Drama Queen
Sky Catcher
- Член од
- 2 септември 2007
- Мислења
- 1.739
- Поени од реакции
- 65
Со каков мерак ќе ти плеснам анализава да знаеш сеа... немој да кукаш после дека не ти се свиѓала. Хир ви кам а хир ви гоу...
Имам чувство дека оваа млада девојка од... Аеродром, има проблем со идентитетот на својата линост. Што е сосема нормално на 16 години, така и треба да биде. Додека се пронаоѓа себе си помеѓу искинатите фармерки и високите штиклички... помеѓу моќниот гитарски риф што ја ежи и кафанската опуштена атмосфера... помеѓу фината насмевка за врсниците, и здрвениот стас за оние повозрасните... работи на своето секојдневие со стандардни алатки. Цртање срциња по аватари, тагување за убавото момче кое не ја разбира исто колку што тој не ја разбира неа, и по малку обврски.
И сега, додека таа реши кој пат ќе го одбере, јас ќе ја посоветувам, вака како постар и со повеќе салце од чварки на мене... Драга, не забегувај со црното, и не се поклонувај на розевото. Најди го она измеѓу. Во превод, остани токму онаква како што јас те доживувам сега. Не можеш да ми ги прочиташ мислите, ама и подобро, бидејќи и онака јас нема да те моделирам... сама ќе го сториш тоа. Најубавите и најдобрите луѓе се оние кои реалноста ќе ја прифатат со позитивна насмевка. Според мене, и она што го гледам на форум, имаш добра база, добра основа... развиј ја во вистинска насока. Батали Тв, батали тин списанија. Комбинација од муабет со пријатели и добра книга е тоа што ти треба. Знам дека знаеш... само сакам да ти кажам дека и јас знам дека знаеш. :wink:
не го видов ова мајке ми!!!Викторгг фала на убавите зборови,убавава анализа и добрите совети...си згрешил само дека сум од Аеродром,од Водно сум!Мило ми е што мислиш дека ке биде нешто од мене:smir: фала уште еднаш:back: