- Член од
- 5 декември 2024
- Мислења
- 48
- Поени од реакции
- 83
Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Рамиз Меко поради основи на сомнение за несовесно работење во службата. Во својство на градоначалник, како што посочуваат од полицијата, Мерко на 30 мај 2018 и на 1 април 2024 година донел решение се кое А.О. од струшкото село Подгорци од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село, притоа знаејќи дека не ги исполнува условите.
Неправилностите ги утврдил Државниот просветен инспектор при контрола извршена на 20 јуни годинава.„Пријавениот Р.М. го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање англиски јазик“,
наведуваат од МВР во писменото соопштение.
Дополнително, било констатирано дека по донесување одлука на училишниот одбор, струшкиот градоначалник не објавил оглас за избор на директор и на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор, овозможувајќи му да оствари парична корист врз основа на плата и придонеси.
Се шпекулира дека е Буши, бивши заменик министер на МВР внуците што му ги фатија како крадат марихуана у некоја од фабриките.Сакале да им праат „што сум кревал рака во вторник“ ама ја пробија. Тој мајчиниот од учк што дал дојава се знае ли кој е?
Два пати ја предава својата држава, еднаш како дезертер од активна служба во АРМ и учк командант на бригадата што дејствуваше во кумановско а сега и како поранешен втор полицаец кој е заслужен за учк мрежата во безбедносните служби.Се шпекулира дека е Буши, бивши заменик министер на МВР внуците што му ги фатија како крадат марихуана у некоја од фабриките.
Ау, ау ау. Изгледа стварно ќе се оди во затвор ко во кафана
Разбивање исис ќелија, разбивање криминални групи (дел се поврзани со исис повратници од Сирија), обвинети поранешен премиер и прв веце премиер. Најава за чистење на безбедносните служби, судството и обвинителството од антидржавни елементи.За поздрав се покренативе истраги и апсења од страна на Мвр и Тошковски, ама како и секогаш сум скептик поради судиите
Црната листа за Груби не е ветерот во грб за пријавиве и акцииве, бидејќи на истите е работено со месеци уназад. Не може за 2-3 дена да собереш докази и отвориш еден куп предмети за висока корупција. Уште пред неколку месеци кога го укинаа договорот на Лотарија, како и онлајн коцкарниците, се знаеше дека ќе јаде кривични Груби.Ветер во грб на Мицко од САД и одма промени. Штета што вел живот чекаме некој друг да ни помага. Ова требаше одамна одамна да се почне и да се апси.
За уживање е засега..Ама кога обвининенијата ќе стасаат кај судиите поставени од груби,таче и црпнатиот магично ќе исчезнат или ќе добијат условна.Uzivajte malce be lugje, odamna nemalo vakvo neshto.