Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Викторе,ај овде една поопширна анализа мавни ми,ако сакаш:smir:

Нашата сакана Леандра има аватарче кое кореспондира со нејзината редакциска улога на форумот... љубов, и секс... секс, секс, секс, секс. Во право си, претерав, за разлика од другите кои се на тој подфорум, ти си онаа задолжена за рамнотежа, ти си девојката за љубов. Е сега...

Ако те споредам со аватарчето, кое не може да биде ништо друго освен девојка за време на секс, ти сакаш да уживаш. Но изгледот на сликичката не е само она животинско уживање, туку повеќе она мило, нежно мјау мјау уживање. Вистинска еротика... ќе се галиме, ќе се мазиме, ама некако меѓу редови и двајцата знаеме дека кај и да е, кога ќе заврши лентата дека и гризање ќе има, само прашање на време е.
Знам дека имаш партнер, и се држиш за него по секоја цена... а според тоа мора да си личност која не сака да губи, па тоа поле од животот го гледаш како место каде треба да се натпреваруваш со себе и светот. Да си докажеш дека си способна.

Имаш прецизно око, стабилна си, и строга. Двоумењето е секојдневие, но кога ќе ја донесеш вистинската одлука (според тебе), пресекуваш како со нож. доколку собереш сила и храброст да пресечеш, а комбинирано со ставот, стилот и шармот кој го поседуваш, можеш да добиеш се`, и од секого.

Наверојатно немаш предрасуди кон пороци и активности кои се осудени од општеството, што доаѓа во конфликт со твојот изглед на стабилност, но тоа заедно и го отсликува комплетниот твој карактер. На моменти способна да го освои светот, а на моменти повлечена во некое ќоше и плачеш како маче. Лесно ќе се предадеш на чоколади, цигари и румштангли. :)

Инаку од секогаш си била таинствена на форумот, барем за мене. Секогаш обвиена со некоја мистичност. Делуваш обично, но сепак не си. Се плашам дека дома имаш олтарче со вуду куклички, а баба ти постојано ги губи иглите за плетење. Можеби и мал сатанистички круг на пријатели со кого горите бубашваби на полна месечина, но секако следниот ден си способна и свеќа да запалиш во црква.

Хмммм, во право се некои луѓе, не ме бива за анализи, само налет податоци и шпекулации исплескав... жал ми е Леа, не сум вистинскиот човек за тебе... пробај со некој друг :smir:
 
Викторе си ме изнасмеал со она вуду-гуру муабети.Од кај ме провали за бубашвабите,ги мезам на полна месечина:pos2:
 
~*~

Викторе си ме изнасмеал со она вуду-гуру муабети.Од кај ме провали за бубашвабите,ги мезам на полна месечина:pos2:

Леандра, најдлабоко те замолувам да ме удостоиш со една твоја психоанализа!

*Сатори се поклонува!*
 
Ада,сакам да ја имам честа да ме проанализираш плиссссofofof: Може?!
 
а дали ке може некоја девојка да ме психоанализира мене Тамарче ада или Леандра некоја од овие три плаќам во кеш :smir:
 
Леандра, најдлабоко те замолувам да ме удостоиш со една твоја психоанализа!

*Сатори се поклонува!*


Ќе почнам со не ме бива за анализи:)но сепак ќе се потрудам за тебе и Ада.

Мала прво нешто што ми остави впечаток на форумов се твоите години и твоите постови,ме потсеќаш на некого со исти ставови кон животот и околината на 17 години.
- Правиш работи што ги сакаш,со кого сакаш и како сакаш,Секоја чест!Ова ми било најважно во животот и најмногу го поштувам во карактерот на една женска особа.За ова треба гз и карактер кој ќе го ценат многу луѓе.Биди она што Си не глуми лудило-добредојде во клубот:)
-Во врска со постовите,премногу влегуваш од филозофска страна,а делуваш конкретно и импулсивно.Но слушнав што сакаш понатаму во животот да студираш и ми стана јасно,зошто од таа страна ги гледаш работите.Мој совет,препушти се на реалното и не гледај на ситници ќе имаш само висок притисок ништо друго.
-Сакаш да се заљубиш,но сама се притискаш затоа добиваш контра ефект.Остави само по себе ќе дојде кога нема да очекуваш.И на крај краева не ни ти треба на овие години љубов,цел живот ќе ти се сере некој на глава,дај си простор уште многу години пред себе.
-Мила личност си,но ретко кој може да ја види другата страна.Таа не се гледа ако се правдаш за свои постапки.Знаеш да заебеш некој ако сакаш,но подоцна да се обвинуваш себе си.Кога се правдаш пред некому тоа е исто како да се погазуваш себеси за своите постапки.Давај три напред,потоа само насмеј се,иронија и сарказам го движат светов:)
-Имаш некои карактеристики кој се карактеристични за тие години,понатаму подруго ќе гледаш на работите,ова на кафе ќе ти го објаснам:smir:
Толку можам,за останатото другите веќе кажаа да не ги повторувам.



Ада

Мислев дека е постара,ме фрапира податокот за годините:)Премногу интелегенција,друштвен живот и литература во едно толку мало суштество.За ова сите зборуваа,го делам мислењето со останатите.
Работи што ми оставија впечаток:
-Како со сила да сакаш да покажеш нешто во кое не уживаш.Ако станат сите ќе станеш и ти,ако играат сите ќе играш и ти.Можеби грешам,но ставаш среќна маска на себе.Имаш се за да бидеш среќна,почуствувај го па примени го.
-Користиш иронија,не дека се дружиш со Бада :) ја користиш на прав начин без да навредиш,ретко кој го може тоа.
-Во врска со љубовта сакам да ти кажам...:)Толку многу луѓе можат да те сакаат,но и да се плашат од тебе,интелегентни девојки не се на менито на секој маж во реалноста.За она што си комплицирана во врска,неможам да ти дадам позитивни коментари,зш сакам нејќам ме вади од кожа,се надевам ќе го измениш тоа,да заштитам некое кутро дете од патење:)
-Не пуши толку,штетно е по здравјето:)
-Кога ќе идеме на кафе да отепаме муабет до сабајле?
 
Ајверсон

Абе ајверсон ова што ти ветив ама со закаснување е. Сепак барем ја направив.

НИК - За никот немам многу што да ти кажам добар ти е само не знам дали по Ален Ајверсон се пиша или едноставно така сакаше. Но сепак мислам дека по него е зошто сум те забележал дека ептен ја сакаш кошарката.
ТИТЛ - Многу интересен ама некако не одговара со НИКОТ па и аватарот. Ова има да ми објасниш.
ПОТПИС - Глеам за потписи си шегаџиски расположен ама ако тоа значи дека си чоек кој сака да се насмее.
АВАТАР - Мислам но кмент се глеа манијак за кошарка си и ништо друго само не знам дали те бива?

Ај сеа од нешто што сум читал и што знам за тебе да пишам. 16 години живееш во струмица ХАХАХА биографија до 17 страна си стигнал :pos: ако ако ај пиши си таму. Друго за тебе што знам дека ептен по кантер си зошо секој ден играше порано барем сега немам појма зш не се стаам многу па не знам дали уште цепаш ама ако. Сепак совет подобри се малку слаб си. :pos: Глеам со компјутери некако слабо се држиш нешто совети бараш за фолдери ама сепак можеби баш за тоа не си знаел, сепак не те судам така да не се вреѓај. Друго за тебе што знам е во врска со кошарката дека ти е живот и не можеш без неa само што одамна не сум те видел во спорт да коментираш, дали губиш интерес или нешто друго е не знам. Ај сега ќе ја прекинам анализава зошто кај и да е ќе ме избаци брат ми од компјутер па ќе ја завршам со поздрав до тебе и следен пат поише ќе дознам за тебе па ќе ти праам поубава.


Ај сеа ти враќај за мене една. Плус не само Ајверсон ај ако може и некој друг да ми прави анализа освен него
 
Млад мен. .. колку толку напиша и погоди нешто. .. ај до вечер ако не ти направам утре гарант ја имаш. ..
 
~Е_L_Е_N_A~


Еце..паше, шо да кажам за тебе..
Срамежлива си и ко ќе треба и ко ќе не треба. Дај опушти се малце, биди кул малце, нема да те изеди никој..Така сама полошо си прајш шо се затвараш и шо не кажваш ко ќе те мачи нешто. Отвори се малце, ви ар јор фемили, нат јор енемис. :)
Хааа...Знајш шо ми е интересно кај тебе?! Шо за се се смејш. Леле сеа ми текнува колку интересно се смејш бе! Цела Битола те слуша..и се смеј со тебе  Ако паше, ако..убо е смеењето, го продолжва животот.

Е са за љубовта..Многу попушташ бе Еце. Не треба така да прајш. Многу дозволваш да ти се качат на гла и после се жалиш. Е не можи така. Ти ако не изреагираш, јас ќе изреагирам ако видам дека те нервира. И како шо прај тој, ти тродупло враќај, па шо сака нека биди. Само така ќе му дојди паметот и ќе се научи барем малце. А ако не се научи така, епа зато постој ќотекот :)
Друго..Леле, ко ќе сакаш нешто да напрајш, ќе го напрајш без разлика шо ќе бидат последиците. Какви и да се, си викаш: Ќе го напрам то бе, без разлика шо ме чека. Шо и да е, ќе помини..Ќе си се врати се во нормала.
То би било се..
А да, биди малце појака личност. И посамоуверена. Сакај се себе си за да те сакат другите. Ја знајш та поговорка?
Не дека те нејќат другите, ама сакај си се бе Еце. :)
Прекрасна личност си и заслужваш многу многу појќе! :wink: :smir:
Леле Тацушшш ... баш ти фала за анализата ... дури сега ја видов ... ќе има и вратка ...ама утре ... сега ми е мака ќе си легнам :)
 
Викендов расположен сум за анализи, ако има кандидати нека кажат, и секако се ставам на располагање на оној што сака да ме анализира.

поздрав :)
 
Викендов расположен сум за анализи, ако има кандидати нека кажат, и секако се ставам на располагање на оној што сака да ме анализира.

поздрав :)

City i ja sum posle cel den ucenje sum epten raspolozena da citnam edna analiza za mene eve cim se nudish ko na primer od tebe:)
 
Викендов расположен сум за анализи, ако има кандидати нека кажат, и секако се ставам на располагање на оној што сака да ме анализира.

поздрав :)

Има, има кандидати се разбира. :)

Едвај чекам. :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom