Конфликтот во Сирија

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.061
Поени од реакции
5.701
Хахаха....Ако имало војна ќе немало гасовод...Во Либија после убиството на Гадафи земјата ја водат убијци, најсурови главосечачи и крвопии, ама нафтените полиња и постројки не му фали ни влакно, и ајде погодете кај оди цела нафта?? Од трипати....

Колку аматерски некои членови овде си го возат филмот дека ако имало војна или смрзнат конфликт немало да има гасовод..Геостратези пар екселанс :) Пис
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.120
Поени од реакции
34.598
Има еден проблем што не го споменува никој. А поради тој факт Турција е сеуште надвор е од Еу.
Доколку би се изградил тој гасовод, Европа во подредена положба би била на Турција. Е тек тогаш ќе беше плачки и лелекања. Посебно и кај нас на балканов. Тек тогаш ќе гледаш што е Османлиско влијание.
На Турците не им е проблемот руски гас до Еу, бидејќи и сега имаа Турски тек со кој се снабдува Турција по ефтина цена и понатака има кракови до неколуу земји од Еу. Турција сака да биде таа што ќе го контролира на Балканот цел тој процес, придобивките на Турција во тој случај би биле енормни. Можам само да го замислам блекмаилот што би го добивале Европјаните.
Јасни се интресите на Турците. Друг муабет е тоа, они сега со задавање на завршниот удар влегоа во причава иако главен фактор беше американското држење на нафтените извори во Сирија (и спорото економско задушување на Сирија).


Немој да ме сфатиш погрешно, ама глупости.
Сирија може да се забиколи. Немој да ми кажеш дека неможат да изградат гасовод сличен на Северен тек од Израел до Турција. Мислам пуни се како брод со кеш. Мотивот ете нека биде да нема руски гас. Па не еден како што реков. Абе 200 ќе изградат.
Како ќе ја заобиколат Сирија?
Два фактори носење на гасовод се:
- низини пошто по планини е многу поскапо и посложено од милион причини
- стабилност односно немање војни во поширокиот регион, пошто гасовод е исклучиво ранлива работа со кинеско дронче може да се направи голема беља

Низ Израел не може да иде од познати причини (Палестинците). Како ќе ја заобиколат Сирија? Низ Курдистан по планиње се до Турција? Нема шанси дури и без Курдите. До Црвено море па подземно? Многу подолго и многу поскапо, ама можеби и возможно... Тогаш, сега со Хутите?
Погледај ја картава долу, Сирија е многу незгодно поставена. Имаше на времето озбилни дискусии за истава работа, и на крају краева ако ја стабилизираат Сирија гасовод кон ЕУ секако ќе направат.


МЕ.jpg
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.485
Поени од реакции
5.221
Ов изгледа како мирно предавање на власта. Договор.
Добро ме насмеа да си ибиш векот а работата најмалку е за смеење.


Ако на ова гледаш така, како би го опишал примопредавањето на вљаста во Северџганистан?

но за да вистински воспоставиш теренска власт треба копнена војска.
Не мора, доволно е да имаш армија со квислинзи и добро позиционирани 10.000 НЕвљадини, а пред се многу пари.

Здраво на сите нов сум на форумов,и ја пратам оваа тема одамна. Јас мислам дека власта на Асад се распадна пред се економски, бидејќи пред војната Сирија произведуваше 400.000 барели на нафта а по американската,па и курдската окупација на нафтените полиња да произведува лани само 100.000 барели нафта. Со што Асад немаше пари да даде добри плати на војниците.На друг форум прочитав, не знам колку е точно дека земале околу 300 евра плата плус имало големо незадоволство и кај обичните луѓе заради економијата а големата и тоа довело сите да сакаат тој да падне од власт.
Мислиш така затоа што такви информации ти пласирале.
Со децении се вложуваше во растурање на Сирија сето тоа под будното око на САД а на барање на Израел.
На тој начин се креираше неодржива состојба ако некој сериозен не застане зад Сирија, оние што требаше тоа да го сторат или се исплашија или имаат некаков договор со ѓаолот.

Русите беа (економски) губитници во Либија, да видиме дали истото ќе го повторат и во Сирија.
Њет, со Либија РФ имаше нерасчистена ситуација, оној Гадафи последните години забега и ги финансираше Чечените кои пак правеа сериозни проблеми во РФ, па кога демократите одлучија да го скратат за глава РФ и баш немаше интерес да го заштити.
Со губењето на Сирија не само образот туку опстанокот на РФ е доведен во прашање.
Рф имаше ДОГОВОР за воено техничка соработка со Сирија, токму врз база на тој договор Сирија побара нивно учество, ако не реагираа тогаш подоцна никој немаше да има доверба, без ставени пред свршен чин.
А, ако сакаш и за опстанокот можам ;)

Толку е од Асад. Прашање е и дали е жив, а веројатно е, пошто не делува како толку глуп да чекал до последен миг за да си оди. Но којзнае.
Ако сме сериозни треба да му се одаде почит како на Асад така и на борците во Сирија кои крвареа да се одбранат од хордите на западот, го правеа тоа навистина херојски и платија со многу крв...
Кога сме кај тоа каде е,


Nema niso cudno vo pozicijata na Rusija, ova e samo edna od nizata udari koj zapadot i gi zadava izminatite 30 godini. Site nejzini sojuznici se delkaat eden po eden. Tuka povekjeto ne svakjaat kolku se kartite protiv niv, i kolku se nazad vo igrta.
За жал позицијата на РФ со ова што се случи во Сирија сериозно е загрозена.
Но позицијата од секогаш им била тешка, скоро па секогаш наоѓале решение да се надеваме и сега ќе биде така.
По самитот на БРИКС+ јасно беше дека нешто не штима во оркестарот, Кина Индија глумат дека ништо не ги интересира само би да тргуваат а некој друг да ги крвари гаќите, е па на овие изгледа им дојде преку глаа.

Сликава е 14км од израелсо-сириска граница (Голан).
Колку ми е познато Голан е територија на Сирија која е окупирана од Израел!

Problematicen a beskorisen.
Проблематичен за кого?
Да бескорисен е, требаше да не ги запира брановите со исламофашисти кои беа трганти на кај Европа па тогаш поинаква песна ќе пееше.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.741
Поени од реакции
1.138
Сега курдите ќе го јадат немиен :pusigo:
Така изгледа но не мора да значи.
Курдите се сојузници на САД и преку нив Ердо го држат на ланче. Не заборавај дека во тој регион се и до 40мил, а тоа значи дека доколку се обединат сите ирански,ирачки,сириски и турски Курди ќе биде голем проблем па дури и за една Турција.
Не можеме на големите сили да им веруваме еве Русија го пушти низ вода Асад истото може и на Курдите да им се случи.
Курдите имаат една "полу косовска" состојба во северен Ирак се борат и за втора во Сирија. Доколку ја добијат и втората ќе биде опасно за Турција таа е следна.
Автоматски споено мислење:

и Христијаните пред нив
Уште таму, Либан и нешто во Египет останаа се другото или го успоубија или ги пратија кон Европа.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.067
Поени од реакции
13.354
@Vanlok
Катар-С.Арабија-Јордан-Израел-Еу

Каква Палестина бре. Ќе ги праша мислиш некој нив :toe:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.240
Поени од реакции
84.263
И Русите и Иранците би требало да се повлечат од Сирија. Голан и официјално ќе биде израелски.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.559
Поени од реакции
24.914
И Русите и Иранците би требало да се повлечат од Сирија. Голан и официјално ќе биде израелски.
ne. ova e dogovoreno za da se trgne usa. kakvo obrazlozenie sega ke imaat za uste da se tamu?

od druga strana ke udrat turcite na kurdite i sekoj ke dobie toa sto prakticno saka. noviot asad ke bide povtorno ruski/iranski igrac sakal ili ne. nisto cudno i da e dogovoren.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.567
...авионот во кој бил Асад го снемал од радарот,
...дали тоа е договор на големите сили да ја поделат Сирија, со што ќе се реши палестинското прашање за реализирање на дел од сириска територија како идна своја татковина, а Зеленски ќе преговара откажувајќи се од делот за кој всушност почнал конфликтот, ќе се види во иднина, само сенилниот Бајден да не направи некоја глупост, додека дојде Трамп за пет недели, ептен долг период.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.120
Поени од реакции
34.598
Каква Палестина бре. Ќе ги праша мислиш некој нив :toe:
Хамас не се некои гении за воена техника, ама на територија на Палестина Израел можат да уништат цевка од неколку метри... Да можеа, ваљда досега ќе го направеа оттаму. Макар само за профит, а посебно за геостратешките причини (да се користи руски гас).
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.741
Поени од реакции
1.138
И Русите и Иранците би требало да се повлечат од Сирија. Голан и официјално ќе биде израелски.
Израелците под изговор за воспоставување тампон зона навлегле на сириската страна на Голан и го окупирале градот Кунеитра не знам само дали точно напишав.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.485
Поени од реакции
5.221
...авионот во кој бил Асад го снемал од радарот,
...дали тоа е договор на големите сили да ја поделат Сирија, со што ќе се реши палестинското прашање за реализирање на дел од сириска територија како идна своја татковина, а Зеленски ќе преговара откажувајќи се од делот за кој всушност почнал конфликтот, ќе се види во иднина, само сенилниот Бајден да не направи некоја глупост, додека дојде Трамп за пет недели, ептен долг период.
Москва.png

Еве го во Москва, изгледа не следи извори од каде ти се напојуваш, па ништо од авионесреќа.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.177
Поени од реакции
3.426
Хахаха....Ако имало војна ќе немало гасовод...Во Либија после убиството на Гадафи земјата ја водат убијци, најсурови главосечачи и крвопии, ама нафтените полиња и постројки не му фали ни влакно, и ајде погодете кај оди цела нафта?? Од трипати....

Колку аматерски некои членови овде си го возат филмот дека ако имало војна или смрзнат конфликт немало да има гасовод..Геостратези пар екселанс :) Пис
Донекаде и не си во право, нафтените полиња главно беа под Хафтар, додека терминалите под „владата“ односно оние другите, Хафтар беше подржан од Русија, Египет, ОАЕ, чинам беше и Италија, а Франција за другата страна со турција како најголем подржувач кој ги прати добрите терористи на помош на владата, односно ги праќа каде и да треба, и направија офанзива и имаа добар прогрес, ама Египет рече дека нема шанси да дозволи добрите терористи да победат и ќе влезе воено во Либија, ОАЕ со нивни авиони рокаа бази на турците и се примирија, односно договорија да прекинат борбите, а парите од нафтата да ги делат, сепак е подобро пола одколку ИЧ, требаше и избори да направат, ама се испокараа и чекат подобри времиња.

За ОАЕ малку се зборува, ама се спонзор во секој конфликт последните години, праќаа оружје во Етиопија, во Судан, во Либија дури и со авиони помагаа, финансираа во Сирија (од тие подобрите терористи, не турските), во Јемен нивните платеници се тепаа со саудиските за превласт, во секоја манџа ги има.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom