A има ли некој возила од ваквиве фирмиве доставувачи на храна? Стварно не знам затоа и прашувам.Што би купило од Корпа или Кликни јади, веб страната, апликацијата или вработените?
Ништо немаат ни возила ни некаков ланец па да купуваат ако дојдат, само ќе ги прегазат а доставувачите ќе се пренасочат кај нив.
Брендот мислам го купуваат за да си ги земат колку и да ги има вработени, базата на ресторани со кој соработуваат и така им е олеснето да почнат за почеток.
Е сега не знам како е во други држави ама кај нас вакви фирми доставувачи на храна се сконцентрирани најмногу во главниот град Скопје и ретко се во другите градови. Во другиве помали градови 90% од рестораните си тераат со свое доставување.
Корпа гледам почнале да работаат и во Тетово. Има мал избор на ресторани и продавници.
Последно уредено: