Рече Аморим уште на пресот дека Бајандир ке брани. Малку и го критикуваа зашто го направи тоа, пред меч против тим кој е добар на корнери.
Ама апсолутно ништо не може да смени Бруно. Тоа фрлање на копачката нема никаков ефект. Откако тој доби жолт, судијата даде црвен картон против нас, и досуди непостоечки пенал, еден од најсрамните што го имам видено. Во ред е да протестира, но не и да добива глупи жолти картони за истото.
Ех, да не заборавиме дека дечкото направи кикс против Тотенхем, кога лошо одби топка, на нога на Соланке. Голот од корнер можеби и не е негова вина 100%, aма во Англија се бара од голманот да биде агресивен. Денес исто лошо боксување по кое примивме гол. Многу лош со шутирање на топка. Останатово, немам збор, браво за пеналот со Одегард, и браво за пенал рулетов. Се надевам дека ке брани во крај во купов, заслужува.
Утакмицава денес, прав ролеркостер. Какво само кривично судење, на моменти и против двете страни, ама генерално, против Јунајтед. Она гомцето Хаверц што одглуми пенал, на крај промаши 4 зицера, и си го промаши пеналот. Има карма.
Тимов изгина денес, ги послужи и среќата. Верувам да не беше дебилниот потег на Дало, дека полесно ке се справевме со нив на крај. За прв пат во скоро 12 години, имам огромна верба во тренерот дека може да спреми тим да игра со било која екипа во светот. Сега само ова треба да се претвори во константни перформанси.