Шашави комбинации кои функционираат

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.053
Поени од реакции
24.882
"Нашата демократија е како Космодиск, изгледа шашаво, ама функционира" своевремено ќе каже поранешниот претседател на нашата мила Македонија, Ѓорѓе Иванов-Хорхе.

Во храната исто така има шашави комбинации кои функционираат. Вашите баби и дедовци сигурно сте ги виделе како јадат леб, лубеница и сирење или леб, грозје и сирење. Во средно доживљај ни беше комбинацијата смоки со јогурт. Мене лично прв пат ми беше чудно кога пробав пршута со диња и пршута со сува слива и мислев којзнае колку гадно ќе биде, ама за чудо убаво беше.

Во Охрид има една пицерија каде што специјалитет и најскапа пица им е со тартуфи, пршута, моцарела, мед, ореви и маслиново масло. Баш ме копкаше таа комбинација и морав да ја пробам и не се разочарав беше феноменална.

Која чудна комбинаторика сте ја јаделе што се покажала како вкусна и ако имате вакви нетипични рецепти, споделете.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.866
Поени од реакции
6.664
Every kid stack - смоки и чоколадо, сок и соленки

Незнам дали е чудно ама и ова:

Poor student stack - Шпагети само со кечап и мајонез, Шпагети со путер и сол.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.722
Поени од реакции
9.559
Пинџур и кисело млеко, не измешано, туку наместо пинџур и сирење, пинџур и кисело млеко, исто и јогурт оди. Баш ми текна на ова, затоа што еден постар колега кога му кажував за ова комбо ми одговори дека прв пат слуша и дека не јадел така претходно.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.422
Поени од реакции
9.759
Every kid stack - смоки и чоколадо, сок и соленки

Незнам дали е чудно ама и ова:

Poor student stack - Шпагети само со кечап и мајонез, Шпагети со путер и сол.
Prvite se detaki classis, nema nishto shashavo, radosta na detstvoto :love:

Shpageti so ketchap sum jadel chesto, za majonez taka taka, ama ova su puter mi e novo :D

Имам јадено поховано сирење прелиено со мед кај јужниот сосед и беше сосема добра комбинација.
Toa e nekoa (wanna-be) francuska shema, chesto se meshaat odredeni vrsti na sirenje so med.

Od mene za start, vo vreme na studentski denovi, se vrakjam vo menzata vo SD Goce, gladan ko pas, nachelav varen kompir i pomfrit samo, i gi zemav i dvata normalno :cool:

Kje pisham povekje kombinacii vo nareden post.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Смоки стоби флипс црвени натопени во јогурт од Бучен Козјак. Стоби флипс дека се бајаги солени, а Бучен дека го имаат еден од покиселите јогурти. Ова најчесто ако сум болен и безнадежен во животот, инстантно ме враќа и освежува.

Со други фирми од истите производи некако не ми оди комбинацијава.
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
591
Поени од реакции
2.626
Смоки и јогурт стандард, уште си јадам. А исто смоки со еурокремче. Земаш едно и мацкаш у кремчето. Мераци.
Смоки рулз.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
637
Поени од реакции
1.425
Топло чоколадо со топен кашкавал.
Кисели краставички (корнишони) со круша.
Бурек со месо со чоколадно млеко.

Најврвната путер од кикирики, џем и мајонез.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.053
Поени од реакции
24.882
Топло чоколадо со топен кашкавал.
Кисели краставички (корнишони) со круша.
Бурек со месо со чоколадно млеко.

Најврвната путер од кикирики, џем и мајонез.
1732716035276.png
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.734
Поени од реакции
49.273
Не е комбинација, повеќе за иновација моја се работи. Имено, секоја батал манџа со додадени две до три топки павлака се претвора во пристоен оброк. Плус и повеќе ситост држи , што е многу важно.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.290
сендвич со чипс, кашкавал и павлака.
сендвич со путер од кикирики и кисел црвен кромид.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom