Сабја е српска политичко-драмска биографска телевизиска серија од 2024 година, снимена во 2023 година. Врз основа на работата и смртта на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, заплетот на серијата се занимава со политичкиот период во Србија од 2000 до 2003 година со посебен фокус на демонстрациите на Петти октомври, атентатот на Зоран Ѓинѓиќ и полициската акција " Сабја“ што уследи по атентатот на Ѓинѓиќ, а по кој е и именувана серијата.
Режија на Горан Станковиќ и Владимир Тагиќ, кои заедно со Маја Пелевиќ го напишаа и сценариото.
Улоги
Драган Миќановиќ
Сергеј Трифуновиќ
Љубомир Бандовиќ
Феѓа Штукан
Бојан Навојец
Милош Тимотијевиќ
Марко Грабеж
Продукција
РТС
This and That production
This and That production Белград
Агитпроп Бугарија
Медиумско биро Креативна Европа
Првите две епизоди беа премиерно прикажани на серискиот фестивал во Кан — Cannesseries. Серијата Сабја ја доби наградата за најдобра актерска интерпретација на целиот актерски ансамбл.
Регионалната премиера се одржа и на 30. Сараевски филмски фестивал на 20 август 2024 година.
Се емитува на РТС и платформата MAX.
Последно уредено: