 2160p+HDR би ме подзамислило, мада не заборавив дека имаме само мизерен 1 таков канал во цела држава.
 
Последно уредено:
Имаат нови албански пакет тв канали. Alb kolazh и Alb kolazh +
 
А што бидна со РТС1 РТС2 и РТС3 каналите воопшто не ги уклучија во понудата иако им се регистрирани а на сите останати оператори ги има освен не А1 и Телеком ?
 
А што бидна со РТС1 РТС2 и РТС3 каналите воопшто не ги уклучија во понудата иако им се регистрирани а на сите останати оператори ги има освен не А1 и Телеком ?
Засега ништо од РТС 1, 2 и 3. Не знам ни зошто им се регистрирани ако не ги пуштаат.

Туку приметив сега дека тие Tring филмските канали што се со македонски превод воопшто не се истите со Тring албанските, други филмови се емитуваат. Пишав предходно дека на тие со превод македонски има ново лого,други имиња и приметив исто пред секој филм да почне има на македонски известување категоризација на филмот. Знае некој точно кој канали се ова?

И на новиве албански пакети ги има овие канали.
 
Последно уредено:
HGTV го имаат регистрирано а од РТС 1, 2, 3 сеуште ништо. Знаеме дека РТС 1, 2, 3 ќе мора да се затемнуваат во многу термини ама ако е тој проблемот што не ги додаваат тогаш зошто им се регистрирани?. Ете и Рrva, B92 ги имаат па ги затемнуваат.
 
Трагедија или не е трагедија тоа што веќе наумиле да го имаат нека го понудат без разлика дали ќе се затемнува или не.
се надевам дека од Телеком сватиле до сега , а богами и другите оператори , дека телевизија како концепт е мртва работа и дека ќе понудат некои нови моменти/апликации/содржини кои им се интересни на новите генерации[emoji57]
Не ме зезај , на кого му дошло да го има ртс 2 или 3 у понуда ... или било кој друг канал ,кога у денешно време имаш милион апликации со филмови,серии,документарци...

Имам Макс тв од 2008 година , и она што беше wow тогаш , сега е meh [emoji4]
Освен спорт у живо шо гледам , другите канали ги немам погледнато

Се надевам ми ја свати поентата
 
На мене ми дошло до ртс1 2 3

Sent from my SM-A356B using Tapatalk
 
се надевам дека од Телеком сватиле до сега , а богами и другите оператори , дека телевизија како концепт е мртва работа и дека ќе понудат некои нови моменти/апликации/содржини кои им се интересни на новите генерации[emoji57]
Не ме зезај , на кого му дошло да го има ртс 2 или 3 у понуда ... или било кој друг канал ,кога у денешно време имаш милион апликации со филмови,серии,документарци...

Имам Макс тв од 2008 година , и она што беше wow тогаш , сега е meh [emoji4]
Освен спорт у живо шо гледам , другите канали ги немам погледнато

Се надевам ми ја свати поентата
Aко така гледаш тогаш сите оператори што имаат телевизија нека ги исклучат тие нивните услуги за телевизија.

Има и луѓе кој гледаат класика телевизија. Не се сите учени да работаат со апликации.Претежно се постара генерација родени во Титово време па затоа треба да има и телевизија а и апликации за гледање телевизија и филмови.

Еве татко ми и мајка ми не ни знаат како да уклучат од видеотека филм или серија или па не знаат како да уклучат Netflix, Max, Youtube.
 
Трагедија или не е трагедија тоа што веќе наумиле да го имаат нека го понудат без разлика дали ќе се затемнува или не.

Што ќе гледаш кога пола ден е темница бе човек? Инаку со закон треба во Македонија да се забрани цела србоманска телевизија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom