Колово ќе биде доста интересно, поготово за горниот дел од табелата.
Пул бега 6 поена и ќе биде доста добар испит, да се види дали се у мини криза или сепак е се како што треба. Две утакмици кај шо беа спуштени на земја против Јунајтед и Тотенхем, резултатите дојдоја у право време за да не се филмаат дека се најјаки и дека ќе се прошетаат до титула.
Арсенал игра против Тотенхем на кој им фали цела задна линија. Арсенал исто има доста проблеми со повреди, ама сигурно ќе имаат мотивација после два лоши натпревара у куповите. Поготово вчерашниот против Јунајтед. Дефинитвно им фали Сака, ама според мене тоа не е едниствен проблем. Како на трака им се повредуваат играчи од офанзива, ако не земат нешто за во напад малку веројатно ми е дека ќе се одржат во чекор за титула. Аретата малце ми лута и како да го губи компасот. Дали со повредата на Сака малце дигнаја раце од сезонава па што биде нека биде, па наредна сезона да загризат јако за титула, останува да видиме. Ама ако годинава не пробаат наредна ќе биде пекол тешко. Сити две сезони нема да дозволи ваква форма, Челси годинава се уште е тазе, ама догодина мислам дека ќе бидат ептен конкурентни.