Соништа најубаво толкува психолог затоа што тука буквално потсвеста работи.
Не мора да значи дека е романтично, јас така бившиот маж го сонував ама како уште сме на папир заедно ми покажува потписи, јас не сум среќна од ситуацијава секако ко товар ми е.
Сабајлето се фатив да мислам, пристапив ко психолог на случајов штом потпис некоја одолговлечена бирократија во прашање што ме мрзело рано да ја завршам, што е што е потсвеста што ме предупредува и ми текна два договора на негово име што беа не ги поништил оти он се пресели оти не му беше практично за новата работа да седи а мене баш ми одговараше и одма се јавив мора да одиме да си префрли договори на друга адреса да нема после проблеми и така. Сон за што било од минато е траума, чувство коешто не го поседуваш сега, или нешто со коешто ти е страв да се соочиш. Некогаш може да е и рата од кредит или бирократија што си заборавила а е од тој период. А некогаш е недостигање на чувство што постоело тогаш а сега не, значи што ти е потребно во моментот спрема тоа да дејствуваш. Без разлика кого сонуваш, пораката е само и само во врска со тебе.
Мозокот ни е другар, додека е здрав треба да го слушаме дури и во рем фаза.