- Член од
- 5 декември 2024
- Мислења
- 48
- Поени од реакции
- 83
Не ако дирекно не си бил внатре и воошто врзан со Лотарија,не си запознаен што се случува а се случува типичен нормален природен реваншизам на стари кадри на власта со нови кадри на власта од новата избрана мнозинска политичка партија.Не може за 2-3 дена да собереш докази и отвориш еден куп предмети за висока корупција. Уште пред неколку месеци кога го укинаа договорот на Лотарија, како и онлајн коцкарниците, се знаеше дека ќе јаде кривични Груби.
Кратко,едната партија се брка и другата партија си ја враќа доминацијата за профитот и пазарот и контролата во таа индустрија.
Димитрија Бубевски кој е првиот и главен застапник на токму на Касинос Аустрија една од компаниите со монополска позиција во Македонија е главен потпистник на слот апаратите VLT за кои се гонат моментално Груби.
Бубевски е дедо на Тимче Муцунски кој логично се бори за поголема моќ и застапеност на приватниот сектор на игри на среќа.Тука автоматски си паѓа процентце за сите од големите на ВМРО.
Кавгата помеѓу Владата и оние кои го држат монополот за игри на среќа во Македонија започна откако најпрвин беа најавени законски измени за дислокација на казината и обложувалниците кои се наоѓаат во близина на училиштата имајќи во предвид дека Македонија и голем дел од македонските граѓани се соочуваат со сериозни проблеми со зависност од коцка, а истата продолжи откако се најави либерализација на пазарот на игри на среќа.
Постојат и сериозни сомнежи дека ВМРО сериозно е финансирана од неколку компании кои се занимаваат со игри на среќа, а имаат монопол на пазарот тука во Македонија.
Порано имаше пишано и Артан Груби испрати порака до обложувачниците дека власта е решена да ја руши секоја бариера што ќе ѝ се испречи на патот и дека се решени да ги демонополизираат сите индустрии, особено криминалните монополи.
Кој две години го попречува и блокира законот за коцкање, со кој:
– обложувачниците и казината се на 500 метри од нашите деца и училишта;
– заштитува и спречува малолетници да се вклучат во коцкање;
– ги зголемува приходите во буџетот преку зголемување на даноците и цената на лиценците, кои помагаат на културата, спортот, медиумите.