Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Нудам анализа до вечер, само на некој на кој мислам дека ќе можам, после барам и за возврат.
Ако ти се прави направи, ама ке кажам уште сега ќе ПРОБАМ да ти склопам пошто не ме бива многу :smir:
 
психоанализа ако некој има нерви и енрегија да ме анализира?
 
Maрсовка...:pipi:

Најмистериозниот јузер можеби кој ретко некој
може да разбере што сака а што не.Главно на
фоумов сака да ја искаже својата иритираност
од политиката која ја замислума како една ку
рва.Животот го сфаќа како една темна дамка во
нашето постоење, или пак како најтешкиот дел
од нашето постоење.Се гледа дека е видно разо
чарана од многу работи а најповеќе од нашите
политичари, смета дека тие се криви за секое
скривување на нашата држава, воедно и на цело
то општество како една црна долготрајна дамка
која треба многу да се намачиш за да ја отстра
ниш.Имуна е на национализмот што го шири Гвујо
живее во свет во кој скоро никој нема а тоа е
the real world,ретко знае да забега и никако
не дозволува да биде brainwashed.
Цврсто стои на својот став дека нема нема перфектен човек е дека секој греши, што во последно време се случува многу.Тоа го сфаќа но ја нервираат намерни грешки, направени со цел да уништи некој.
marsovka напиша:
уште еден ден уште еден ден,коа бе ќе умрам
Можам да ти олеснам со тој проблем што те мачи...
 
А може ли една психоанализа ко за мене??????Да видам дали ќе погодите:pipi:

Аууу какви се анализи можат да ти испукаат за тебе, пола од политика форумот ау ау...:vozbud:

Овака од шо те имам читано стрикно во политика форумот,можам да кажам дека ти си мноооогу тврдоглава особа...незнам дали ти е такво егото,и сакаш постојано да одиш контра од мнозинството...

До сега ни еднаш во ниеден твој пост не издржа а да не бидеш пристрасна кон тоа што ти е определба....значи во ниеден момент не проба да бидеш објективна...а верувај ми дека според мене објективноста е една од најголемата доблест што човек може да ја поседува.

Едноставно цела слика што ми е оформена за тебе во негативен контекст е само заради таа пристрасност,а не заради спротивставените мислења....а баш ме интересира што личност си во приватниот живот,бидејќи секогаш сум бил пријатно изненадуван од личности за кои претходно сум имал негативно мислење,а после тоа излегувале прекрасни и фер луѓе...

Така да се надевам дека и ти се ако не барем приближно таква личност:smir:
 
Какава политика другар,јас во тоа не се разбирам.
Точно таква сум,сакам да се гушкам најчесто со пријателките,сите ги сакам,сеам позитивна енергија,привлекувам внимание,центар пажња сум без и да се трудам.
Добар си позна дека сакам провокации,травестит ако не направи шоу не е траваестит.

И не се најде џовек мене да ме изанализира.:pipi::pipi:
 
Какава политика другар,јас во тоа не се разбирам.
Точно таква сум,сакам да се гушкам најчесто со пријателките,сите ги сакам,сеам позитивна енергија,привлекувам внимание,центар пажња сум без и да се трудам.
Добар си позна дека сакам провокации,травестит ако не направи шоу не е траваестит.

И не се најде џовек мене да ме изанализира.:pipi::pipi:

Тоа погоре од Македонец не беше за тебе, нели гледаш Zona Pelucida беше цитирана.И за да ти направи некој психоанализа треба да имаш 500 постови и да го имаш анализирано некој член:wink:
 
Ај за мене една психоанализа да видам што чоек сум...
 
Какава политика другар,јас во тоа не се разбирам.
Точно таква сум,сакам да се гушкам најчесто со пријателките,сите ги сакам,сеам позитивна енергија,привлекувам внимание,центар пажња сум без и да се трудам.
Добар си позна дека сакам провокации,травестит ако не направи шоу не е траваестит.

И не се најде џовек мене да ме изанализира.:pipi::pipi:

Мора да се најде некој херој тука. Интересно би било.

Ја додека моментално се пензионирам од темава(како и многу други психоаналитичари што ги сакам, јебига), многу би сакала да прочитам една анализа од зафатената Бебушка.
 
Me терате на стари години бре.

Ама ветување си е ветување.

џимеј ака Мартин Вучич


Прво морам да ти кажам ју ар ту гуд ту би Ориѓанец. Гарант имаш некоја жичка од Мислешево, Клименштица, Велестово или слично. Јарче а? Ги има два типа-оние емотивците кај што е Фабулус, Кул хенд менд, Ескејп и слични и оние циниците- итар пејо, Квенда, брн84, јас итн...
Што да ти реча синко, делуваш дека имаш добра душа. Балашевич на аватар ти беше а сиротион цел живот на мравка нема згазено и пее за мир, љубов и благосостојба небаре секој концерт му е Лајв Еид. Ама после ти беше Едвард Нортон а малиот е чукнат мадерфакер и сега кај да ти го најдам крајот али козорог си и ја разбирам таа трансформација од крајност во крајност. Едно време беше у лав ис ин д ер па излезе па се приклучи у љубители на порно филмови, ко оној јунакот на Стојан Тарапуза волшебникот што е една минута добар а една минута лош. Умерено флексибила личност си, ама инат си е инат и кога треба ама во крајни инстанци знаеш да рушиш ѕид со глава. Или главата ќе падне или ѕидот. Не се сомневам дека си генералано стабилна личност не би рекол цврста ама релативно на нозе, релано и калкулативно согледувајќи ги работите и врз тоа ги базираш своите постапки. Знаеш и да отидеш со дејдриминг ама во граници на нормала. Е сега има исклучоци од трезвеноста и тоа би рекол во 2 ситуации-поблискиот видокруг на другари, и блиски и секако жени. Знаеш да се жртвуваш за она што мислиш дека вреди, знаеш и да скршиш свои вообичаени норми све у име љубави (другарска и онаа према женско) што и не така лоша особина ама мислам дека со оглед на возраста приврзаноста и ставајќи се себе како жив штит пред куршумите на душманите често ти е избрзана реакција. Ако... се градиш како особа и попродлабочено ќе ја штимаш после вагата на вредности. Сега за сега добро е и што сфаќаш дека еден асален човек на лева страна вреди повеќе од брдо пара на десна ама сепак битно е колкаво е тоа брдо и кој е тој човек. Знаење и искуство младиќу а тоа ќе си дојде со време. Држи си се до разумот како и до сега. Се друго е пракса. Секогаш пишуваш со смирен тон скоро и да не сум приметил некоја лоша жичка. Види на македонско подневје живееш не е тоа арно а башка тоа што си од Охрид. Си се соочувал гарант со разни сплеткарошења и задкулисни игри во приватниот ти живот а сепак си успеал да ги одржиш рацете чисти моментум кој е за секоја чест и воедно хммм глуп.
Со оглед на смиреноста и трпението мислам дека градуално и полека ќе успееш да ги финишираш конструкциите и нацрт-плановите што ти се во глава на секое поле кај што не се инволвирани ептен дирекно луѓе. Не секогаш ќе ти трга се од рака, ама важно нема предавање и што е побитно нема каење.
Филмоман! Филмовите се животна школа и добар ментален тренинг и анализа и плус интересни се. Добтина комбинација. Ама не се целисходни. Базирани се на книги а книгите се скоро секогаш неколку пати подобри од екранизираните верзии (со исклучок на Кум од Марио Пуззо а во режија на Копола). Пробај почеста комбинација колку за компарација и проширување видици. Полуофтопик лично повеќе сум по тројката Орсон Велс, Хичкок, Кјубрик не се прават во денешно време филмови како тогаш. Чак што више мислам дека онаа генерација на Де Палма, Копола, Лукас, Спилберг, Скорсезе колку што придонесоа за филмовите толку и ја искомерцијализираа таа индустрија девалвирајќи ги уметничките нишки и насочувајки се кон широките народни маси.
Љубов, секс и слично.
Види може ќе бидам нефин ама кога ја напушти своевремено лав ис ин д ер групата рече дека си разочаран од многу работи. Ипак паметот не ти дојде што се потврдува со некои вакви постови
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2422853&postcount=10070
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2415562#post2415562

Еден ден се може да ти се врати како бумеранг и да те боли глата ни крив ни дужен. Пази како си играш со луѓе а особено со жени. Де ѕирни ова
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2398888&postcount=42

Затоа што синко љубовта се повеќе е блиску до еден бизнис ентитет составен од двајца ортаци каде што се знае што е главниот двигателен елемент таму отколку она опишано од Шекспир или цртежите на покојни Волт Дизни. Барем така е во сегашноста во минатото може било другачие не можам со сигурност да тврдам. Ама тоа што е сигурно е дека минатото е зад нас. Сигурен си дека можеш да се справиш со емотивни Голготи без потешки последици на твоето ментално стање? По тоа колку те знам од постови лично мислам дека не. Не се коцкај повеќе од што можеш да поднесеш да изгубиш. Мислам, види, среќна ќе биде таа што ќе те има, среќен ќе бидеш и ти, среќен е и сончогледот од 4 и нешто сабајле до кај седум и нешто навечер. Сето тоа е еуфорично, оргазмично, ендоферминично. Сето тоа е cute. But...


Уште на времето Данајците оделе на гости со букет ружи и бомбоњера во една рака и со нож во другата. Добитна варијанта. Многу почесто ќе треба да се отарасиш од ружите. Е кога ќе дојде момент да се отарасиш од ножот тогаш дозволи си го луксузот на off-guard блаженост. :duel:.

Ете така драг мој. Посети ми го Џез Ин еднаш за мене.
 
Знам помина многу време од кога ада ме замоли да и направам анализа. Ама со мојата мрзеливост стигнав дури до овде. Од првин се правдав дека немав време, потоа стварно немав време, а еве ме дури сега. Како и да е, некои рекле - подобро некогаш, отколку никогаш.
Арно ама, менувањето мислење е временски интервал од едно анализирање на личност до друго. Ако пред неколку месеци ти направев анализа, сигурно немаше да биде иста како оваа, така?

Те имам следено многу долго време, уствари и многу си заприметлива со твојот ник од три букви, кој и да признам со твоето име некако не се совпаѓа, па нема да го анализирам. Еднаш, кога дојдов на форумов помислив дека или ти било мака да мислиш име или е кратенка од нешто.
Секогаш кога ќе го заприметам тоа ada, мислам дека си некој или од некоја fairytale... На пример дека животот ти се сменил некогаш за 360 степени и дека од грдото пајче си станала лебед или обратно.
Некогаш и си лебед, некогаш си ама и многу грдо пајче. Под ова грдо знаеш дека не подразбирам физички изглед, затоа никогаш не сум те видел, подразбираш.
Она што сакам да го кажам под терминот грдо пајче е дека многу често те заприметувам си голем циник.
Извини ако воопшто нешто од ова ќе те увреди, ама my look on the stuff right?
Кога станува збор за тоа колку си циник во некои твои постови, имам две гледишта.
1. Немаш многу време и те мрзи да ја продлабочиш темата.
2. Сакаш да се истакнеш меѓу другите со твоите англиски сленгој или слично...

Драга ада, она што друго сакам да ти го кажам е дека ти си немала некое розево детство. Многу работи што ти се десиле тогаш те натерале да станиш ваква поцврста личност, со многу отфрлени стереотипи.
Знаеш што ми се свиѓа кај тебе? Имам заприметено дека ти самата на себе си Бог, и самата на себе си ѕвер. Како што рекол Аристотел...
Ти некогаш си била многу повредувана од луѓе и затоа полека се деградираш. Тоа е убава работа, затоа што ако сите ја применуваа таа дистанца кај личности на кои не треба многу да им се доверуваш, ќе беа посреќни затоа што ем ќе ја доживееја онаа астрална проекција, ем ќе имаа просветлен живот некаде на исток и ќе пишуваа книги.

Друго што имам заприметено е дека кај тебе се' се менува брзо. Она што се нарекува естетика не ти е ни битно.
Трето, многу се продлабочуваш со анализа дали луѓето се добри или се злобни? Ми се бендиса она што го рече за 10те причини кои треба да ги најдеш кај некого за да дефинираш дали е добар.
А колку е злобен? Е... Луѓето се и те како злобни, а ти тоа најмногу си го почувствувала, како лик. Ама сепак, зошто си дошла до овде? Затоа што храброста и упорноста ти се најпозитивните и најаките работи кои ги поседуваш како лик.
Отсекогаш си се прашувала дали многу добри работи се направени поради себичност. Сега јасно и гласно ќе кажеш дека си голема егоистка. Некогаш кога ќе помислам тоа е добра особина. Тоа е ѕверот во тебе, кој го спомнав погоре.
Во ситуација кога, рецимо, сте свесни дека во наредниот половина час ќе умрете, баш ме интересира колку "нема" да се плашите.
Ова е само еден цитат од многуте кои можат да се извлечат од твоите постови. Добро е што тој кој те чита и препрочитува ќе воочи некоја посебна динамика.
Во последно време многу ти влијаеше и изборната треска, тие постови ги тргнав настрана.
Ама, кога таа помина некако повторно се врати назад на старите добри патишта и пишуваше постови кои се поучни за некој друг, трет, некој кој стварно прочитал, некој кој го ѕирнал болдираното, или некој кој ти го видел никот и одма прескокнал.
Остани со иста динамика и исто темпо со кое продолжи сега. И биди тоа што си, како што и самата рече - ме заболе што мислат другите.

Сакав да ти посветам една песна, незнам зошто ама некои стихови од неа ме потсеќаат на твојот лик.
 
Long time no see Psychoanalysis.

На денешното мени , како главно јадење (а додуше и десерт :back: *дудл*) е ПараноиК!
Тоа е всушност една толку контроверзна личност , што ја крши Дарвиновата теорија за еволуција на човекот. Таа е дружељубива особа , која што според мене мислам дека неправедно го носи надимакот Параноик , повеќето од форумов ја знаат и во живо. Indeed. She really loves to speak English , and therefor when we meet , we always speak in English. She's quite atalker, isn't she? And quite a stalker I might add. Како и секоја останата личност која што се наоѓа на форумот , нејзината иднина беше запишана уште на денот кога еше родена :
Се се слочи одамна , беше тоа 11 Мај , 1992 година кога од гениталиите на нејзината мајка се гледаше светлина. Во болницата се слушаше нежен ангелски звук . Бебето започна да излегува од гениталиите , најпрвин со задникот , а потоа сите ја видоа причината за блесокот во болницата. Искочи едно мало девојче кое во устата имаше Grillz и на слушалките кој и беа на ушите се слушаше гласно „Short bitchez , rich bitchez , filthy bitchez don't get stitchez". Помина години и години додека таа живееше позади 7 згради , 7 улици ,7 гаражи и 7 скали , и еден ден стана доволно моќна да се зачлени на Кајгана Форумот. Тогаш нејзината судбина беше запечатена.Сега е помоќна од секогаш , спремна да се бори против злобните преносители на ЈСШ.
Да , таа е секојдневно изложена на опасност од фаќање на ЈСШ(Јосипброз Синдром на Шмизла) .
Вирусот се манифестира со претерано зборење, кружни движења на раката , џвакање на мастика со отворена уста, облакање розево итн.

Но таа Гордо рече „НЕ!“ и реши да го заокружи судбоносното „Јазично-Уметничко подрачје А“ .
Од тогаш таа се бори со тоа што носи црно (и виолетови фармерки/панталони ватевер и да се) , слуша Транс , Техно , Д`н`Б , Рок и Метал и реши да чита англиска литература“

Останатото сеуште се чека да биде запишано .
Поради нејзините интелектуални способности би и предвидил кариера или како преведувач , или како Psychotherapist.
Не , не ме сваќајте погрешно , не мислам на Психотерапист , туку на Psycho the Rapist.
Да да , нејзината комплексна личност наложува кон тоа дека таа избегнува близок физички контакт, наравно покрај секс . Исто така е склона кон болката , која што ја има во големи мерки.
Поболесливо суштество немам видено.
Сигурно е тоа бидејќи ветерот на нејзината надморска височина е сеуште неразреден и таму демнеат опасности зад секој чевел на човек повисок од 1.70м.

Да видиме со неа што мисли за себе :

Добар ден , како се чувствувате денеска?
ПараноиК напиша:
...Колку повеќе спијам, толку повеќе ми се спие.

Вие сте многу позната личност на Кајгана форумот , поради кој причини е тоа?

ПараноиК напиша:
Најдобра сум у погрешно сфаќање на работите, во толкување на нивната грешна, перверзна страна. :)

Опа , значи главна тема на вашите разговори со форумџиите е сексот? Според мене е претерано цело време да се мисли на секс!

ПараноиК напиша:
Aj, може кога ќе пораснеш, ќе ти се смени мислењето. Не го препорачувам тоа на никого, затоа што ми е веќе доведено до степен на зависност..

Како ќе ни опишете еден ваш ден ?
ПараноиК напиша:
Секое сабајле пред да идам у школо
Jaс [на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, 6-ипол е, сакам да се спремам на раат.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина се слуша Bhajans]
Јас[на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, 15 до седум е, не сакам да каснам.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина се слуша Bhajans]
Јас[на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, седум саат е, имам 18 неоправдани.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина СЕУШТЕ! се слуша Bhajans]
Јас [конечно на сестра ми]: Симона ајде бе, 7 и 15 е, излези, можеш во твоето веце да медитираш, остај ме да се спремам.
Сестра ми [искача]: ЕЕЕЕЕ, какви луѓе сте вие, не може човек посабајлечки да медитира.
[Јас, на крај, стигнувам у школо у 15 до осум, среќа живеам блиску, и слушам пола часовно дрвење од било кој професор].

Мајка ми [секој ден после часови]: Леона, до кај си? Ај купи ми [put something here], кога ќе доаѓаш, ме мрзи сеа да излезам.
Мајка ми [петок, сабота навечер]: Леона, не може да излезеш, не си научила. (Јас ќе учам инаку у сабота навечер. Да)
Мајка ми [сабота попладне]: Леона, што да нарачам за јадење? (А да напраеше нешто? :lut:)
Majка ми [било кој ден од неделата кога ќе слушне музика од мојата соба]: Што е ова, гаси музиката, ова само наркомани слушаат! [Неписмена една, полна со предрасуди]
Мајка ми [после караница]: Какво дете сум родила јас? подобро да сум абортирала!
Мајка ми [после бесна шутка било каде, откако ќе се вратам дома]: Што е ова ма, изгледаш ко да си се тепала! Ако те видат луѓе на улица, што ќе си помислат? (Ме боли мене цеф што ќе помислат за мене рандом луѓе на улица).

Сестра ми [било кога гледам фудбал]: Глеј ма нешто друго, само фудбал гледаш, едуцирај се малце.
Океј, јас у знак на револт идам да гледам кај мене у соба, она на мене.
Во меѓувреме зачитувам некоја книга.
Сестра ми: види ја, уште малце мувла ќе фатиш со тоа книгите, земи едуцирај се малце.

Доколку би имале можност да го споредите сексот кој што сте го имале во минатото , со сексот со кој што го имате сега или пак со сексот што планирате да го имате, кој би бил вашиот избор за најдобар секс?

ПараноиК напиша:
Зависи. Сакам да живеам во сегашноста, но за да можам да функционирам правилно, морам да правам планови и за иднината, па и некогаш да се навратам на минатото, за да видам кои грешки од тогаш можат да се исправат, и зошто не.
А инаку, да живеам во минатото, само за да се потсеќам на прекрасните моменти што ми се случиле тогаш, и да се туфкам зошто тоа не може да се повтори, никако.

Со колку личности би можеле да имате секс истовремено?

Eдно. Машко. Не би можела да трпам повеќе, како што сум слаба со нервите.

И за крај што ќе им препорачате на младите форумџии? Дали да си го живеат својот живот до максимум или нешто друго?

ПараноиК напиша:
Факт е дека ништо не трае вечно.
Лошите работи имаат крај, добрите работи имаат крај. It's all natural.
Ние немаме никакво влијание на работите што се случуваат во нашиот живот. Така функционира се. Се` си има свој век, свое одредено време во коешто треба да се случи, и кога треба да заврши. Посебна причина нема. :smir:

Ви благодариме за интервјуто , пријатно .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom