Општи дискусии за ТВ серии

Член од
6 ноември 2024
Мислења
365
Поени од реакции
607
Дали има заинтересираност од тие кои се повеќе по сериите да се „собереме“ и да направиме еден каталог за тапчовци за серии, по примерот на двата за филмови? Кој сака да учествува, нека пише подолу, па ќе видиме - ако има интерес, може да направиме нешто такво.
Може. Ама ќе треба две теми за веќе завршени серии и оние кои што се во тек.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.989
Поени од реакции
37.272
По повеќе од 25 години откако прв пат бев телепортиран во Макондо, конечно екранизирана „Сто години самотија“ од Маркез. Вчера на Netflix излегоа првите 8 епизоди од вкупно 16 колку што ќе има минисеријата. Денес ги изгледав сите, во еден здив. Пренесено буквално се, од А до Ш, баш онака како што на времето сум ги замислувал работите. Штета што ќе треба да почекаме за последните 8 епизоди. :(

1734035212196.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.989
Поени од реакции
37.272
До овој момент, 27.12.2024, 13:30 часот - 677 епизоди од 54 различни серии за мене во 2024! Го поминав рекордот од 657 во 2023. Подолу - тоа што беше најдобро во годината за мене и препорака - не смеете да го испуштите:

01. Slow Horses (Apple TV+)
1735309762469.png
Серија за која пишував, пишував, пишував... отворив и посебна тема... и за која ќе продолжам да пишувам. Вистинско откритие за мене беше годинава и дефинитивно број 1 серијата која ја изгледав. Британците обично не разочаруваат, особено со ваквиот тип на серии за тајни агенти, интриги, политика... Уште ми е во сеќавање одличната Bodyguard од пред некоја година и уште ми е мака што не ја продолжија. Е па ова е на најмалку исто ниво, во секој поглед! ОД-ЛИЧ-НА!

02. Yellowstone (Paramount+)
1735309856711.png
Oва може да се нарече мојот guilty pleasure за 2024 (всушност, претходно ја имав гледано целата серија, во 2024 ми останаа само последните епизоди кои цел свет ги критикуваше дека не било тоа тоа без Костнер, дека Шеридан си дал простор за себеси и неговиот douchbag карактер за да пополни простор и време... Но за мене беа неколку епизоди полни со толкав емотивен набој што на крај навистина не можев да се воздржам да не заплачам. Последната епизода беше masterpiece, според мене едно од најдобрите заокужувања на серија, ever, иако ќе прочитате на интернет тотално спротивставени тези. Иако цел универзум започна со Yellowstone, хронолошки по случувањата во него се започнува во 1883, со гласот на Елса Датон како наратор и причина зошто фамилијата Датон се најде баш во Yellowstone и остана таму век и половина. Во последната епизода од Yellowstone, се завршува со нејзиниот глас повторно и иако дел од ликовите остануваат и ќе продолжиме да ги гледаме и во продолжението на 1923 кое се очекува наскоро, но и во трите нови спин-оф серии кои се најавени (а скоро извесна е и четрвртата), сепак се доби една заокружена рамка од околу 150 години и седум генерации Датон кои се обидуваат да го зачуваат Yellowstone од сите бури кои го демнат низ годините. A masterpiece! :cuc:

03. Lessons in Chemistry (Apple TV+)
1735309908086.png
Ова беше серијата од која најмалку очекував годинава, а која ме измести целосно. Се работи за минисерија за една хемичарка која ќе направи бум во телевизијата во САД во 60-тите со нејзиното феминистичко шоу за готвење во кое ќе ги имплементира знаењата од хемија. Да, кога вака ќе прочитате, звучи досадно. Но кога ќе почнете да ја гледате, по само неколку епизоди ќе ви приреди таков шок што сум сигурен дека уште не завршена, ќе сакате да ја репризирате. Најубавата љубовна приказна во 2024! Мора да ја погледнете.

04. Baby Reindeer (Netflix)
1735309966592.png
Веројатно најнаградуваната серија од сите во 2024. Веројатно и сите сте слушнале или сте ја гледале. За оние кои не - ѕирнете ја, нема да зажалите. Само да ве предупредам: се работи за вистинска приказна и иако голем дел од нештата се вметнати за драмски ефект, имајте на ум дека главниот актер / креатор / сценарист, Ричард Гад, го доживеал се тоа на сопствената кожа. Во целиот овој „свет“ на wokeness и политичка и што ти знам веќе каква коректност, убаво е за промена да се види и серија во која и белиот маж кој (барем најпрво) не припаѓа на некое обесправено малцинство, може да биде жртва.

05. Cien años de soledad / One Hundred Years of Solitude (Netflix)
1735310013974.png
Една од сериите кои долго се чекаа, екранизација на прекрасниот магичен роман на Маркез - Сто години самотија, за која пишував малку погоре. Туку најмногу бев маѓепсан од начинот на кој буквално е пренесен романот на екран, па се чувствуваш исто како кога го читаш романот: целосно пренесен во магичното Макондо. Мора да ја гледаат сите љубители на книжевноста, на магичниот реализам, на Маркез, на филмската уметност... сите љубители на убавото, воопшто.

06. Severance (Apple TV+)
1735310069418.png
Последната која ја гледав, можеби затоа е и толку високо на листата, но не верувам. Серија која почнува „лошо“, по неколку епизоди сакав и да ја прекинам, но последните 3-4 толку те мава во психа што буквално не дишеш додека пред тебе се нижат сликите. Толкав тензичен набој во серија не памтам од кога не сум доживеал! Сега едвај ја чекам најавената втора сезона.

07. Landman (Paramount+)
1735310124205.png
Пак Шеридан! И пак одличен! Серија која уште не е завршена, и за која за жал се позасилени се коментарите дека нема да биде обновена за нова, втора сезона, иако останува да видиме, ама феноменална! И за неа беше пишувано погоре. Ако сакате добар хумор, одлично возење низ нафтените полиња низ западен Тексас, добра драма и прекрасни цицки, ова е вистинската серија за вас!

08. Ted Lasso (Apple TV+)
1735310193700.png
Уште едно емотивно збогување со еден лик со кој три сезони се смеевме и кој одлично го долови значењето на фразата: „и зад најшироката насмевка може да се кријат многу демони“.

09. Star Trek: Strange New Worlds (Paramount+)
1735310240626.png
11 Star Trek серија, спин-оф на не толку фалената Discovery, ги врати ѕвездените патеки на старите патеки. Го следи патувањето на капетанот Кристофер Пајк на бродот Enterprise во 23 век додека открива чудесни нови светови низ галаксијата. Меѓу другите позитивни работи, мора да се забележи враќањето кон епизодното, односно антологиско раскажување во кое секоја епизода е посебна приказна, што одлично функционира со Патеките.

10. Foundation (Apple TV+)
1735310291782.png
Немам зборови за оваа серија! И по одличната прва сезона на која и замеруваа за фрагментираното раскажување во кое тешко беше да се поврзат работите хронолошки, во втората сезона каде нештата течат далеку полинеарно е многу полесно за следење, но грандиозноста - идентична. Една од најдобрите научно-фантастични серии некогаш направени и никој не може да ме убеди во спротивното!

HONOURABLE MENTIONS:
11. The Walking Dead: The Ones Who Live (AMC)
12. Shogun (FX/ Hulu)
13. The Morning Show (Apple TV+)
14. The Gilded Age (HBO Max)
15. 3 Body Problem (Netflix)
16. Monster: The Lyle and Erik Menendez Story (Netflix)
17. The Bear (FX / Hulu)
18. Outlander (Starz)
19. Bodies (Netflix)
20. The Tourist (BBC 1 / HBO Max)
21. How I Met Your Father (Hulu)
22. Fallout (Amazon Prime Video)
23. The Gentlemen (Netflix)
24. One Day (Netflix)

По години и години на HBO првенствено, па и на Netflix на првите 2 места на листата најдобри креатори на ТВ серии, годинава барем за мене дефинитивно беше година на Apple TV+ и Paramount+.

Од 2025 очекувам многу. Од тоа што вака рано е најавено: 1923 и The White Lotus, потоа се надевам дека конечно ќе излезе екранизацијата на Музеј на невиноста на Памук, па конечно можеби ќе има и турска серија меѓу најдобрите... и не знам што друго. Најавени се многу нови проекти, но што од тие ќе видиме во 2025, останува да почекаме.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.989
Поени од реакции
37.272
Откако ја изгледав Severance, пребарував на форумов да видам кој што напишал за серијата. И не е важно што најдов, не е тоа муабетот, туку - следно сакав да гледам нешто лесно, некоја тинејџерска серија која нема да ме замара, нервира и напнува, зашто последните неколку се беа такви. Имав неколку на ум, ама барајќи ги мислењата за Severance, најдов едно од @123456 каде во една реченица ја уби од фалење Outer Range. Нејсе, си продолжив да си читам за Severance, ама некако ми застана на ум мислењето на @123456 , ама сум прочитал не сум дочитал, па си помислив дека ја фали Outer Banks. И бидејќи баш таква серија барав, ја пуштив. 10 минути од прва епизода и сфатив дека или јас не сум во ред, или @123456 не е во ред. Ја исклучив и се отепав од барање на неговото мислење, со пребарувачов тука, мме. Ама го најдов! И сфатив дека јас не сум во ред. :pos: Sorry @123456 .

Цела среќа, таму некаде меѓу Severance мислењата имаше и едно на @Комита Ултрас за The O.C. колку му легнала и колку била лесна за следење. И знаев дека е тоа тоа и нема промашај. И еве си уживкам во неа. Не сфаќам само зошто веќе не прават вакви серии? Публиката за која се наменети веројатно не ја интересираат, I get it. Ама еве ние, геријатријата уште сакаме да се вратиме на нешта кои беа во свет толку подобар од денешниот. Еве споредба за тинејџерски серии денес: Sex Education, Elite, 13 Reasons Why, новата Heartbreak High... Полни со (демек срушени) секс табуа на разбудената американска и шпанска младина, полни со дрога, оружје, насилство, родови или што ти знам какви дегенерисувања и триста други глупости. Невиност и наивност кои беа својствени за овие серии од 1990-тите и 2000-тите = 0. Пред некоја година ја репризирав цела Beverly Hills 90210 (293 епизоди), пред 10+ години ја изгледав цела One Tree Hill, годинава ја репризирав и првата сезона од оригиналната Heartbreak High... И еве сега The O.C. - прекрасни серии! Прекрасни времиња кои за жал засекогаш отидоа во неповрат и неповратно се изгубени за денешниве генерации. За жал. :(
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.767
Поени од реакции
11.759
Наскоро пост од мене како Лост е најдобрата серија на сите времиња. Мораше тек сега да ми се разјасни ова :smirce:
Ајде џими, до кај е постот?

Ја сум на 4-тиот rewatch моментално.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.498
Поени од реакции
18.188
Alice in Borderland. Ja izgledav za praznicive, vo dva dena dvete sezoni. Nesto nalik na Squid Game, so taa razlika sto e sto pati podobra, i izvorna, praena e spored roman. Mislam ne ocekuvajte slicnosti nekoi so Squid Game, ama konceptot na prezivuvanje e toj. Ne znam zosto ne e tolku komercijalna i poznavata, serijava e zakon i e nesto od najdobrite raboti koi sum gi gleal. Filozofski dobro postaveno prasanjeto za zivotot, smrtta i smislata na zivotot, dali zivotot ima i treba da ima smisla i dali taa e univerzalna?

Da ne gnjavam, gleajte nema da zazalite voopsto.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Alice in Borderland. Ja izgledav za praznicive, vo dva dena dvete sezoni. Nesto nalik na Squid Game, so taa razlika sto e sto pati podobra, i izvorna, praena e spored roman. Mislam ne ocekuvajte slicnosti nekoi so Squid Game, ama konceptot na prezivuvanje e toj. Ne znam zosto ne e tolku komercijalna i poznavata, serijava e zakon i e nesto od najdobrite raboti koi sum gi gleal. Filozofski dobro postaveno prasanjeto za zivotot, smrtta i smislata na zivotot, dali zivotot ima i treba da ima smisla i dali taa e univerzalna?

Da ne gnjavam, gleajte nema da zazalite voopsto.
Tocno :love:
Godinava treba da izleze treta sezona izgleda. Ne znam samo u koj pravec ke ja teraat posto so dve sezoni ubavo ja zavrsija.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Од каде симнувате српски серии? Имаат некој српски/балкански сајт?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.333
Поени од реакции
23.070
Почнав да ја гледам Алиса во Бордерлендс и сум до 5 епизода и за сега ми се допаѓа многу, се надевам ќе биде вака до крај.
Автоматски споено мислење:

Alice in Borderland. Ja izgledav za praznicive, vo dva dena dvete sezoni. Nesto nalik na Squid Game, so taa razlika sto e sto pati podobra, i izvorna, praena e spored roman. Mislam ne ocekuvajte slicnosti nekoi so Squid Game, ama konceptot na prezivuvanje e toj. Ne znam zosto ne e tolku komercijalna i poznavata, serijava e zakon i e nesto od najdobrite raboti koi sum gi gleal. Filozofski dobro postaveno prasanjeto za zivotot, smrtta i smislata na zivotot, dali zivotot ima i treba da ima smisla i dali taa e univerzalna?

Da ne gnjavam, gleajte nema da zazalite voopsto.
Случајно ја открив серијава читајќи рецензии за Сквид Гејмс и за сега е одлична но ќе почекам до крај, Сквид почна исто одлично но како што прогресираше стануваше се поразочарувачка.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom