Денес сведочела братучетка на мајката Зорица, го кажала следново:
Во 11 часот ми се јави Зорица и ме извести дека ја нема Вања. Тој ден пребарував во Дебар Мало, низ кафулиња, а потоа, од вторникот, бев во домот на Зорица. Тогаш гледавме снимки со таткото на Вања и тогаш константиравме дека Вања е земена од пред зграда, бидејќи не се гледаше како излегува. Потоа во следните денови дојде и пријател на Александар, Гоце, и тој ги гледаше снимките. Во еден момент дојде во дневна, рече го видовме возилото ,,цитроен” што се бара, а и некој човек. Рече да не е некој педофил, па да ја грабнал.
Таткото Александар беше вознемирен, излегуваше, влегуваше, бараше. Цело време на Зорица и велеше не се секирај, ќе ја најдам. Јас немав многу комуникација со него. Само ми рече да пратам порака на Илон Маск да ја најде преку сателит, што ми беше чудно, како јас него да го најдам, сведочеше Маја Спироска.
Таа рече и дека од родител чие дете учело со Вања била известена дека во групата на вибер на родителите Александар испратил порака, а потоа ја избришал.
-Ми кажаа дека напишал, ,,Вратете го детето ќе ви дадам пари”. Но, јас не ја видов пораката, рече братучетката на Зорица.
Не кажува ништо ново. Ова со Илон Маск делува чудно но нема никаква врска, повеке е показател на психичката состојба и очајот во кој се наоѓал таткото..