Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Многу мрзам да анализирам луѓе што практично ги знам цел живот,ама ај нека ти биде:)
One and only…
*drums*
Марсовка

Чоек коа се зачлени на форум не можев да те смислам од причина шо пишуваше за себе во трето лице..Дури и ти спискав дека само пореметените луѓе зборат така..(упс...па шо да праам коиа ме нервира:))
Ама во ред си,се поправи од тогаш..
Коа комуницираш со некој,не пропушташ да вметнеш некои реплики кои се двосмислени и содржат доза на дрти так,секс,чуда...
И ме плашиш...Камшици,врзување,плескање,_било_кој_садо-мазохистички_збор..:)...Јас би рекла дека ова е плод на тоа што едноиставно имаш потреба да се одмаздиш, да понижиш некого,да доминираш..Си била повредена низ животот и сеа имаш потреба некако да го канализираш тоа..
Некако да покажеш дека никој не ти може нишо,дека порасна,созреа и си силна личност..
Ја сакаш правдината и не ти е јасно како може да има луѓе што имаат желба да играат прљаво,да повредуваат се со цел да си добијат она што сакаат..
Таков е животот, така што соочи се со тоа,сите се себични..
:/
Биографија
sad teddy bear

Хир ви гоу..Зашо не си напиша дека си емо? Полесно е:)
Многу сте ми интересни луѓето како тебе(под луѓе како тебе подразбирам луѓе што биле повредени низ животот на било кој начин),кам он...гет овер ит..
Зарем не сваќаш дека не би била ваква каква што си ако животот и судбината не те акнале од ѕид ама онака убаво?
Ќе беше сеа некоја лигла и јас ќе требаше да те акнам од ѕид:)
Зашто побогу си тажна?(анализа на прв збор)
Ако сакаш сочувство,тоа е нешто што тешко дека ќе го добиеш на форумов,зашо да си форумџија значи да си немлосрден..:)
Ако ти е интересно да се сожалуваш колку тежок живот имаш,само да знаеш дека има луѓе со полоша судбина од твојата..
Ес ај сед,гет овер ит..
Ако си тажна нишо нема да добиеш,биди силна личност,и внатрешно и надворешно.
Прости им на сите кретени со кои си се соочила низ животот,не за друго,за тебе да ти падне товарот од душата..
Теди бер(анализа на другите 2 збора)
Овде јасно си кажуваш дека си мекуш у душа(што не е така лошо)
Се обидуваш,и ти успева, да оставиш впечаток на силна девојка,борбена,со свои ставови.Феминистка која се бори за своите ставови по секоја цена..
Но,вистината е дека многу работи можат да допрат до тебе..
Сакаш да се гушкаш и мазиш,баш како мече..
Мило си,ама имаш оклоп околу себе,се браниш и тоа е посилно од тебе...

Не знам од шо мака си на тој факс кај шо си, ти си требала политика да студираш зашо у тоа си добра, парче праиш и ги нервираш оние на кои им кажуваш дека се глупи...

За љубов:
Ти кажав и тоаш еднаш коа заглавивме до 3
Твојот став за врските е дека или ти треба да доминираш,или треба некој да те доминира тебе..Компромис не е во твојот речник на употребувани зборови...
Коа сме кај компромис,клик тука :pos:
Јас ти кажав и тогаш,ќе ти кажам пак..Се додека имаш потреба на доминантност(од билочија страна) нема да ја доживееш љубовта ко шо треба,љубовта значи компромис,а не доминантност..

Имаш потреба да вреѓаш,да омаловажуваш за да се истуриш,нема да навлегувам од каде оваа потреба,ама мислам дека ќе ти биде јасно тебе од муабетот тоаш еднаш:)

Иначе си вери смарт особа,те почитувам многу..
Ми беше апсолутно интересно коа ми кажуваше за муабетот со јоур екс,како си извлекла од него шо сака и си го сјебала убооо:)
Ги читаш луѓето лесно,што сакаат од тебе и лесно им плескаш се у фаца,им кажуваш дека не можат лесно да си играат со тебе,зашо играњето со тебе зачи играње со оган..
Ги имаш откриено благодетите од сексот и се ти се врти околу тоа..
Ненаситност бе лелееееее..
:)

Мало напалено чоече шо глеа мажи у гз..И не само глеа ,и си фаќа машала :)
Ако така треба,уживај си само не чачкај шо е мое :nenene:
Ор елс


Лесно сврзуваш пријателства,збориш ко навиено..
Едноставно имаш шо да си кажеш..
Само уште да не бидеш буквалист и се ќе биде вред..
Ај доста ти е..
Ме смрзе...
За крај една слика шо ме потсеќа на тебе:)

 

Attachments

  • Hihihi .jpg
    Hihihi .jpg
    28,6 KB · Прегледи: 180
синко сакаш една кратка од мене ?мислам за лоши особини
ај една кратка за мене да видам шо и од кај сум стасал со лошите особини
 
DeepPuprle:back:

Направив повеќе анализи , но сега една што ќе вреди за мојата најомилена форумџика и личност.Од моето зачленување на форум знаев дека е нешто навистина посебно и личност што вреди да ја запознаам.
Навистина се одликува со многу позитивни карактеристики.Ептен е дружељубива личност и сака да запознава многу нови пријателства.Најмногу си ги цени своите другари и емотивно е поврзана со нив.:pipi:

Морам да истакнам дека има ептен променливо расположение, не би рекол дека е од времето туку би истакнал дека доволно не ги ужива убавите моменти кои ги нуди животот, што доведува до честа промена на расположението...:smir:

Таа има непроценливо богатство во својот карактер иако тоа длабоко го сокрива и можеби понекогаш делува и нечуствително , но јас длабоко го знам нејзиниот карактер и знам дека длабоко во себе крие една сензибилна личност.Има интересен став за животот и повеќе ужива во моментот одколку да очекува нешо да и се случи во животот.Би истакнал дека е фан на DeepPurple една од најголемите и најлегендарните групи во светот целосно е восхитена од нивната работа и творечка дејност.обожава да ги слуша во секое време и може да се каже дека тие се дел од нејзиниот свет.Музиката едноставно е нешто најсвето за неа па свири и на гитара, па до каде стигнала незнам, ќе побарам да ми отсвири нешо.:music3:
Една од најискрените личности морам да кажам во која иам максимално доверба, истотака е самокритична и несака да биде повредена.Нејзините постапки се често оправдани но таа има целосна слобода за се.Поретко малце знае да повреди некого , но сепак тоа го прави со некоја цел која според неа е оправдана.Никогаш не би повредила некого намерно.Сака многу да спие, премногу можеби да може би спиела по 14 сати во денот незнаејќи дека од цел живот 10 години го поминала во спиење.Многу интелегентна може и премногу да се каже.Знае многу јазици но интелегенцијата и помага и да се извлече во многу ситуации.Одсекогаш била добра ученичка освен што последно време ја има фатено малце мрза и учењето и е во втор план.И4 не го сака своето школо и го нарекува Алкатраз(затвор) но фактот што длабоко во себе знае дека учењето е најважно ја тера одвреме навреме да фати книга.:nesum::pipi:

Понекогаш е премногу самокритична и тоа не ми се допаѓа но иако повеќето имате друга слика за неа таа е најромантична личност што сум ја запознал досега.Не е некоја шмизла што сака да биде во центар на светот тука едноставно си го живее животот и ретко ја интересираат другите.Својот живот го гледа ко романтична песна во која се е прекрасно а крајот најмногу го краси.

Сакаш да му се довериш некого а за себе мислиш дека имаш лош живот, но факт е дека треба повеќе да се ужива во тоа што го има.Најомилени особи и се нејзиниот брат и........(нека каже сама):back:Би рекол дека нема некоја смисла за хумор и дека некои работи претерано ги сфаќа како сериозни.Многу се приврзува кон некои работи и потоа ги брани тие се основа на нејзиниот живот и неможе без нив.Како најистакната особина би ја кажал срамежливота.Таа се срами од се сешто, дури и од тие што им верува што ја прави премногу самозаштитна и гледа недоверба и страв таму каде што го нема.Лесно може некој проблем да ја убеди во спротивното и лесно се лути.:back:

Можам роман да напишам за неа но мислам дека е доволно иако исто заклучив дека е нестрплива.Сега да видам шо ќе рече за анализава.:pipi:
 
И јас барам анализа.Ама сакам да се изначитам.И да бидат опфатени сите лоши особини
ја ти реков како анализирам бијдеќи сум многу злочесто расположена а ти со зеленко рече да па сеа барали сте добили сте

ајде вака:
Дете ти си напор едноставно напор ,се обидуваш да им се допаднеш на другите им дудлаш и улижаваше за зеленко(на многу смешен и глуп начин) ,се обидуваш да им се допаднеш на другите и да бидеш во центар на внимание ,не знам дали поради несигурност или не знам ми ти што.Ја истрола пола тема сакам да се запознаам со и оваа тема исто така

Набилдан си најверојатно после ова ќе ме утепаш али јбг неам влакна на јазикот
Ретко имаш став освен во врска со музиката и метал групи мислам дека тоа ти е опсесија и зависност .Немој толку многу сериозно да го сваќаш тоа нема да умреш ако оставиш некој да плука по твојот бенд.

Што остало .......хм.....
си типичен тинејџер и преставник на ова поднебје ,се ситиш и уживаш да гледаш како некој е тепан или како се тепаат будали сакаш да фаќаш сеир посебно и уште повеќе да буцкаш.
Егоист си јбг затоа и понекогаш се трудиш тој факт да го прикриеш со лажна скромност и признавање кога си фатен во тесно .

толку од мене поздравче за позитивните страни има цел куп тролови кои само за да ти го излижат газот ќе ти напрваат анализа и ќе те воспеваат ко народен херој
значи не се обидувај да им се допаднеш на сите биди свој и не брани и напаѓај премногу остро делуваш ко запален фанатик кој се дере на цел глас алах ук акбар

поздрав Марсовката

П.С:јас само го пренесов она што повеќето го гледаат во тебе немој лутиш ништо лично

ај една кратка за мене да видам шо и од кај сум стасал со лошите особини
божее колку мазохисти има сакаш да бидеш ебен со колец океј дете а знаеш дека пола вмро на форум ме мрази бидејќи сум анационална и предавник според нив и ја напаѓам владата дека се смешни напалени овци?
П.С сеуште сакаш анализа од мене?
 
Марсовка или Магде која ќе ме стркала?:smir:
 
ја ти реков како анализирам бијдеќи сум многу злочесто расположена а ти со зеленко рече да па сеа барали сте добили сте

ајде вака:
Дете ти си напор едноставно напор ,се обидуваш да им се допаднеш на другите им дудлаш и улижаваше за зеленко(на многу смешен и глуп начин) ,се обидуваш да им се допаднеш на другите и да бидеш во центар на внимание ,не знам дали поради несигурност или не знам ми ти што.Ја истрола пола тема сакам да се запознаам со и оваа тема исто така

Набилдан си најверојатно после ова ќе ме утепаш али јбг неам влакна на јазикот
Ретко имаш став освен во врска со музиката и метал групи мислам дека тоа ти е опсесија и зависност .Немој толку многу сериозно да го сваќаш тоа нема да умреш ако оставиш некој да плука по твојот бенд.

Што остало .......хм.....
си типичен тинејџер и преставник на ова поднебје ,се ситиш и уживаш да гледаш како некој е тепан или како се тепаат будали сакаш да фаќаш сеир посебно и уште повеќе да буцкаш.
Егоист си јбг затоа и понекогаш се трудиш тој факт да го прикриеш со лажна скромност и признавање кога си фатен во тесно .

толку од мене поздравче за позитивните страни има цел куп тролови кои само за да ти го излижат газот ќе ти напрваат анализа и ќе те воспеваат ко народен херој
значи не се обидувај да им се допаднеш на сите биди свој и не брани и напаѓај премногу остро делуваш ко запален фанатик кој се дере на цел глас алах ук акбар

поздрав Марсовката

П.С:јас само го пренесов она што повеќето го гледаат во тебе немој лутиш ништо лично


божее колку мазохисти има сакаш да бидеш ебен со колец океј дете а знаеш дека пола вмро на форум ме мрази бидејќи сум анационална и предавник според нив и ја напаѓам владата дека се смешни напалени овци?
П.С сеуште сакаш анализа од мене?

Не се лутам само имам една забелешка.
Јас не се трудам да им се допаднам на сите.Јас се трудам да си го истерам мојот ќеиф...
И нема да те истепам.Не ни помислувам ништо што е блиску до тоа.
Треба да немаш влакна на јазикот и да си го кажиш она што е.Она што го мислиш.
Уф колку сум бил за никаде во очите на другите
 
Психоанализа за мене, енибади?:smir:
 
Марсовка или Магде која ќе ме стркала?:smir:
да бидеме објективни и реални не можеш да бараш анализа од дечишта како мене и магде освен се разбира ако не те интересира како делуваш на форум што можам да кажам дека те сметаа за една од поквлатитетните членови и подобрите .:)

Психоанализа за мене, енибади?:smir:
сакаш ?од мене една како ти го иам удрено меракот....
 
Психоанализа за мене, енибади?:smir:

Јас сакам, ама не знам ти дали сакаш.

Плус, таман загревање за Магде, да и вратам пошто она направила за Интераш, а тоа не бев јас. :@
 
да бидеме објективни и реални не можеш да бараш анализа од дечишта како мене и магде освен се разбира ако не те интересира како делуваш на форум што можам да кажам дека те сметаа за една од поквлатитетните членови и подобрите .:)

сакаш ?од мене една како ти го иам удрено меракот....
Леле марсофче.. молим те така добра анализа на кратко за мене:pipi: вечно благодарна ке сум ти( пс у никој случај не сум за ВМРО)
 
Ај некој кандидат ако сака една анализа за мене.
 
да бидеме објективни и реални не можеш да бараш анализа од дечишта како мене и магде освен се разбира ако не те интересира како делуваш на форум што можам да кажам дека те сметаа за една од поквлатитетните членови и подобрите .:)

Мислам дека Магде беше на психологија,па од стручна гледна точка да видам што ќе каже,дали ми е време за Бардовци или да почекам:)
Но чим никој не сака да се зафати со мене,почитувам.Вие сте незнам кој по ред што ме одебале,кажи им псај:pos2:
 
На мое големо задоволство, за прв пат во историјата на психоанализите, темава, покрај индивидуалните психоанализи, ќе содржи неколку групни. Секој нека си се смести себеси онаму каде што мисли дека припаѓа. Стотици групи на форумџии шетаат секојдневно по форумов. Како што некои умеат да кажат, форумов премина во едно глобално, виртуелно село. Секоја група претставува по едно семејство кое си има свои особини, карактеристики и по кои е препознатливо.
Основи податоци:
Име: виртуелно село/форум Кајгана
Локација: Интернет мрежа, www.forum.kajgana.com
Формирање на селото: 21ви Јануари, 2005 година.
Старост на селото: 4 години, 122 денови
Бројност на жители: 30.411
Број на поголеми семејства: 7

Да започнеме:
[FONT=&quot]o[/FONT]Семејство Набљудувачевски – Семејство кое за своја единствена карактеристика ја има формата на набљудување, поточно следење на форумов, притоа не логирани. Едноставно овие луѓе ја наоѓаат забавата во читањето на туѓите мислења и стоењето настрана од активните дискусии.

[FONT=&quot]o[/FONT]Семејство Безделничковски – Ова семејство, што и многу јасно се гледа по неговото име, е семејство кое не се карактеризира ама буквално по никаква друга активност, освен шлаење по форумов и расчепкување на занимливи и помалку занимливи теми. Најверојатно ова се личности кои сакаат само информативно да го разгледуваат форумот, но притоа и да бидат дел од него.

[FONT=&quot]o[/FONT]Семејство Спамеричкови – Далеку познато семејство, како по своите енромни дози на хумор и иронија, така и по својата потреба за буквално муабетење на секоја тема. Членовите на ова семејство се карактеристични на свој начин. Лесно се читливи, но во однос на содржината на постовите. Имаат комплицирана личност која бара доста посветување на неа, и секојдневно претрпува промени, како во позитивен така дупло-повеќе и во негативен правец. Да не заборавам да напоменам и дека за да се биде член на ова семејство, треба првично во себе да ја носиш неговата крв. А она кое доаѓа од страна, како снаи, зетовци и пропратни послесвадбени роднини, многу лесно се снаоѓа во таа средина од едноставна причина што тоа и не е некаква комплицирана средина. Комплицирани се само личностите кои се дел од тоа семејство.

[FONT=&quot]o[/FONT]СемејствоSitcuzyoudontknowme– Интересно семејство со долга историја на своето име. Името потекнува од американската потреба за јакнење на своето его и покажувањето пред другите кои сме и што сме. (да да, очекувам голем дел сега мене да ме сместат во ова семејство, но запомнете, овде секој треба да си го најде своето место) Фактот дека некој во реалниот живот има помалку од она кое го има на форумов ги прави луѓето дел од ова не така широко застапено семејство. Сепак, членовите на ова семејство претпоставувам дека се луѓе кои се ставаат себе над другите и притоа не забораваат да го истакнат тоа.

[FONT=&quot]o[/FONT]Семејство McVitty – Ех, кога би имало повеќе вакви семејства, форумов дефинитивно би бил едно многу поинтересно виртуелно селце за поминување на дел од слободното време. Семејствово слободно може да се пофали со својата најглавна карактеристика, која нели очигледно е духовитоста. Би сакал да истакнам дека членовите на ова семејство пред се’ се луѓе кои животот го гледаат на еден поинаков начин. Го гледаат како предизвик кој може да се освои само со добра доза на духовитост, и токму поради тоа се и толку успешни во она што го прават. Умешност е да можеш покрај толку негативни личности, да внесеш доза на хумор буквално секаде, за да би можела атмосферата да се ослободи од својата монотонија.

[FONT=&quot]o[/FONT]Семејство Виртуелзаробеновиќ - Фекалојадичиќиќ – За ова семејство, кое нажалост ги има најголемите размери во нашево мало виртуелно селце, има еден куп работи кои можат да се изнесат. Најпрво да започнеме од фактот дека историјата на ова семејство иако датира од многу одамна, сепак своите големи размери ги зема во последно време. Ова семејство најпрво се разликува по тоа што, за разлика од другите семејства, буквално никогаш не го напушта виртуелново село. Другите семејства можат да се пофалат со одличниот живот, некаде подалеку од местово, но ова семејство толку добро и толку длабоко ги има пуштено своите корени, што и да сака, не може да отиде подалеку. Ограниченоста на размислувањата ги прави членовите способни за straight-forwarded life исполнет со потреба за злобно налепување секакви приказни. Знаете, кога во едно село ќе се соберат бабите да оговараат на сред село кај чешмичката? Епа овде има еден сличен состав, само што овде бабите не се од повеќе, туку од едно семејство. А најверојатно е појава на модерниот свет, тоа што почнуваат да се појавуваат се’ повеќе дедовци кои се приклучуваат на ова семејство. Ова бабиве мавале шмекчиња. Е токму од тука започнуваат главните проблеми во селотот. Доаѓа до растурање на односите по другите семејства, затоа што еден сончев ден, кога сите семејства биле надвор од селото, семејството Виртуелзаробеновиќ – Фекалојадичиќиќ останало дома и непрекинато вадело афери за секој член на секое семејство. Да претпоставиме дека тоа е потребата за внимание и гледање како другиот пропаѓа, само затоа што тие самите не можат да успеат. Некаде начув, дека мотото на ова семејство е: “Ако не успееш ти, повелчи го оној кој го почнува својот пат на напредок“. Особина препознатлива само за луѓе кои мислат дека можеби некој ќе дојде и ќе ги реобедини сите останати семејства, што би значело крај за лозата на Виртуелзаробеновиќ – Фекалојадичиќиќ, а со тоа би се допринело и нивно истребување, како од виртуелново селце, така и општо од животот. Да не заборавиме, сепак нивниот живот се гради врз основа на ова мало село.

[FONT=&quot]o[/FONT]Семејство Wisdomlovers – Семејство кое својот живот, како тука во селово, така и надвор од него ги гради своите гледишта на светот врз основа на најстарата особина на луѓето. Мудроста. Од ова семејство секоја индивидуа ја гледам како посебно совршено нешто кое сигурно чекори по својот пат на животот. Одговорот на милион прашања за нив лежи во самите прашања. Да не ја заборавам онаа мудра изрека на Конфучие која вели: “You scratch my back, than I’ll scratch yours”, според која најверојатно живеат само припадниците на ова семејство. Комплицираноста на нивната личност е оддалеку приметлива. Сметам дека мудроста околу нив гради еден ѕид кој може да го пробие само поголема мудрост. Но секако, самите тие ги спуштаат овие ѕидови за личности за кои сметаат дека се на добар пат да го научат од животот она кое тој ги учи. Широкоградоста и дружељубовиста не смеат да се заборават како една од нивните најзабележителни карактеристики. Можноста кон се’ да се пристапи со отворени раце, но само долку за тоа има сигурна основа, е она што ова семејство го прави единствено во своите цели и намери. Имам забележано дека ако има нешто кое ги вади од кожа, тоа е дефинитивно лицемерноста на одредени членови. Сепак, сите од ова семејство ги надминуваат проблемите од селото во кое доаѓаат за на кратко да заборават на реланиот свет, и продолжуваат како никогаш ништо и да не се случило. Кај овие луѓе постои јасна граница помеѓу селото и вистинскиот живот, кој со себе си носи сериозни проблеми. Проблеми далеку поважни од непотребното замарање со луѓе кои најверојатно забораваат дека таму некаде има и реален свет (читајте Виртуелзаробеновиќ – Фекалојадичиќиќ).

Сакам само уште да посочам на фактот дека дел од жителите на ова селце се истовремено делови на повеќе семејства, или пак, нивната крв при преминувањето од едно во друго семејство не се претворила во вода, па така тие во основа си останале исти.


Претпоставувам дека накратко ги опфатив сите семејства кои повремено го поминуваат времето во малово село, па дури и оние кои се негови постојани жители. Ако имам некое семејство заборавено, се надевам дека ќе ми простите. А вие слободно можете да ме надополните доколку сметате дека постои и некое поважно семејство кое не треба да се испушти при психианалитичкиот опис на малото вирутелно село/форум Кајгана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom