Јас сум изненаден од комбинациите, како и количеството сирење што го конзумираат моите, и до пред некој период речиси секојдневно имавме недоразбирања на таа темика. Сирењето буквално се користи за СЕ
- Грав, ОБАВЕЗНО со леб и сирење (макар и кога има некое парче месо)
- Пилешко месо, ориз, ЛЕБ И СИРЕЊЕ (лебот му оди во комбинација на татко ми, исто како и сирењето - се конзумира со се)
- Шпагети или тестенини со мелено месо, и пресечено парче сирење(во ситуација кога имаш пармезан дома, или било каков кашкавал што може да се изренда врз шпагетите)
- Тост, во ситуација кога ретко имаат под 2 различни кашкавали дома, се разбира со било што сувомеснато има дома и сирење (многу често и само тост со сирење, без додатоци)
- Летно време комбинациите лубеница и сирење, грозје и сирење, круши и сирење не ми се ни дискутираат..
Земаат некое овчо сирење директно од бачило, веќе почнувам да се сомневам дека овие што го произведуваат ставаат нешто во него што ствара зависност, онака не е нормално да се јаде толку сирење, во секоја комбинација искрено..