Да имаше нормален кинез а не амбер нордик, дефинитивно би имал помала разлика со ЛН-от на плус температура, и таа разлика би се зголемувала линеарно во корист на ЛН-от со падот на температурата.
Нормалната и би се предала после -10 ваљда со 100 и кусур % разлика!
Ама па се враќаме на тоа дека ние не живееме во Финска!
Работниот опсег кај нас е -7+10 од кои статистички 90% над нулата.
Тоа е реалноста.
И клима секогаш се мери на максимум од проектната плус неколку точки битни за зоната и пдизајнот. Ама тоа се веќе други варијабли! У старт мојата и твојата немаат ист Пдизајн. Баби и жаби.
Така и
@filipinec успева, па и ти во некои видеа да извадите коп од 10 за што се бунеше
@tzlatko !
Затоа и се мери во лабораторија, а не дома!
П.С. Скапите клими со скапа електроника можат да спуштат модулација до крај. Вие тоа малце го "злоупотребувате" и место на проектиран пдизајн, мерите во простории со понизок (во рандом услови, кога климата ви брка 1 степен или одржава веќе постигната Т, и вадите коп од 10)