Правна помош и совети

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
2.130
Ne. Prviot mora da si naplati vo celost pa da pocne drugiot da te izvrsuva.
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
523
Поени од реакции
239
Здраво, кaj претходниот работодавец имам работено непрекинато Датум на приjава според м1м2 28.10.2023, Датум на одjава според м1м2 01.07.2024. Во 2024 имам користено вкупно 3 недели боледување, дали ме следува К-15 ?
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.149
Поени од реакции
2.728

Имаш право на К-15 штом си работел непрекинато 6 месеци во една календарска година, во овој случај до 31 јуни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Здраво, кaj претходниот работодавец имам работено непрекинато Датум на приjава според м1м2 28.10.2023, Датум на одjава според м1м2 01.07.2024. Во 2024 имам користено вкупно 3 недели боледување, дали ме следува К-15 ?
Да
 
Член од
5 декември 2024
Мислења
102
Поени од реакции
166

да и годишен одмор

(Работникот има право на регрес за годишен одмор под услов да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите),

кој можеш да побараш да ти се исплати или пак да ти се даде потврда од човечки ресурси за неискористен годишен одмор и со таа писмена потврда одиш и ја носиш кај другиот работодавач кај што се вработуваш и му ја даваш,фактички и на по прва работна недела кај што си со новата работа,можеш да искористиш 20 дена во полно работно време,односно 10 дена на пола работно време.к15 ти следува целосна сума без разлика дали си пола или целосно работно време, се смета стажот парцијално или целосно.
Се надевам дека помогнав целосно.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.796
Поени од реакции
2.983
Дали купување стан од сопственик кој има долг и е даден на извршител повлекува правни последици и за купувачот, т.е новиот сопственик на тој стан.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.396
Поени од реакции
4.249

Да, ама под услов да ,,барал,, да го користи годишниот одмор а тоа не му било дадено. Дека барал да го користи одморот се докажува со писмено барање поднесено до работодавецот.... така да најверојатно ништо од плаќање на одморот, може само да си земе потврда колку одмор му останал неискористен.
 
најсигурна варијанта е таа со потврдата
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.396
Поени од реакции
4.249
Дали купување стан од сопственик кој има долг и е даден на извршител повлекува правни последици и за купувачот, т.е новиот сопственик на тој стан.
Ако во имотниот лист нема прибелешка на налог за извршување, нема никаков проблем да се купи станот, купувачот нема да има никакви последици. А ако има прибелешка, тогаш станот нема да може ниту да се префрли кај нотар.
Само внимавајте и не правете глупости во стилот да пишувате помалку пари во договорот за помалку данок да се плати. Пишувајте ја вистинската цена а со тоа и сите пари на сметка плаќање. Ова од причина да не случајно му се даде шанса на доверителот да го побива договорот како фиктивен со цел да должникот избегне плаќање на долгот. Исто така внимавајте и не купувајте во случајов ако продавачот ви е некој близок роднина... И кога ке го плаќате гледајте тоа да биде непосредно пред солемнизација кај нотарот, никако порано... може да се случи да откако сте платиле за станот, да легне налог за извршување во имотниот лист и да неможе да се направи пренос на сопственоста а ако се вмеша и Марфи ке се случи и сметката да му е блокирана од извршителот па паричките да летнат кај извршителот, во кој случај има два можни исходи, едниот е да должи помалку од парите кои сте му ги платиле и во тој случај извршителот ке го ослободи станот, другиот случај е ако должи повеке од тоа што сте му пуштиле па извршувањето ке продолжи врз станот па ке треба да се влечкате по судови и да потрошите брдо нерви и пари.
Затоа мој совет е да кога се прави таква инвестиција никогаш да не се брза, обавезно се ангажира и плати адвокат кој ке ја испита целата работа и ке ја изведе како што треба, а не само да се оди кај адвокат за да ви состави договор или да ви мавне печат оти е задолжително за кај нотарот....
 
Член од
26 април 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Ако може совет од правно лице или од некој што го поминал истото искуство. Адвокатот го испушта рокот за поднесување жалба на Апелација и жалба поднесува со задоцнување од пет дена (без наше знаење), пресудата е потврдена со одговор дека жалбата е ненавремена. Дали имам право да го тужам адвокатот и колку имам временски рок за да го тужам? Платено му е од наша страна за пишување на жалба и трошоци за поднесување на истата.
И што може да добијам ако го тужам со оглед на тоа дека ми го скрати правото на разгледување на жалбата на Апелација и правото да се жалам на Врховен? Ви благодарам однапред на советите.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
508
Поени од реакции
510

Вашиот адвокат нека поднесе барање за враќање во поранешна состојба само доколку не се поминати 3 месеци од пропуштениот рок, ако од објективни оправдани причини го пропуштил рокот тогаш ќе му се прифати барањето и ќе може да поднесе жалба, тоест со барањето за враќање во поранешна состојба треба да ја поднесе жалбата.
Ако случајно судот го одбие тогаш да поднесе до Стразбур заедно со главната работа (жалбата) на крајот може да добиете и посигурно ви е Еврооскиот суд во Стразбур отколку наша Апелација или Врховен во 90% ги потврдуваат пресудите на пониските судови.
Е сега за Стразбур колегата не треба да ви наплати цела сума како компензација за пропуштениот рок, али пак ќе кажам зависи од кои причини го пропуштил, ако е од објективни оправдани причини.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.621
Поени од реакции
3.937
Ми стигна од општина писмо дека до мое земјиште (земјоделско) се планира градба на фотоволтаици, односно веќе е издадена дозвола на фирмата. Имам рок од 15 дена доколку имам приговор, има нешто причина негативна работа зошто би се бунел или како ?
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.796
Поени од реакции
2.983
Ако во имотниот лист нема прибелешка на налог за извршување, нема никаков проблем да се купи станот, купувачот нема да има никакви последици. А ако има прибелешка, тогаш станот нема да може ниту да се префрли кај нотар.
Само внимавајте и не правете глупости во стилот да пишувате помалку пари во договорот за помалку данок да се плати. Пишувајте ја вистинската цена а со тоа и сите пари на сметка плаќање. Ова од причина да не случајно му се даде шанса на доверителот да го побива договорот како фиктивен со цел да должникот избегне плаќање на долгот. Исто така внимавајте и не купувајте во случајов ако продавачот ви е некој близок роднина... И кога ке го плаќате гледајте тоа да биде непосредно пред солемнизација кај нотарот, никако порано... може да се случи да откако сте платиле за станот, да легне налог за извршување во имотниот лист и да неможе да се направи пренос на сопственоста а ако се вмеша и Марфи ке се случи и сметката да му е блокирана од извршителот па паричките да летнат кај извршителот, во кој случај има два можни исходи, едниот е да должи помалку од парите кои сте му ги платиле и во тој случај извршителот ке го ослободи станот, другиот случај е ако должи повеке од тоа што сте му пуштиле па извршувањето ке продолжи врз станот па ке треба да се влечкате по судови и да потрошите брдо нерви и пари.
Затоа мој совет е да кога се прави таква инвестиција никогаш да не се брза, обавезно се ангажира и плати адвокат кој ке ја испита целата работа и ке ја изведе како што треба, а не само да се оди кај адвокат за да ви состави договор или да ви мавне печат оти е задолжително за кај нотарот....
Даден е на извршител но нема хипотека. Фала ти многу на исцрпното објаснување.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.504
Поени од реакции
11.468
Ми стигна од општина писмо дека до мое земјиште (земјоделско) се планира градба на фотоволтаици, односно веќе е издадена дозвола на фирмата. Имам рок од 15 дена доколку имам приговор, има нешто причина негативна работа зошто би се бунел или како ?
Па може да доведе до деградација на почвата со што се намалуваат приносите затоа со закон е забрането кај плодни почви да се градат фотоволтаици, дозволено е на класа 5-8
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.621
Поени од реакции
3.937
Па може да доведе до деградација на почвата со што се намалуваат приносите затоа со закон е забрането кај плодни почви да се градат фотоволтаици, дозволено е на класа 5-8
И на околните површини или само каде што се поставени ? Бидејки колку што приметувам купено им е околното државно земјиште т.е државата го отуѓила за градење на фотоволтаици. Инаку од 4-5 класа се овие они што ги купиле да градат фотоволтаици
 
Kajgana Shop

На врв Bottom