365 дена-365 добри песни

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.546
Одамна се мислев да ја отворам темата и се заборавам, ама годинава ми текна. Колку ќе биде успешна ќе видиме.

Правилата се следни:

1. Се постира само една песна на ден во темава. Значи еден ден, еден пост, само еден единствен член постира само една песна во тој ден.

2. Се применува принципот прв дојден-прв услужен, што значи кој прв стигне да постира песна во новиот ден после 00:00 таа песна ќе биде тој ден.

3. Не смеат да се повторуваат песните. Изведувачите може.

Пожелни предлози но не и задолжителни.

1. Кога е некој посебен ден, да се постира песна која го отсликува тој ден. Пример кога е 8 септември да оди некоја македонска патриотска или кога е Свети Патрик да оди некоја ирска традиционална.

2. Ако веќе некоја песна е постирана претходно, нејзина преработка, ремикс или слично да не се постира. Ова е за да се избегне дуплирање на песна иако со самата друга верзија некој може да каже дека се работи за друга песна.

Потрудете се и дадете се од себе да бидат добри песни. Епа, да почнеме:

01.01 - New Year’s Day – U2
02.01 - Have A Nice Day - Bon Jovi
03.01 - K.i.s.s.e.s - Bent

04.01 - Handel - Sarabande
05.01 - Growing Old is Getting Old - Silversun Pickups

06.01 - Destiny - Zero 7
07.01 -
08.01 -
09.01 -
10.01 - Creep - Radiohead



 
Последно уредено од модератор:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.917
Поени од реакции
27.215
Едно прашање : кога ќе дојде ноември, декември 2025та ќе мораме да листаме се по ред од 1 јануари 2025та за да провериме дали некоја песна се дуплира или е ремикс ?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.147
Поени од реакции
13.318
Едно прашање : кога ќе дојде ноември, декември 2025та ќе мораме да листаме се по ред од 1 јануари 2025та за да провериме дали некоја песна се дуплира или е ремикс ?
Освен ако @Sussaro не се нафати да го едитува воведниот пост цело време со листа на поставени песни, па ако некој сака да постира прво со ctrl+f на првата страна да пребара името на песната дали е постирано, тогаш и нема некој механизам да се спречи дупликат. Но, за да се избегне вакво сценарио на дупликати или да се намали веројатност за тоа би било добро:
- Тој што постира поажурно да ја следи темата, така и ќе знае горе доле кои песни поминале.
- Тој што постира да постави некоја песна што е карактеристична за него, некоја немејнстрим, за која мисли дека никој друг не би можел да се сети на таа песна.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.546
Ќе му најдам чаре. На први фебруари на пример ќе ставам се што се ставило претходните 30 дена, а на први март (Каролина) ќе направам копи-пејст на јануарската листа и ќе ги додадам само фебруарските, во април копи-пејст на јануар и фебруар а ќе додадам само плус 31 од март.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.936
Поени од реакции
37.160
Сега периодот 03-08.01 ќе остане без музика? :P

Реторско прашање, само колку да ја следам темата. ;)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.546
Ставете уште 5 песни ден си е ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom