- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.199
- Поени од реакции
- 1.367
Друже, мешаш поими и ситуации кои немаат допирни точки. Прво, Турција е држава со сопствени национални интереси и стратегии кои се обликувани низ децении и немаат директна врска со тоа што се случува во Македонија или на Балканот.Сега за сега е така но до кога ?
Имаш квартови во Берлин, Брисел, Париз, Амстердам каде полицијата освен со оружје не ни помислува да влезе. Чист пример е Муленбек во Брисел тешко на тој што е бел и христијанин. Во Берлин Нојколн имаш кварт доста опасен навечер само Германците се малку подруги од Белгијците па вршат повеќе рации и претреси али во секој случај станува држава во држава.
Носењето на нова работна сила од Азија и Африка значително ќе го отежне функционирањето на западно европските држави.
При поголема економска криза ќе видиш сцени како од Америка каде ќе се влегува во маркети, кражби, силувања, нелегално оружје, дрога, проституција итн итн.
Автоматски споено мислење:
Сите посилни држави во кои не стигнала американската демократија го користат тој метод. Ете сам си напишал дека си Турчин па можеш сам да го видиш ставот на Турција кон Курдите. Зошто едни Албанци кои се под 20% притискаат да има двојазичност секаде, а Курдите кои со сигурност се 20% ако не и нешто повеќе не можат.
Јасно е Турција е поголем залак за САД и не може туку така да се врти, а Македонија е ситна боранија па и на античко египетски ќе напишеме ако треба.
За една држава да функционира мора да има 1 знаме, 1 грб, 1 химна, 1 јазик, се друго е фарбање на очи.
Второ, споредбите меѓу Албанците во Македонија и Курдите во Турција се плитки и неосновани сосема различен историски, културен и политички контекст.
Трето, прашањето за јазик, химна и знаме е едно и неделиво, и така ќе остане, и мора да остане. Кој нема да ги почитува правилата и македонските закони, строго да биде казнет,но тоа не значи дека мултиетничките држави не можат да функционираат. Примери има многу ,Швајцарија, Белгија, Канада...
Во Македонија проблемот не е во законите, туку во нивното спроведување. На пример, кога беше запалено македонското знаме, за денот на албанското знаме, полицијата требаше да реагира брзо и одлучно, дури и со одредена доза на строгост и сила, доколку ситуацијата го бараше тоа. Верувај, и јас бев искрено иритиран таа ноќ. Сепак, треба да се разбере дека нема „лош“ или „добар“ народ, има само добри или лоши закони и, што е уште поважно, добро или лошо спроведување на тие закони.
