Не го сфаќај како навреда, ама измислуваш ствари или ти се причинуваат работи. Или не читаш воопшто или читаш ама парцијално разбираш, па субјективно го толкуваш според тоа дали си се контрирал со членот или не, па си закачуваш претпоставки за тоа што рекол, на тоа што парцијално си го разбрал.
Кај виде дека сум рекол:
- дека е Рашфорд тинејџер
- дека треба да добие шанса
- да му се даде време
- да се третира како таков
Моето мислење е во фактичка обзервација и КРИТИКА према Рашфорд, дека не постигнал тоа што можел и дека не развил квалитети да носи тим на грб, од почеток до крај. Не има носено на грб, ама друга тема е тоа. Да ти упростам, го критикувам рашфорд што не напреднал како што се очекувало. И без разлика на се тоа, он е повторно корисен играч. Засекогаш ќе биде жртва на големите очекувања.
И покрај сите критики, корисен играч е и има што да придонесе. За главен играч не е. Се зависи од тоа во каква средина игра, во каков систем, со какви соиграчи и каква улога има. Да би играл у тим кој користи Inside Forwards и лажна 9ка, како Сити од 2017/18 со Сане, Стерлинг и Жесус или Ливерпул со Мане, Салах и Фирмињо, одговорно тврдам дека статистиката би му била врвна.
Арно ама, игра у тим кој е турни ме да кинисам веќе многу години. Мења стилови на игра како чорапи. Генерално гледано, сме тим кој не е доминантен на натпревари и не креира 15+ шанси секоја утакмица, како Ливерпул и Сити. Бројот на шанси е мал, а квалитетот на шанси (во време на ЕТХ, пошто најсвежо е во секавање) е низок. Значи имаш малце шанси и ниско квалитетни шанси. Што можеш да очекуваш тука? Да се рамња со Халанд кој има еден куп шанси по утакмица, сервирани на тацна? Сите играчи, па и врвни играчи не реализираат се цело време. Истиов аргумент важи и за Хојлунд, дечкото не е лош напаѓач. У ваков тим, систем и околина, многу играчи не би се снашле, а што газеле на светска сцена.
Да ти појаснам, да не се излеташ пак со глупости - критикувам дека Рашфорд не прераснал во тоа што се очекувало и не развил други квалитети, кои би придонеле за тимот. Од друга страна имаш тим кој не ги користи неговите квалитети во целост (не само неговите квалитети се разбира).
ПС: Чисто информативно, Јунајтед на Ферги не беше полн со светска класа играчи, дури и самиот вика дека менаџирал само 2 играчи од светска класа. Нити пак на светскиот пазар има 300 екстра играчи, па сите поголеми тимови да имаат 11 играчи од светска класа.