Бриџ мод веројатно планираат да нудат со новиот RDK софтвер кој им го инсталираат на Техниколор рутерите.
Што секако дека не ги подобрува околностите бидејќи корисниците немаат никаква контрола врз рутерите со RDK софтвер, за било какви дополнителни подесувања ќе мораат да се јавуваат во контакт центар или да ја користат Telekom MK апликацијата на мобилен телефон или таблет компјутер, што е чист идиотизам, буквално форсираат алтернативно решение како единствено можно решение, наспроти досегашните докажани проверени решенија со конфигурирање на рутер директно преку веб интерфејс.
Исто како да ти забрануваат да користиш штрафцигер за ситни работи, туку ти велат дека мораш да користиш електрична штрафилица, па најди му логика на ваквиот идиотизам.
Единствени кои ќе останат на раат ќе бидат корисниците со Хуавеи рутери, поконкретно корисниците кои го имаат моделот HG8145 V5.
Тоа можеби во руралните средини, од друга страна во градовите, односно во урбаните средини од поодамна таму каде што сите корисници или барем над 95% од сите корисници се веќе префрлени на оптичка телекомуникациска мрежа, бакарните телекомуникациски централи ги исклучуваат од употреба, а бакарните кабли ги вадат и заминуваат на продажба како старо железо.