Грешиш и тоа многу. Напротив и до непотребно резилење со подршка за дпмне се доаѓало со претходно споменатите постари генерации.Мое лично мислење или мој впечаток, може грешам, али мислам комити секогаш имале поголем или пожесток отпор кон ВМРО него кон сдс (штета што овие од сдс не му помогнаа на клубот). Ако не се лажам мислам дека тука имаше членови кој што се фалеа дека учествуваа и во шарената револуција, за после да ги снема од такви теми, дали беа платеници намерно дојдени, не знам.
Многу од помладите во Скопје ги замрзеа дпмне за време на Грујо баш дека мислеле дека се на исти ставови со нив во однос на патриотизам, а завршија тотално предадени од нивна страна. Ова се однесува пред се на соживотот со Албанците во Скопје во тоа време. Не мора да раскажувам улични приказни, еве ќе го земеме Кале за пример, пошто е општо познат настан.
Прават црква на Кале, ги дознава Изет Меџити, собира УЧК екипа, им оди во сред ноќ со пили, шипки и камери (нема зошто да се крие) и им ја бута цела конструкција што ја имаат кренато до тогаш. Ете ти 100-150 деца, главно од Комити, патриотски настроени, со памет дека исто таква патриотска партија е на власт, огромниот дел и веројатно гласачи на дпмне, точно 0 гласачи или симпатизери на сдс меѓу нив, неколку дена подоцна да ја "бранат" истата таа црква како ветар во грб на најпатриотската партија меѓу нас нели.
УЧК сега собира екипа од 500 луѓе, голем дел наоружана со ножеви, дпмнеовската полиција е тотално неспособна да се справи со нив и почнува да ги притиска нашите да бегаат при што им овозможува напад на УЧК и десетина избодени и претепани наши деца. На раб беше ситуацијата да има и смртен случај на наша страна тој ден. УЧК победоносно им ги вади лисиците и на тие малку луѓе што се уапсени од кај нив.
Каков епилог успева да извади предизвикувачот на целата ситуација, патриотското дпмне? Ист број на пријави и казни за тие што дојдоа да ги подржат нив и за тие што извршуваа обиди за убиство пред цела македонска јавност. Тотално игнорирање на главниот настан, рушењето на црквата од страна на Меџити, до степен да денес и тотално се заборави на тоа и кога ќе се спомене настани на Кале сите да зборат само за тепачката, а никој за како стигна до неа. Едниот водач на групата која бодеше Груби нивен партнер во владата. Другиот водач на групата која бодеше Омер Буњаку со пиштол од МВР да шета слободно каде сака по цело Скопје, со ветар во грб да организира нови слични настани низ Скопјево пошто очиглено му се може, а ги организирал . Тотално повлекување од идејата да се гради било каква црква на Кале и целосна забрана за пристап и затворање на едно од најубавите и најпосетени места за Скопјани.
Ете ти 100-150 патриотски настроени деца со оправдано створена целосна омраза кон дпмне и гнасење на секое спомнување дека они се патриотска партија.
Ова истото се случуваше и по скопските улици тоа време, што доведе до тотално повлекување на младите Македонци од центарот на градот и негово препуштање во владение на дуи. Ете ти и уште еден куп други млади со омраза кон дпмне поради ова, многу од нив и отселени баш заради оваа причина.