Ska Maniac
Бараба
- Член од
- 2 октомври 2013
- Мислења
- 10.804
- Поени од реакции
- 26.868
Ја не само на мајца и на рамо ќе го истетовирам ова и како мантра секој ден насабајле ќе си го повтарам.We need this on a T-shirt.
Една од ептен малкуте работи за коишто сум се осмелила да бидам категорична и да зборам на големо.
Милион пати се докажало во животов. Никој не наоѓа некого гледајќи по други парови и викајќи еее кога и јас вака ќе сум среќен. Кога си уживаш во животот, си воспоставил некој ред и реално си подредил време и примил навики и практики кои навистина те прават среќен во сопствено друштво, буквално магнет си за луѓе. Дури и поубав си им, ете таа енергија колку е битна со која зрачиме. И во таа ситуација навистина е тешко да останеш сам освен ако не е резултат на некоја твоја претерана селективност.
Shutter Island имаше еден извадок, не ми текнува како одеше а никако не можам да го најдам. Ќе пробам да парафразирам па до каде се сеќавам колку се сеќавам толку. Нештата најмногу што ги посакуваш се случуваат кога ќе престанеш да ги очекуваш. На еден начин животот метафорички ти кажува, додека ме гледаш не можам да се променам (преоблечам).
Колку и да си самоуверен/а, среќен/на, исполнет/а со себе многу е битна и околината. Ако со ваков мајндсет отидеш на Блиски Исток или у Индија најверојатно е дека ќе бидеш силувана од племињата таму. Во Гоа, Индија еден куп вакви напушени англичанки и американки идат што мислат дека ако они се добри, фини и оупен мајнд дека и сите други се такви, и на крај голем дел завршуваат и убиени и силувани затоа што мислат дека нормално е таму да се спие на клупа или во шатор или кај некој рандом индиец дома.
Затоа треба да се има претерана селективност на одредени места во одредено време.
Во обидов од држава истотака не помага многу твојава и филозофијата на кугарот затоа што голем дел вајф и хасбенд материјалите се веќе венчани или иселени и останати се некои како нас несреќни во љубовта што си седат по дома или не излегуваат на места за запознавање партнери а другото се се психопати и психопатки.
На 100 места ни Скопјево сум идел со таков елан и дух и гледам дека највеќе тоа палело на места каде што искачаат скоро дупло помлади од мене.
Така што овде сакај - не сакај, чекај - не чекај џабе ти е.