Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
И за мене тешко да се најде некој а? Многу сум сложен!
 
Грллл

Извини шо каснам, ама некој ми го одвлече вниманието..:)

На почетокот имав ненормално негативно мислење за тебе. Те мислев за една препотентна скопска шмизла, без многу мозок. Ама, мразам така ко ќе прам. Ко ќе зборам за чоек шо воопшто не го знам. Кај мене обично првиот впечаток е лош за луѓето, па така и за тебе.
Посебно ме нервираше ко се запукавме на она темата за парфемите. Леле, од такт ме изваде.

Ама, друго е ко ќе напрајш муабет со некој, сосем друг впечаток добиваш за него.
Сега се кајам така шо сум мислела за тебе, оти тотално сум згрешила.

Жива чупа си, ептен темпераментна, место не те фаќа. Знам дека порано никако немаше среќа во љубовта и беше многу тажна ради то, ама од ко ти се средија работите, вложваш се за та љубов да успеј, го даваш максимумот од тебе и се надеваш дека и ќе добиеш толку за возврат.
Некако позрела си за годините, ко да сакаш да бидиш малце постара, оти не ти одговарат другарките на твојата возраст.
Отворена личност си, нема шо да криеш, кажваш се јавно, без разлика за шо се работи, немаш воопшто влакна на јазикот.

Некогаш си ептен несериозна, кога се работи за некој важни теми, кога луѓето ти кажват некој работи шо не треба да ги прајш, ти си се прајш на 3.5 (трипол) и око не ти трепнува, си прајш како шо сакаш и абер немаш да ги послушаш. Освен некој ко ќе те изнервира, му враќаш ептен изреволтирана и изнервирана. То е до негде убо..Ама, (ова е мој предлог, ако сакаш прифати го, ако не, не мораш :smir:) Некогаш убо е послушаш постар чоек, знај тој шо збора, не голта прашина за џабе. Или па, не мора да го послушаш, само земи го во предвид то шо ти го збора, можи да ти биди од корист.

И уште нешто шо ич не ме бендисва. Зацртано ти е во глата дека марихуаната е ок работа. Не е. И премногу си млада за такви работи. Ама ок, ти си знајш најдобро. :wink:

Ди Енд

Се надевам малце погодив :smir:
 
Фала многу срц.. Да речеме дека погоди добар дел од работите, само не баш дека немав среќа во љубов.. Подобро кажи - поим си немаше што е тоа љубов :pos2: Thx again :back:
П.С. Тој првиот дел со негативното мислење и од мене важи.. Само место скопска шмизла - битолска пуфла :kesa: :pos2: Ма не е битно било - поминало :back:
 
Делукс, пошто не си онлајн, ќе ти ја напрам утре анализата.

А сад чу да урадим једну анализу за Викторгг.
 
Виктор дабл џи

Ко се регистрирав на форумов, најпрв шо го забележав беше дабл џито. Ни сама не знам зошто.

Како да си од некоја друга планета, како да не припаѓаш на овај свет. Овај свет за тебе е премногу бурен, хаотичен, сив, себичен, глупав..А ти си секогаш смирен, сталожен, прецизен, никогаш нервозен, дури премногу паметен за твојата околина.

Ептен си необичен. Бар за мене. Така некако те доживувам. Човек со неконвенциоанлно размислување, кој воодушевува со неговите зборој. Можам цела вечер да седам и да читам шо пишиш, да не трепнам, да не голтнам, да не се поместам и воопшто да не ми биди досадно.

Ме нервира то шо не можиш да се изнервираш. Или барем, јас не те имам начекано. Уствари, те имам еднаш, ама пак бе, то не беше нервоза. Сакам да видам пост кај шо сите ги праќаш у три пичке материне без да ти трепни.

То сакам да го видам.

Ретко се среќаваат вакви луѓе. Без никакви предрасуди и стереотипи, слободен во размислувањето, а истовремено и некако строг и остроумен.

Иам впечаток дека обожаваш да бидиш сам од причина шо некако се плашиш дека нема да можиш да најдиш чоек шо ќе можи да те разбери тебе и сите твој размислувања. Баш ради то сакаш да докажиш и да покажиш дека можиш да успееш, дека си способен за многу работи и од таму произлегва твојата амбиција. Така се исполнуваш самиот себеси и си докажуваш колку можиш да успееш.

И во љубовта си некако таков. Бараш некоја шо ќе те исполнува целосно, не само телесно, а се помалце такви личности во денешно време се наоѓаат. И токму затоа не ти се допаѓаат таквите кратки врски..Затоа што не добиваш ништо позитивно од нив, а се повеќе се разочарваш дека го нема то ти шо го сакаш.

Не си од оној тип на мажи шо одма се палат на еден добар женски газ. Ти бараш нешто појќе, сакаш нешто појќе. Не можи да те задоволи едно парче месо, ако знајш дека главата на некоја цура е празна. Иако можиш да имаш милион, пак, решаваш да останиш сам. Така ти е најубо, се осеќаш најопуштено и најсмирено можиш да размислуваш засебеисвојотодноссодругите. И најубо е така, оти кога човек ќе се повлече од своето окружување тогашполесноможедасесправисотaквитеситуацииисосамиотсебе.

Имаш високи критериуми за секоја сфера во животот и очекуваш многу од него. Спушти се малце, на крајот можиш само ти брутот да го јадиш. Од толку многу очекувања, да не добиеш ништо.

Излези од маргините, спушти ги критериумите, ќе живејш многу подобро.

То е то. Си знајш ти некој работи..:back:

Леле ако не ти погодив ништо!:muh:
 
:vozbud: Ај и мене (сеуште сум девица на темава :pipi:) :vozbud:
 
:vozbud: Ај и мене (сеуште сум девица на темава :pipi:) :vozbud:
Е пошо си девица, ќе мора прво да направиме да не бидеш, затоа што невини на темава не дружиме:nesum:
Или...Напрај ти анализа, па ќе ти вратиме. Еве може и со анализа за мене да почнеш:plete::icon_lol:
 
Е пошо си девица, ќе мора прво да направиме да не бидеш, затоа што невини на темава не дружиме:nesum:
Или...Напрај ти анализа, па ќе ти вратиме. Еве може и со анализа за мене да почнеш:icon_lol:
Па ај вака ќе пробам,Совршена девојка со Прекрасен ум - Леле ама го кажав ова....ај пак од почеток ќе пробам :) Ада е Девојка која што ме потсетува на Наполеон Бонапарта... Или да пообјаснам Мал-Голем човек шо би се рекло, мал во хардвер голем во софтвер (Ова на лап-топ ме потсетува - сега се издавам дека сум на електро :) ) Ги сакаш луѓето и доста комуникативна само шо тешко запаметува :)

Тоа знам само за тебе:pipi:
 
Машала, Тамарче паше како ти тргна, про. стана. :pletalka: Алал!
 
Виктор дабл џи
Showin` some luv to lil` Tammarchae...

Даме и господа, запознајте ја Тамарче. Straight outa Bitola... tha ultimate hard core Chkembhar, 5,5 ft high, Tammarchaeeeeeee!!!! (standing ovations)

Тамарче е девојче. Сака розеви работи, сака да пие сокче со сламка, и да се прави важна со убаво декорирано мартини во просечна битолска крчма од 21 век also known as “kaffich“.

Судејќи по аватарот, постовите, изгледот по слики, муабетите што ги читав за тебе во “Свет“ а особено според титлот... ти си заљубена битолска чупа. Но, news flash... светот се врти околу сонцето, а Тамарче не е заљубена. Таа мисли дека е заљубена, или подобро кажано, сака да биде, и се убедува себе си дека е заљубена. А автосугестијата на човек влијае мошне силно, па таа навистина го чувствува тоа. Но хеј, не е ни важно дали е или не е, ако навистина тој “филинг“ е присутен во глава, сосема е доволно. Само и за тоа не сум убеден, мислам дека нешто друго се врти исто толку често колку розеви мисли, но и како мисли дека повеќе не ти треба таков живот.

“донт хејт ми антил ај гив ју а ризн ту... бла бла...“ Тамарче... драга... клише реченици на англиски јазик имаат сите, зар не сакаш да бидеш различна!? :toe: Твојот потпис оддава два можни впечатоци на просечниот читач:
1. Пишува нешто на англиски, гајле ми е што е...
2. Хех, повторно американска “quote“ извадена од тинејџерско списание. Тамарчееее покажани нешто забавно.

Факултет - рола... дома - моментално кул. Дечко - офизијализирано. Пријатели - на кило. Епа Тамарче срце, зошто тогаш има потреба да имаш и трунка негативна енергија? Те чувствувам дека има со насмевката имаш кило љубов да му дадеш на светот. Знаеш дека сакаш да искочиш од “плакарот“ на малиот град, зошто не го сториш тоа. Имаш прекрасно среден живот, а имаш потреба да влезеш во дуел со тотален странец. Се косат тие работи едни со други, но добро... твоето минато е ровко, раните заздравуваат, но токму заради него и нив (раните), ти си двојно посилна личност од останатите. Ништо не може да те бутне, па ајде однесувај се како таква личност. Како железна госпоѓица, спремна да го освои светот...

Чекор еден, стани! чекор два, седни, заборавив да ти кажам да размислиш што сакаш од животот. Размисли? Добро. Сега пак стани... и направи го тоа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Способна си, заразлика од опинците кои ги познаваш и мислиш дека си како нив. А не си. :wink:

Ииии сега една песна, од широкиот арсенал песни кој ме потсеќаат на Битола. :zlo: скролај долу...

уште

уште малку...

уштееееееееее....

скоро си на крај.....

Иииии еве ја песната...

Ако одам во Битола... ќе прошетам по широк сокак... а на ден бел чаршија... кафе ќе се напијам... младост мило ќе си спомињам.
А на ден бел чаршија, кафе ќе се напијам... младост мило, ќе си спомињам.
Еј мори моме, како да речам... за Солуна, за Стамбола, неја не давам...
Еј мори моме, како да речам... за Солуна, за Стамбола, Битола не давам...
 
Оу мај факин Гад!
Со поуба анализа никој не ме има удостоено!
..And again..Me oстај без зборој:wink:
 
Викторе,ај овде една поопширна анализа мавни ми,ако сакаш:smir:
Ада бе ќе почнам да плачам по твоја анализа:(
 
Leandra, honey, ај прво ти на мене една анализа и у најкраток рок добиваш од мене за возврат.
Pwety pwease:chuckel::back:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom