Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
City i ja sum posle cel den ucenje sum epten raspolozena da citnam edna analiza za mene eve cim se nudish ko na primer od tebe:)

одиме по ред:

ЗЛОБНИЦА

На почеток морам да ти кажам дека ова “злобница„ ми изгледа малку застрашувачки, со анализава ќе се обидам да докажам дека не е така и дека никот е само една случајност која ти текнала можеби кога си се регистрирала на форумов.така?
Јас искрено не ми избрал ваков ник :) ама тоа си е твој избор, со кој можеби како што кажав немаш за цел да алудираш на нешто. (се надевам дека е така) :):)

На почетокот морам да кажам дека имам впечаток дека станува збор за девојка која секогаш е максимално транспарентна и секогаш сака јавно да ги искаже своите ставови, и нормално секогаш мислејки дека своите ставови се оние вистинските и токму поради тоа се не колеба во споделувањето на своите ставови со другите.

Имам впечаток дека кога се работи за делење на совети никогаш не се штедиш себеси и никогаш не си скржава за она што го знаеш да го споделиш со другите.

Според мислењата овде можам да сфатам дека си човек со прилично либерални ставови и дека секогаш веруваш и во она што е најневозможно. Некако оваа твоја верба во работите за кои другите сметаат дека се невозможни ме асоцира на личност која можеби е малку тврдоглава но таа тврдоглавост секако е во рамките на позитивната тврдоглавост. Мислам дека си човек кој сака да проба или пробал буквално се во животот. Имаш прилично авантуристички дух и прилично сакаш да експериментираш со нештата и работите.

Многу често се врзуваш за работите што ги сакаш и кои навистина значат. Една од тие работи е и Македонија. Далеку си од неа но мннооооогу ја сакаш, ненормално ти недостасува и имам чувстува дека секаде на форумов кај што наоѓаш место ја истакнуваш твојата љубов кон ова парче земја од кое ти потекнуваш. (комплименти за ова)
Ова е знак според мене дека станува збор за исклучително емотивна личност.

Според мислењата овде сфатив дека студираш медицина. Имам впечаток дека многу си ја сакаш областа што ја учиш, но некако (немој да ме сфатиш погрешно) ама имам чувство дека премногу си добра и позитивна за да можам да те замислам во бел мантил. Знаеш докторите се луѓе кои многу не се замараат со туѓите проблеми и судбини. Тебе освен што не ти е битно што зборуваат другите за тебе, буквално секогаш се соживуваш со нивниот проблем и даваш се од себе за да се реши проблемот.

Студираш прилично тешка наука, и прилично си активна во темите поврзани со медицината и се разбира љубовта, но мислам дека имаш потенцијал и интелигенција да те читаме и на другите теми. Или можеби немаш сила и желба да се нервираш и замараш пример со политика, спорт и сл. Ако е така тогаш те сфаќам :)

На крај ќе додадам дека имам чувство дека постојано си заљубена и обземена од љубовта и секогаш имаш што да кажеш на таа тема. Повторно ќе кажам исполнета со емоции и чувства тоа се гледа и во постовите за љубовта.

Тоа е се (на кратко). Искрено ме интересира дали нешто погодив и секако дали си задоволна?

Ако одговорот е потврден ти се ставам на располагање кога ќе имаш време и ти да ми направиш една анализа.

поздрав :smir:,
сити
 
city, па ти си бил сериозно добар психо-аналитичар:vozbud:
ada ќе ти биде многу, многу благодарна ако ја удостоиш со една твоја анализа.:pipi:
Will ya?:chuckel:
 
city, па ти си бил сериозно добар психо-аналитичар:vozbud:
ada ќе ти биде многу, многу благодарна ако ја удостоиш со една твоја анализа.:pipi:
Will ya?:chuckel:


yeah,

до вечер следува една анализа за тебе и една за walker girl.

договорено?
 
city analiticaru eden,alal da ti e za analizata, skoro 100% sto napisha se e tocno,thank you very much:)
p.s.Samo toa so nikot ne stima,bidejki ne e koincidencija,neverovatno zlopamtilo sum:)
 
Јас само сакам да му се извинам на Делукс. Анализата ќе биди од вторник натаму оти имам многу за учење. Делукс, ок?
 
Јас само сакам да му се извинам на Делукс. Анализата ќе биди од вторник натаму оти имам многу за учење. Делукс, ок?

Го прифаќам извинувањето,иако мислам дека не би требало да се извинуваш:smir:
И сакав да ти кажам...ај друг пат
 
walker girl напиша:
Има, има кандидати се разбира. :)

Едвај чекам. :vozbud:



следна:


walker girl


На почетокот не можам а да не почнам од мојата констатација дека си девојка која буквално ужива во убавиот пишан збор, особено кога станува збор за македонските автори на кои им придаваш значително внимание. Ми се чини дека си горда со сите наши македонски автори и сите дела што ги имаат оставено зад себе. Таа љубов кон пишаниот збор се гледа и во твоите дела од кои може да се открие дека си доста начитан и паметен човек. Во контекст на ова ќе кажам дека сакаш да читаш и цениш исклучиво книги со содржина, не ти е толку важно кој е авторот ако книгата е лоша.

На форумов важиш за една од постарите членови (според стажот овде:) ) и мислам дека до сега се имаш доста докажано и покажано. Твоите мислења заедно со нивниот квалитет ќе останат забележани во аналите на кајгана форумов. (барем според мене)

Од она што можев да го прочитам, имам чувство дека повеќе ја цениш содржината на предметите отколку нивниот изгледа. Ова некако ми асоцира дека си таква и со луѓето т.е. пријателите. Не ти е важно каков е човекот физички, важен ти е неговиот карактер и неговата “содржина“. Ова се поклопува со она за книгите и нивната содржина. Или со други зборови материјалното нема никакво значење во твојот живот, битно е духовното и на тоа обрзнуваш гооолемо влијание. (доста добра особина)

Мислам дека си доста емотивен човек и покрај тоа што вешто ги заскриваш солзите и некако не сакаш сите да знаат дека си тажна, едноставно тагата сија чуваш за себе.

Знаеш да го цениш она што е убаво и она што вреди. Истовремено гледаш сите работи пред себе и пред другите да ги преставиш од нивната позитивна страна, гледајки максимално да го истакнеш доброто и убавото.

Со пријателите и познанаците си доста конумикативна, но со оние што не ги познаваш добро настапуваш максимално претпазливо и коректно. (добра особина). Според твојот профил можам да забележам дека си прилично дружељубива контактибилна личност, доста претпазиво отворено за нови пријатели.

Многу тешко подпаѓаш под туѓи влијанија и паметно си мислиш дека ти најдобро знаеш кои постапки треба да ги направиш животот.
Луѓето што не ги познаваш доволно, не им веруваш премногу и тоа го правиш затоа што тие со некоја постапка во животот го заслужиле тоа, а не поради некои твои лични причини и предрасуди. Мислам дека се плашиш од лошите луѓе и вешто ги избегнуваш нив.
Кога сме кај предрасудите не можам а на кажам дека како воопшто да ги нема во твојот живот, поради ова имам впечаток дека си прилично праведна личност, која максимално реално го живее животот.

Со неколку зборови доста млада а исклучително паметна личност. Немој да ме сфатиш погрешно ама според постапките делуваш како да имаш 30тина години и како многу работи да си поминала во животот, што според мене е доста позитивна особина.

Ова е се. Мислам дека на кратко ги издвоив најбитните моменти.

На крај ќе кажам дека чест ми беше да те анализирам особено затоа што доаѓаш од градот (Струмица) за кој сум прилично емотивно врзан.

Се надевам дека погодив нешто и заслужив да добијам една анализа назад. така? :smir:

поздрав,
Сити :)


 
Благодарам City, како да ме знаеш цел живот. :wink:

Анализа назад деновиве, кога ќе бидам слободна, ветувам дека ќе биде.
 
~*~

A Сатори од тебе ќе може ли за мене?

Секако.:plet:

Тоа што прво се забележува за твојата личност е разноликоста на која некој може да налета ако сака да те истражува како персона, моментите според кои се водиш, сакајќи да се експонираш а потоа да се скриеш постојано остава простор за размислување, така ги перцепираш работите.
Не си дволичен, напротив, секогаш го кажуваш тоа што го мислиш, само тоа што го мислиш често се менува.Не би рекла во никој случај површен, затоа што покрај фактот дека имаш многу полиња на интересирање, сепак тоа што навистина ти оставило длабок впечаток е тоа што долго време ќе биде предмет на твоите мисли и дел од многуте идеи кои ги имаш ќе се сконцентрираат на тоа.
Ја забележав и твојата заинтересираност за мистицизмот, јас лично би ти препорачала да се заинтересираш и за окултизам во раниот девети век, ќе те воодушеви целата таа поврзаност со астрологијата, само пази да не западнеш во некои средновековни идеи од кои тешко се излегува.
Прилично либерална личност си, ништо не ти смета додека не влијае врз тебе, иако, понекогаш работите кои што делуваат доволно интересно и без да влијаат ти ќе направиш да ти застанат на патот.
Имам чувство дека во животот не одиш, туку трчаш, се да се направи, се да се види и пред се, се да се научи.Имаш огромна енергија и затоа луѓето сакаат да им бидеш во близина, иако тоа си има и свои негативни страни, понекогаш не знаеш каде попрво би се стрчал.
Според мене, кога би се сконцентрирал на неколку одредени полиња, ќе имаш уште подобар успех.
Само, пази што ќе одбереш.

Готово, ако не се согласуваш со нешто горе образложено, не трпам последици!:smiz:
 
некој кандидат за моја анализа?ќе вратам назад:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom