Исчезнати лица

Член од
14 април 2012
Мислења
32.530
Поени од реакции
66.066
Брат види, можеби си имале взаемен договор со мајката да не ги мешаат и децата во нивните караници и во тој дел да си функционираат нормално. Можеби и на мајката не и е чист газот (не зборам за убиствово него за нивниот приватен живот) па си компензира со тоа што нормално си тераат со децата. Крај краева судот ако утврдил дека на Александар му следи законско право да си ги гледа децата тогаш не гледам проблем во тоа, ако мајката не ги пушта тогаш може да и ги одземат.
Oд искуство може да ти кажам дека ако има караници меѓу разведени лица, дека нема теорија децата да бидат тргнати на страна, баш наппротив, тие стануваат центар околу секоја караница, и се користат како алатка за уценување и докусурување. Ова што функционирале нормално по разводот е за почит, и е доста ретко.

Имам тројца блиски луѓе разведени со деца, и тука се вклучени адвокати, центар за социјални работи, полиција. Генерално, гадно е. Како што си пишал погоре, судот утврдил дека може да ги гледа децата, ама во пракса тоа иде многу поразлично. Како татко, многу тешко се остваруваат права, зашто Центарот за Социјални Работи е во 99% од случаите на страна на мајката.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.253
Поени од реакции
18.201
Nema potreba da se mozga za advokati i razvodi koga od 15 izvori vikaat deka tatkoto bil dosta aktiven tatko, znaci idel po lekari, skolo, vklucen bil vo sekojdnevniot zivot. Od eden da e rekla kazala, ama od 10 ne mozhe da lazat.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.757
Поени од реакции
10.498
Btw, целава фама и филмови за таткото се базираат на една единствена изјава од Кешишев!
Додуша он лично појма немал кој е типот, нит па било како комуницирал или видел некој да комуницира со таткото... ама големиот лидер еднаш така му кажал :rolleyes:

Нит па истрагата (бар што се знае) има докази од електронски и мобилни комуникации дека некогаш Палчо и таткото биле во контакт!

Палчо буквално циркус направил, а кловновите сами си дошле...
А во случајов како тргнало, освен кловнови, и многу магариња ќе се појават!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.530
Поени од реакции
66.066
Yeap, не знам зашто му се верува на патолошки лажов и убиец. Очигледно дека ги вртел дебиливе околу него на мал прст.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.450
Поени од реакции
18.708
Јас чисто сумљам дека го држеле толку долго време во притвор поради изјавата на Кешишев, уште стојам на тоа дека од немарност има давано информации за ќерката. Ама ајде да видиме на крај шо ќе испадни, штом му ја усвоиле жалбата и е во домашен притвор се повеќе ми налага да е тоа што го изјавија дека кажал само дека Вања оди сама на прв час утрото. Таа изјава мора да е точна од причина шо стварно било така, од кај го имаа тоа инфо овие иначе, освен ако испадни дека тој профилот на Швеѓанецот е на Палчо па така влечеле информации за неа.
За тој профил кажаа само дека не постигнале никаква трага, можно е да е лажен профил направен од овој несаламниот
 
Член од
30 август 2024
Мислења
55
Поени од реакции
243
Yeap, не знам зашто му се верува на патолошки лажов и убиец. Очигледно дека ги вртел дебиливе околу него на мал прст.
Очигледно е дека е манипулатор.

Ама кој татко седи вака како овој? Можеби не го разбирам шокот кој го има но сепак... седи како скиснат некој, уста нема отворено.

Стани бе, кажи нешто, опцуј некого, кажи тоа и тоа беше. Крај краева, кажи те местат, болесници се сите околу тебе и не си ти крив.
Вака испаѓа како да ќути бидејќи е под уцена. Или па штити некого/нешто.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.654
Btw, целава фама и филмови за таткото се базираат на една единствена изјава од Кешишев!
Не ама ок. По 200000-ти пат ќе кажам, има работи што не ги знае јавноста и не смее да ги знае се додека не дојде правиот момент за тоа. Затоа има повеќе рочишта, да беше така едноставно ќе се скоцкаше све во едно рочиште и ќе завршеше случајот. Кешишев може да каже и дека тревата е виолетова, па нема ради тоа да притворат некого.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.450
Поени од реакции
18.708
И јас не ја разбирам состојбата на таткото, во Србија на првото рочиште кога имаа директна средба родителите ќе го распнеа убиецот кој изврши масакар во Младеновац, полицијата едвај го изнесе од судница, хаос беше.
Овие сите со главите долу нурнати само Палчо исправен како орел, се кекели заедно со адвокатот.
Таткото делува моментално како да има грижа на совест за смртта на ќерка си, слика има тон нема
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.541
Киднапираното лице секако требало да биде убиено според доказите. Дали некое од децата, мајката или скроз трето лице.
Абре каква мајка, какво друго дете, во обвинението пишува дека баш Вања им била намерата. Знаеле дека секој петок оди сама на училиште, и во петокот тргнале кон зградата, ама не стигнале заради гужва во сообраќајот. Затоа киднапирањето се случило во понеделникот, откако добиле информација дека нејзината сестра нема да оди со неа на училиште. Во ред е да си правите 300 теории за работи кои не ги знаеме, ама да извртувате работи за фактите кои се познати е сулудо.
Се повеќе мислам дека идиотиве грабнале погрешно дете. Во ниеден момент не го спомнале татково по име, само кажале дека таткото кажал на Палчо кога ќе излезе.

Ја собрале, однеле таму и Палчо ја видел, сфатил дека утнале и ја убил.
Ај, прочитај и ти погоре.
 
Член од
24 август 2017
Мислења
553
Поени од реакции
1.248
Дај бре остајте го таткото ебаве то амебите, сум видел и други шо изгубиле дете - претворени во живи мртовци на 500 седативи. Остајте прво судуот нека одлучит за него па ако имат кривица наебете му се до макс а не овака ко некој хиени упм
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
103
Поени од реакции
114
Mene nesto drugo mi e cudno,neli kazaa otpecatoci nasle od pritvorenite i od nekoj aleksandar od delcevo..koja e taa licnost? zosto nikoj ne ja spomnuva ? od kade se nasle tamu otpecatoci od nego, vmesan li e?
 
Член од
18 ноември 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите,

Се регистрирав на форумот за да посочам нешто.

Како е можно Александар, Гоце, Кираца, Зорица и сите останати кои во тие денови вршеле активна истрага да не поврзат веднаш дека цитроенот што им е сомнителен е веќе запален?!

Како?
Тие на Илон Маск му пишувале, а на гугл не пребарале - цитроен, велес, панче, исчезнат... Помислиле дека Панче ја грабнал, а не пребарале вести за Панче и цитроенот? Интуицијата на Кираца се сетила на Панче и таа рече дека се` пребарала за него и помислила да не е педофил, ама оваа вест од средата, 29.11.2023 не ја видела ни таа ни никој?


Досега никој од тие што истражувале не рече дека сватиле дека цитроенот е запален.
Рекоа дека два дена на снимките се фокусирале да ја најдат Вања пеш, а кога сватиле дека ја нема, почнале да ги гледаат возилата. Така го нашле цитроенот. И посочиле на полицијата дека возилото е сомнително. Ама не пребарале на гугл ништо повеќе. да побарале. уште во средата ќе нашле дека цитроенот е запален во понеделникот во Бразда, на денот на исчезнувањето на Вања.

Во сведочењето, Кираца вели вака:

Два дена се бараше девојчето на снимки за да се види пешки дали ја има, а третиот ден решија да бараат коли. На една снимка видоа издувни гасови од кола која тргнува во тој момент, и бело возило пикап пред тоа возило. Кога ја најдоа сомнителната кола, најдоа информација дека е исчезнат Панче Жежовски. Гоце провери преку пријатели, дозна каква кола има Жежовски, дека е истата боја како на снимките што ги гледавме. Ние се посомневавме во Жежовски. Помисливме дека тој ја зел, му ги проверив сите профили на Фејсбук… сешто помисливме, да се извинам на семејството на Жежовски. Јас го поврзав со еден мој роднина од Велес, јас сум по мајка велешанка, најдовме и други снимки.

Ова е крајно сомнително.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom