Шашави комбинации кои функционираат

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.905
Поени од реакции
25.249
Ajkuli od onie fermentiranite nema :cautious:
Автоматски споено мислење:


Lepce za sendvic, ona trkaleznoto.
Ферментирани ајкули се м'скаат со бреневин. Ќе проба @Sussaro и ќе раскажува.

Иначе оваа комбинација некогаш ми беше незамислива, денес ја обожавам.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
618
Поени од реакции
2.045
Јас сум изненаден од комбинациите, како и количеството сирење што го конзумираат моите, и до пред некој период речиси секојдневно имавме недоразбирања на таа темика. Сирењето буквално се користи за СЕ

- Грав, ОБАВЕЗНО со леб и сирење (макар и кога има некое парче месо)
- Пилешко месо, ориз, ЛЕБ И СИРЕЊЕ (лебот му оди во комбинација на татко ми, исто како и сирењето - се конзумира со се)
- Шпагети или тестенини со мелено месо, и пресечено парче сирење(во ситуација кога имаш пармезан дома, или било каков кашкавал што може да се изренда врз шпагетите)
- Тост, во ситуација кога ретко имаат под 2 различни кашкавали дома, се разбира со било што сувомеснато има дома и сирење (многу често и само тост со сирење, без додатоци)
- Летно време комбинациите лубеница и сирење, грозје и сирење, круши и сирење не ми се ни дискутираат..

Земаат некое овчо сирење директно од бачило, веќе почнувам да се сомневам дека овие што го произведуваат ставаат нешто во него што ствара зависност, онака не е нормално да се јаде толку сирење, во секоја комбинација искрено..
Продавам високо квалитетно домашно Мариовско овчо сирење, 500ден/КГ
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.910
Поени од реакции
23.316
Djimirinkite 1000 denari kilo gi napraja. Od najnezdrava hrana evoluiraja vo eliksir na zdravje.
Ne znam koj e ponenormalen, nutricionistite ili ovie so so cel um gi slusat.
Alooo polni se so holeseterol, tamu nezdravi masti i bog znae so. Baska odat so sol i kominjak. Dobro be ne vi se zivej poke ili so e rabotata. A so ubavo si jadevte treva, semki i drugi raznorazni gluposti :mad:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
- Крекер со камембер(без Т на крај) сирење, слатко од смокви (може било кое слатко) во комбинација со круша/грозје/јагоди и било што јаткасто
- свинско месо со сливи, премачкано со мед, па на печење во рерна.
- печено свинско месо со мармалад
- парче леб намачкан со путер, мармалад (од јагоди најубаво комбо), парче кашкавал и парчиња банана од горе :love:
- пица со Нутела и одозгора мелени бисквити или кокос
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.440
Поени од реакции
13.547
Мразам комбинации при јадење, буквално ми се гади.
Најпрост пример е кога ќе видам да се јаде леб и кечап. Сакам да кажам дека нешто што е нестандардно ми е гад да го гледам, а не пак да го јадам.
Јадења од типот сирење со сладко, месо со овошје и слично би пробал. Имам јадено поховани зденки со мармалад, океј е.


пица со Нутела и одозгора мелени бисквити или кокос
Ова си е нормално јадење.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.045
Поени од реакции
9.733
-Похован камембер(без т):D со џем од малина

- пршута освен со диња може да оди во комбинација со различни други свежи овошја како грозје, јагоди или смокви.
Автоматски споено мислење:

- Талијатели со ловечки сос и мармалад од брусница...

П.С
Се ова имам пробано се надевам и останатите пишувате од лично искуство :cool:
Автоматски споено мислење:

На лентички сланина си ставам суви сливи замотувам боцкам со чепкалка и си ги грилувам. Зимска шема. Како иде потоа со црвено винце...
Автоматски споено мислење:

Топло чоколадо со топен кашкавал.
Кисели краставички (корнишони) со круша.
Бурек со месо со чоколадно млеко.

Најврвната путер од кикирики, џем и мајонез.
А палачинки со кромид ?
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769
Сум слушнал за лубеница и сирење ама никогаш не сум пробал.

Од детските класици би додал леб со слој Аргета паштета и слој мајонез. Исто многу добро ми одеше ептен благо млеко (најчесто засладено со мед) после јадење ајвар.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.318
Имам јадено поховано сирење прелиено со мед кај јужниот сосед и беше сосема добра комбинација.
Батали го јужниот сосед. Барај кај нас поховано биено сирење со рендани ореви и мед. :love:
И чаша бело вино со тоа.
Автоматски споено мислење:

Ферментирани ајкули се м'скаат со бреневин. Ќе проба @Sussaro и ќе раскажува.

Иначе оваа комбинација некогаш ми беше незамислива, денес ја обожавам.
Што е бреневин ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom