Ајде јас ќе се потрудам ... одамна не сум анализирала, можно е ништо да не е така како што ќе напишам, ама ајде.Ќе ми се прости, се надевам.:cut:
Типична девојка која е скоро уверена дека се пронашла сама себе во овој голем и хаотичен свет преполн со замки и виножита, но сепак мислам дека си свесна за мечот со две острици, односно се има две страни, која ќе ја одбереш, на таа и ќе живееш.Иако, не знам зошто добивам идеја дека ти преминуваш постојано, од едната, на другата.
Оптимист си со строга граница за стил, се да биде умерено, но за сметка на тоа на моменти звучиш некако лошо, променливо, лесно некој може да те наведе на нешто ако тоа сака да го направи.
Директна си кога сметаш дека со тоа можеш нешто да добиеш, „Зошто да не?“ стратегија.
Изгледаш како некој кој сака да држи контрола на ситуацијата, ама, не секогаш е така, полесниот начин е компромисот.Иако за себе малку потешко ти оди да се бориш, за сите останати или за некои работи кои треба да бидат застапени ќе направиш скоро се што е во твоја моќ.
Премногу си ми некако романтична, со огромна потреба од љубовта (но пак, зар не сме сите?).
Битно е да го дочекаш тоа што го чекаш. :smir:
Си ја очекувам анализата за возврат.:smiz: