Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сега може мене?
 
Јас сакам, ама не знам ти дали сакаш.

Плус, таман загревање за Магде, да и вратам пошто она направила за Интераш, а тоа не бев јас. :@
еј преку ред а?
Нефер,ама ај..нека ти биде...

Мислам дека Магде беше на психологија,па од стручна гледна точка да видам што ќе каже,дали ми е време за Бардовци или да почекам:)
Секако дека ќе те анализрам,сакам и повратна анализа од тебе и многу би ми било мило ако вистински ја пишеш,а не само колку ја да ти направам:)
Фрустриран пост.
Kid, get over it.
Цела теме не беше успешна,мислиш дека постов нешто ќе смени?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Може за мене..? :kesa:
 
Kid, get over it.
Цела теме не беше успешна,мислиш дека постов нешто ќе смени?
Магдуш постов не беше за темата. Зар мислиш дека се уште се замарам за тоа?:) Добив инспирација и си пишав... А кој како сака нека го сфати. :) Посебно што постов немаше ама баш никаква врска со таа тема и таа случка:) Овде се прават психоанализи, а не се изнесуваат фрустрации:)
 
Знам помина многу време од кога ада ме замоли да и направам анализа. Ама со мојата мрзеливост стигнав дури до овде. Од првин се правдав дека немав време, потоа стварно немав време, а еве ме дури сега. Како и да е, некои рекле - подобро некогаш, отколку никогаш.
Арно ама, менувањето мислење е временски интервал од едно анализирање на личност до друго. Ако пред неколку месеци ти направев анализа, сигурно немаше да биде иста како оваа, така?

Те имам следено многу долго време, уствари и многу си заприметлива со твојот ник од три букви, кој и да признам со твоето име некако не се совпаѓа, па нема да го анализирам. Еднаш, кога дојдов на форумов помислив дека или ти било мака да мислиш име или е кратенка од нешто.
Секогаш кога ќе го заприметам тоа ada, мислам дека си некој или од некоја fairytale... На пример дека животот ти се сменил некогаш за 360 степени и дека од грдото пајче си станала лебед или обратно.
Некогаш и си лебед, некогаш си ама и многу грдо пајче. Под ова грдо знаеш дека не подразбирам физички изглед, затоа никогаш не сум те видел, подразбираш.
Она што сакам да го кажам под терминот грдо пајче е дека многу често те заприметувам си голем циник.
Извини ако воопшто нешто од ова ќе те увреди, ама my look on the stuff right?
Кога станува збор за тоа колку си циник во некои твои постови, имам две гледишта.
1. Немаш многу време и те мрзи да ја продлабочиш темата.
2. Сакаш да се истакнеш меѓу другите со твоите англиски сленгој или слично...

Драга ада, она што друго сакам да ти го кажам е дека ти си немала некое розево детство. Многу работи што ти се десиле тогаш те натерале да станиш ваква поцврста личност, со многу отфрлени стереотипи.
Знаеш што ми се свиѓа кај тебе? Имам заприметено дека ти самата на себе си Бог, и самата на себе си ѕвер. Како што рекол Аристотел...
Ти некогаш си била многу повредувана од луѓе и затоа полека се деградираш. Тоа е убава работа, затоа што ако сите ја применуваа таа дистанца кај личности на кои не треба многу да им се доверуваш, ќе беа посреќни затоа што ем ќе ја доживееја онаа астрална проекција, ем ќе имаа просветлен живот некаде на исток и ќе пишуваа книги.

Друго што имам заприметено е дека кај тебе се' се менува брзо. Она што се нарекува естетика не ти е ни битно.
Трето, многу се продлабочуваш со анализа дали луѓето се добри или се злобни? Ми се бендиса она што го рече за 10те причини кои треба да ги најдеш кај некого за да дефинираш дали е добар.
А колку е злобен? Е... Луѓето се и те како злобни, а ти тоа најмногу си го почувствувала, како лик. Ама сепак, зошто си дошла до овде? Затоа што храброста и упорноста ти се најпозитивните и најаките работи кои ги поседуваш како лик.
Отсекогаш си се прашувала дали многу добри работи се направени поради себичност. Сега јасно и гласно ќе кажеш дека си голема егоистка. Некогаш кога ќе помислам тоа е добра особина. Тоа е ѕверот во тебе, кој го спомнав погоре.

Ова е само еден цитат од многуте кои можат да се извлечат од твоите постови. Добро е што тој кој те чита и препрочитува ќе воочи некоја посебна динамика.
Во последно време многу ти влијаеше и изборната треска, тие постови ги тргнав настрана.
Ама, кога таа помина некако повторно се врати назад на старите добри патишта и пишуваше постови кои се поучни за некој друг, трет, некој кој стварно прочитал, некој кој го ѕирнал болдираното, или некој кој ти го видел никот и одма прескокнал.
Остани со иста динамика и исто темпо со кое продолжи сега. И биди тоа што си, како што и самата рече - ме заболе што мислат другите.

Сакав да ти посветам една песна, незнам зошто ама некои стихови од неа ме потсеќаат на твојот лик.

Иако со големо закаснување, сепак, едно ОГРОМНО фала за анализава. Одлична е, затоа што си ми направил точен пресек, без воопшто лично да ме знаеш.

А, да биде уште поинтересно, ја прочитав токму во период кога се справував со грдото пајче во мене, и се обидував да не биде така грдо во иднина (уште се обидувам, that is :) )

Ти благодарам уше еднаш.:back:
 
Ta dam
Гладиус
*spoilers*

parental_advisory_explicit_content%20BIG.gif

mpaa.gif

значи дојде ред на нашиот гладиус......
Глaдиус ванабе модератор ,гладиус ванабе секси дечко,гладиус ванабе сакан од сите а сепак над сите ......
Гладиус ...ми кажа дека тоа значи меч?
Звучи толку моќно нели ?не звучи како (фенси)геј-типот во клас кој позади грб го исмеваат и имитираат дека е геј......(не е геј инаку!)
гладиус; напиша:
When the world gets in my face, I say, have a nice day...
навистина или само така збориш за да пукнат злобниците кои ти завидуваат?
Зошто толку силни тајтли дека веруваш во себе(или не) ?Дека не те плаши никој и ништо однадвор не те допира не те погодува ?Деак си самоуверен..............

Во кајгана до пред некој ден гледаше твоја оаза каде што сите те гледаа како бог (паметно дете напред пред своите години )и донекаде и си да гладиус си паметен и способен но што ти вреди кога си арогантен и кога се трудиш пред сите да се претставиш ко совршена мала принцезичка и притоа со тоа мавташ дека си најдобар.Дека си доброто момче кое прави се како што треба ама не добива почит пред некој ден тоа пак се повтори пак те исмеааа ти сплескаа на земја и пак не ти доаѓа памет нели?

Па се разбира ти пишуваш се како што треба...сите зборови ти се на место ти си перфектен ,кои се тие да ти кажуват дека смрдиш на ароганција и дека претендираш да се поставиш над сите како божество,кои се тие кои ти плескаат во фаца дека се трудиш да ги направиш малоумни деца во споредба со тебе .

Посебно тие што се твоја возраст дечиштата кои често те исмеваат уф кои се тие малоумници кои не знаат ништо повеќе од дота и дркање?

Гладиус научи да прифаќаш туѓи заблешки има премногу луѓе кои биле попаметни од тебе 10 пати ама се сопнале на тој камен спушти се на земја,и дете од пет години има што да каже а камоли 16 годишници

Имаше неколку теми од типот како луѓето можат да бидат злобни итн бла бла
little princess get a fucking helmet stop complaning

Ти си мал дете кое се труди да биде маж ,не си лгадиус за тоа треба искуство а не само штуро тупење и напразно мислење и обидување да докажеш дека си совршениот.

Гладиус не е злобен спрема никој ама гладиус оговара посебно кога некој ќе го рчне некаде каде што не треба ....или пак можда самиот факт што не е по негови стандарди . ...фенси геј-тип со длабоки размислувања и разработени убаво....

Гладиус ..........ти си паметно дете прифати пријателска критика ,посебно....

Гладиус инаку излези од тој твој свет каде ти си бог пред пак да доживееш потрес пред пак да треснеш на земја .......

Ипак да знаеш дека ми е стало до тебе бидејќи сепак сакам деца паметни ама ипак си дете
сметај го ова више за совет отколку анализа
за да не ги унакажувам луѓето толку многу гладиус е амбициозен и паметен да тачно само уште да не се сопињаше од гордост и перфекционизам добро ќе беше о и да да не придава значење на тоа што го заебаваат ....

Ta dam
Гладиус
*spoilers*

parental_advisory_explicit_content%20BIG.gif

mpaa.gif

значи дојде ред на нашиот гладиус......
Глaдиус ванабе модератор ,гладиус ванабе секси дечко,гладиус ванабе сакан од сите а сепак над сите ......
Гладиус ...ми кажа дека тоа значи меч?
Звучи толку моќно нели ?не звучи како (фенси)геј-типот во клас кој позади грб го исмеваат и имитираат дека е геј......(не е геј инаку!)

навистина или само така збориш за да пукнат злобниците кои ти завидуваат?
Зошто толку силни тајтли дека веруваш во себе(или не) ?Дека не те плаши никој и ништо однадвор не те допира не те погодува ?Деак си самоуверен..............

Во кајгана до пред некој ден гледаше твоја оаза каде што сите те гледаа како бог (паметно дете напред пред своите години )и донекаде и си да гладиус си паметен и способен но што ти вреди кога си арогантен и кога се трудиш пред сите да се претставиш ко совршена мала принцезичка и притоа со тоа мавташ дека си најдобар.Дека си доброто момче кое прави се како што треба ама не добива почит пред некој ден тоа пак се повтори пак те исмеааа ти сплескаа на земја и пак не ти доаѓа памет нели?

Па се разбира ти пишуваш се како што треба...сите зборови ти се на место ти си перфектен ,кои се тие да ти кажуват дека смрдиш на ароганција и дека претендираш да се поставиш над сите како божество,кои се тие кои ти плескаат во фаца дека се трудиш да ги направиш малоумни деца во споредба со тебе .

Посебно тие што се твоја возраст дечиштата кои често те исмеваат уф кои се тие малоумници кои не знаат ништо повеќе од дота и дркање?

Гладиус научи да прифаќаш туѓи заблешки има премногу луѓе кои биле попаметни од тебе 10 пати ама се сопнале на тој камен спушти се на земја,и дете од пет години има што да каже а камоли 16 годишници

Имаше неколку теми од типот како луѓето можат да бидат злобни итн бла бла
little princess get a fucking helmet stop complaning

Ти си мал дете кое се труди да биде маж ,не си гладиус за тоа треба искуство а не само штуро тупење и напразно мислење и обидување да докажеш дека си совршениот.

Гладиус не е злобен спрема никој ама гладиус оговара посебно кога некој ќе го рчне некаде каде што не треба ....или пак можда самиот факт што не е по негови стандарди . ...фенси геј-тип со длабоки размислувања и разработени убаво....

Гладиус ..........ти си паметно дете прифати пријателска критика ,посебно....

Гладиус инаку излези од тој твој свет каде ти си бог пред пак да доживееш потрес пред пак да треснеш на земја .......

Ипак да знаеш дека ми е стало до тебе бидејќи сепак сакам деца паметни ама ипак си дете
сметај го ова више за совет отколку анализа

Благодарам на исцрпните совети и размислувања. Но има едно нешто кое не го примети кај мене, колку и да летам високо (а не летам) мене ама буквално ништо не ми значат зборовите на другите. Ете ќе те потврдам само во едно нешто, арогантен сум и токму поради тоа не се замарам дали мене некој ме гледа како малата принцезичка или како силниот меч. Како и да е, сама си кажа исмевање од дечишта. Се додека не се во моја близина, а не се, до тогаш воопшто не ми е гајле кој и што мисли. Мојата околина е онаа која сам ја бирам. А ја избрав онаа која сметав дека повеќе ми одговара. And so the little princess became a KING... Да да си хранам его. Ама знаеш како се вика, позади јак коњ се крева доста прашина.
Уште еднаш фала на советите.
И уште колку за информација, моите врсници кои јас ги избрав за мое опкружување оддамна ги оставија секојдневните дркања и дота-турнири. Нас не’ чека суров свет во кој ништо не се базира на насилнички игри:) It is time to grow up. I've already started that process, so I don't see a point stopping it.
Како што кажав:
When the world gets in my face I say, HAVE A NICE DAY
 
гладиус

По долго талкање по форумов сметам дека е редно време да направам уште едно нешто кое до сега никој не го направил. Ќе се психоанализирам себеси.
Моите 17 години можам да кажам дека се солидно поминати. За тие мои години, со напор и труд успеав да го извлечам максимумот од животот. А максимумот за мене не е она што го сакаат другите, туку она кое го сакам јас. Реалниот свет одамна го зазема местото во моите очи, и токму поради тоа поминав еден чекор понапред во мојот психиолшки развиток. Особина со која се гордеам ми е самоувереноста. Можеби колку е добра, толку е и лоша, но со неа имам постигнато многу а планирам да го надградувам она што го имам и постигнувам и усовршувам она што го немам. За мене животот претставува натпревар. Натпревар во кој победници се оние кои знаат како да живеат. А тоа живеење е живеење според свои норми, правила и прописи. Не ми требаат мене учења кои ми кажуваат дека на 17 години треба да бидам гејмохолик и дека не треба да се замарам со теми на кои можат да размислуваат само повозрасни личности. Зар моите 17 години се за потценување?
Особина која навистина ја мрзам кај себе е способноста да ги ислушам сите. Грдо е кога изигрувам увце кое е секогаш спремно да ислуша некого. Но и од оваа особина ги влечам и позитивните карактеристики. Она што ќе го слушнам од другите, доколку е издржано со факти и искрени намери останува врежано во мене. Мрзам лицемерие кое е толку застапено што едноставно се плашам да не го пронајдам дури и кај мене. А можеби и веќе сум лицемерен?!
Објективноста ми е навистина јака страна, исто онолку колку што ми е и потребата од секого да го извлечам најдоброто. А не во сите може да се најде нишка на добирна.
Пријателите ми се основата на постоењето, и токму поради тоа и моето размислување се движи во таа насока. Веќе напоменав, но ајде еве пак. За мене постојат два вида на луѓе (ако го исклучиме семејството): пријателите и затемнети силуети. А затоа што им придавам значење само на работите кои ги познавам за себе добивам една кристална слика како мене ме гледаат другите. Оној кој ме цени е спремен да направи се’ за мене, како и јас што сум спремен да направам за него.
Потребата да се докажам е можеби фактот дека навистина вредам. Амбициозен сум и ми се допаѓа тоа. Никој не заработил ништо седејќи со скрстени раце и со покажување со прст кон другите.
Живееме во свет исполнет со лаги и фарси. Не сакам да бидам дел од нив и затоа себеси се одделувам како посебна единка која се третира за поинаква од другите. Нешто кое треба да го прават повеќето кои се свесни за себе, но нажалост не се ни трудат.
Кај себе ја мрзам и гордоста која понекогаш навистина ме уназадува и повредува. Меѓутоа, човекот учи додека е жив, и токму поради тоа знам дека еден ден ќе успеам да ја проголтам.
Ги признавам грешките кои сум ги направил, а лошо реагирам на оние кои ми се неправилно наметнати.

мразам шо морам да се убацам вака уз муабет.. ама мора да ти поткажам нешо...

ај за промена.. земи малку гледај реално и логично на работите.. не чекај светот да се врти околу тебе него ти да се вртиш заедно со него.. симни се од облаците и биди самокритичен ... прифати туѓи мислења и критики .. не се класирај ко пораснат пошо си далеку од тоа... не го сфаќај ова ко навреда него ко совет... за да се класираш ко крал.. треба да имаш покорени луѓе.. шо ке направат се шо ке посакаш.. такви нема... не очекувај премногу од животот пошо после ке ти биде тапа..едноставно let it be.. живеј го животот за твоите години.. не трчај напред.. ниту пак касни... толку од мене.. па сеа ти као сакаш...
Ја имам поддршката од оние кои ми значат и друго ништо не ми е важно. Кажав јас фала на советите, но не сакам да ги применам. Сам си се допаѓам онаков каков што сум а и на оние кои ме почитуваат. Можеби тоа не си ти или некој кој го дели мислењето на марсовка, но верувај многу се во реланиот живот. Форумов не ми е место каде сакам да имам потчинето луѓе, а ни реалниот живот. Очигледно сите вие се плашите од доминација која никој не сака да ја изврши.
Не очекувам туку го добивам она што го сакам. Самоуверен сум и ми се допаѓа тоа. А животот ги живеам како што јас сакам, а не како што е наложено по некои норми и правила кои не се моите лични избори.

p.s.Секогаш се едните исти кои се обидуваат да ме спуштат. Зошто ли?
 
Чисто информативно, ова твоево не беше психоанализа, туку беше опис на твојот живот/карактеристики/што цениш/сакаш.....you name it.
Психоанализата е “истражување’’ за подсвеста,(во случајов твојата), за која не верувам дека можеш рационално да говориш.

Форумската анализа е истражување на свеста зошто истражување на потсвеста може да се изведе кога жртвата е пијана, збори во сон или е хипнотизирана. Сепак при истражување на свеста може да се насети и нешто за потсвеста(тоа посебно луѓето ко тебе:)) Али види, никој во форумска самоанализа не би си ја анализирал потсвеста. ПоTсвеста е за да си стои таму каде што си стои, длабоко во нас, заклучена за надворешниот свет, а релативно страшна за нас.

Марсовке
, ај анализирај ме, баш ме интересира како ме доживуваат луѓето од Марс!
 
Форумската анализа е истражување на свеста зошто истражување на потсвеста може да се изведе кога жртвата е пијана, збори во сон или е хипнотизирана. Сепак при истражување на свеста може да се насети и нешто за потсвеста(тоа посебно луѓето ко тебе:)) Али види, никој во форумска самоанализа не би си ја анализирал потсвеста. ПоTсвеста е за да си стои таму каде што си стои, длабоко во нас, заклучена за надворешниот свет, а релативно страшна за нас.
Тоа и ми беше поентата, не е психоанализа туку е анализа, како и сите други што ги пишуваме.
А на „луѓето ко мене’’ работа им е да ја извадат потсвеста на свесно ниво за да можат да ги најдат проблемите кои ги има таа личност кои се потиснати некаде во потсвеста. И потсвеста воопшто не е страшна, туку е недостапна и “неморална“.
Затоа не е така лесно некој да се самопсихоанализира.
:smir:
 
Зашо избедира 350 страни муабет? :(
 
Дефинитвно никој не сака да ми напраи психоанализа..остај тоа ми треба за школо,да однесам состав каде што некој ми праи анализа ама..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom