Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Може во тренболонот имало остатоци од месо и јајца, па затоа :toe:

Никаде не пишува дека билдериве умреле од стероиди и друга хемија него скоро секаде јасно пишува за нивната лоша диета од 5 јајца на ден и јадење на месо.
 
Ne dupis ili stvarno mislis deka od jajca i meso pocinale o_O
 
Што кога ќе заглавиме со иста килажа некое време? Се трудам секој нареден тренинг да бидам подобар од претходниот барем за 1 повторување на секоја вежба но ете некое време сум заглавен.
 
Само упорност, сум бил и јас во таков период дури и неколку месеци, но со редовни тренинзи, добра исхрана и голема упорност со тек на време се продолжува со раст. Барем во мојот случај беше така.
 
Што кога ќе заглавиме со иста килажа некое време? Се трудам секој нареден тренинг да бидам подобар од претходниот барем за 1 повторување на секоја вежба но ете некое време сум заглавен.
Namaligo volumenot na trening a zgolemi hidrati za nekoj 50-100 grama. Ishranata e glaven faktor za kg a treningot e samo stimulans za pottiknuvanje na rast na muskulna masa vaka ednostavno kazano.
Nekade gresis,ili vo ishranata ne vnesuvas dovolno ili treningot ti e premasiven.
 
Ќе постам велигденов па се мислам да земам веган протеин и креатин. Креатин досега сум немал земано, ама за во лето сакам да пробам. Се мислам на овој од Хардкор и креатин веќе зедов од другар што зел 2 од натуратерапи, пошто ќе ми биде исхрана намалена со протеин. Во теретана веќе одам 2 1/2 години за бодибилдинг и имам 17 години
 
Што е целта на твојот пост? Ако навлезеш во религиските пости, тие имаат една заедничка ствар а тоа е телото да се исчисти од глупостите кои ги внесуваме во текот на годината. Доколку го трпаш ти телото повторно со глупост ондак џабе везеш. Во секој пост се проповеда колку можеме помалце да мислиме на храна но тоа е најмалце битно во овие теми за бодибилдинг.
Мое лично мислење е дека христијанскиот пост е тешко издржлив во комбинација со бодибилдинг. Ти ќе ги внесеш тие 150гр протеин но мое мислење е дека ќе внесеш и многу калории кои сигурно ќе влијаат на формата.
Сега конкретно за протеинот мислам дека многу би ти помогнал во внесување на тие 150гр протеин.
Со лесно!
 
Целта ми е да изгубам тежина пошто имам и сало на мене и сакам да бидам lean за летово. Знам дека има многу калорични посни јадења но и ќе гледам колку калории сум изел. Да ја задржам сегашната тежина ќе ми биде 2700 калории на ден, а да изгубам по 1 кило неделно ќе ми биде само 1800 калории (172см, 76.5кг). Не се многу тие за губење на тежина мислам. Некојпат и онака заборавам да јадам па мислам нема да биде проблем. Зимава веќе бев на bulk.

Јас веќе имам мускулна маса, па затоа сакам и да ослабам.
 
Постат за да си го “прочистат” организмот, а бутаат зејтин и други прженици.
Демек не јадат ништо од животинско потекло, а бутаат риба во големи количини, пошто само тоа може саглам да ги најаде. (рибата е животно и џабе се лажете дека не е :kuracc:)
Мислат дека го чистат организмот со пржен леб и ајвар, а уствари уште повеќе го трујат.

Па ако сакаш да се исчистиш намали на хидрати, а тие што ќе ги јадеш гледај да се здрави хидрати, внесувај доволно протеини (од животинско потекло, не протеин од леќа) и доволно здрави масти. Ем ќе прочистиш организам, ем никогаш нема да се осеќаш подуено, ем ќе се исчистиш.
 
Ми се чини само овде на кајгана има Господин Олимпија билдери вака ко че прашувате и мерите до 0,001 милиграм. :D

Земи настегај се тука да клокоти зиг заг холестероло и кревај тежини!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Постат за да си го “прочистат” организмот, а бутаат зејтин и други прженици.
Демек не јадат ништо од животинско потекло, а бутаат риба во големи количини

Не можеш сите луѓе што постат да ги сметаш ко исти, некои гнетат а некои навистина сакаат да постат. А плус и рибата се јаде само 2 дена во целиот велигденски пост (48 дена) и ти прво провери си ги фактите а не одма да напаѓаш сме бутале ние зејтин

(од животинско потекло, не протеин од леќа)

Леќата има протеин само што е со помалку аминокиселини, а да нема протеини не е точно

(рибата е животно и џабе се лажете дека не е :kuracc:)

Рибата е ладнокрвно животно и затоа може да се јаде во постите. Но ова веќе може да е за друга тема.
 
Ќе постам велигденов па се мислам да земам веган протеин и креатин. Креатин досега сум немал земано, ама за во лето сакам да пробам. Се мислам на овој од Хардкор и креатин веќе зедов од другар што зел 2 од натуратерапи, пошто ќе ми биде исхрана намалена со протеин. Во теретана веќе одам 2 1/2 години за бодибилдинг и имам 17 години

Искрено без лоша намера ако планираш да постиш со леб,ајвар,мармалад,масо,локум,посни грицки и благо, посни пашетети,мајонези подобро не пости.
Леќата зсвиси како ја готвиш ако ја јадиш варена ок е...но ако додаваш масло,кечап и други работи не е баш најдобро.
Само имај на ум дека растителната храна е полна со антинутриенти како:
Phytic acid,tannins,lectins,oxilates,saponins,glucosinolates и други кои прават проблем во искористувањето на хранливите материи па затоа суплементи се неопходни на растителна исхрана.
Јх искористенодт ~80-90%
Протеини ~75-80%
Исто да напоменам имаат понизок или не комплетен процент на амино зависи кое растение.
Витамини и минерали ниска апсорбција 5-60% поради неактивни форма и антинутриенти.
Инаку растителна храна е поздрава во случај да ја јадеш без масло,кечап,мајонез и слични ствари но нема вкус.
Но голем број од веганите дека растителната храна не е толку вкусна ја маскираат со разни сосови и слични ствари за да има вкус на скара,месо,сланина,јајце итд
И затоа сега во последно време многу се произведуваат тие замена за месо и слични продукти, дека првите луѓе биле месојади.
Автоматски споено мислење:

Што е целта на твојот пост? Ако навлезеш во религиските пости, тие имаат една заедничка ствар а тоа е телото да се исчисти од глупостите кои ги внесуваме во текот на годината. Доколку го трпаш ти телото повторно со глупост ондак џабе везеш. Во секој пост се проповеда колку можеме помалце да мислиме на храна но тоа е најмалце битно во овие теми за бодибилдинг.
Мое лично мислење е дека христијанскиот пост е тешко издржлив во комбинација со бодибилдинг. Ти ќе ги внесеш тие 150гр протеин но мое мислење е дека ќе внесеш и многу калории кои сигурно ќе влијаат на формата.
Сега конкретно за протеинот мислам дека многу би ти помогнал во внесување на тие 150гр протеин.
Со лесно!
Ако е само на храна и сака да внесува 150г протеин најверојато би внел и 300-450г јх.
А риба,сардина,туна секој ден не е добро многу олово би било тоа...
Протеин да купи или евентуално да најде или да си направи Seitan.
 
Последно уредено:
Целта ми е да изгубам тежина пошто имам и сало на мене и сакам да бидам lean за летово. Знам дека има многу калорични посни јадења но и ќе гледам колку калории сум изел. Да ја задржам сегашната тежина ќе ми биде 2700 калории на ден, а да изгубам по 1 кило неделно ќе ми биде само 1800 калории (172см, 76.5кг). Не се многу тие за губење на тежина мислам. Некојпат и онака заборавам да јадам па мислам нема да биде проблем. Зимава веќе бев на bulk.

Јас веќе имам мускулна маса, па затоа сакам и да ослабам.
Да бидеш чист на таа висина треба да си околу 70кг, зависи колку имаш мускулна маса ама јас сум таа висина и со 75-6кг сум доста замастен преку зима. Моја идеална форма е околу 70 кг но не значи дека и за тебе ќе биде таа.
Постои едно правило кога се чистиш а тоа е дека пред да почнеш рачунаш пример дека со 75кг ќе имаш стомачни и ќе биде чист, но реалноста вика дека секогаш треба да одиш подоле уште минимум 5кг. Бар во мојот случај беше така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom