MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
24 април 2008
Мислења
10.934
Поени од реакции
12.333
Магента 1 со 2 моб.линии и интернет (М пакет) плус телевизија..ме интересира на колку тв може да гледаш и колку се доплаќа за дополнителен телевизор
Во пакетот ти следуваат 2 Тв бокса бесплатно за секој нареден 150 денари месечно доколку си на бакар тоа е максимумот а доколку си на оптика можеш до 5 Тв бокса со тоа што за 3,4 и 5 ќе треба да платиш по 150 денари за секој бокс
Доплатата за трет, четврт и петти рисивер со Магента ТВ изнесува 99 денари по рисивер секој месец.

За MaxTV доплатата за трет, четврт и петти рисивер изнесува 139 денари по рисивер секој месец.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.466
Поени од реакции
804
Во пакетот ти следуваат 2 Тв бокса бесплатно за секој нареден 150 денари месечно доколку си на бакар тоа е максимумот а доколку си на оптика можеш до 5 Тв бокса со тоа што за 3,4 и 5 ќе треба да платиш по 150 денари за секој бокс
Напиша декстер ама еве и слика
 
Attachments

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.654
Поени од реакции
8.085
Гледам Bloomberg Adria е српската верзија и ги нема оние текстуални вести на македонски јазик од десна страна. Сега на странскиот дел програма има и превод на српски. Не знам дали е ова промена од Телеком или од самиот канал.

Не дека менува многу тоа. Го пратам каналот одвреме на време за да видам курсна листа кога ме мрзи да го земам телефонот да проверам на интернет.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
719
Поени од реакции
605

Никој не го гледа тој канал, ни овде ни таму. Служи само за да ги вдоми новинарчињата на АВ, и на суптилен начин да ги пере мозоците таму кај нив. Направија не 1, туку 3 информативни канали само за перење мозок.
 
Не мислев на тоа само ме интересираше зошто е сменет на српски, да не го смениле од Телеком ама веројатно не е до нив туку од самиот канал фирма. Си постојат уште тие интервјуа на македонски јазик.

Како што пишав вртам на каналот кога сакам да се информирам за курсна листа, а ме мрзи телефонот да го земам.

Mислам дека Телеком редно е да ни пуштат уште некоја тура нова понуда тв канали пред крај на годинава. Треба понудата да биде поголема да ни се укочи прстот од вртење 2-3 часа тв канали ако веќе и плаќаме толку пари на претплата и телевизија, интернет и телефон :icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.616
Поени од реакции
767
Со новиот софтвер може да се инсталира и Netflix ,претходно не дозволуваше
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.616
Поени од реакции
767
Само не знам што ќе е кога секој втор денес телевизор од поновиве генерации има Netflix.
Уште кога ми го монтираа Магента Тв монтерите ми спомнаа дека се спрема и Нетфликс да го пуштат во понудата исто како ХБО-МАХ па со нивна претплата да може да се следи и Нетфликс
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.654
Поени од реакции
8.085
Уште кога ми го монтираа Магента Тв монтерите ми спомнаа дека се спрема и Нетфликс да го пуштат во понудата исто како ХБО-МАХ па со нивна претплата да може да се следи и Нетфликс
Да ама не би било лошо прво да се додаде македонски превод. Нормално е покрај HBO Max сегашно Max со понуда целосно на македонски јазик и избор Netflix преку оператор дека луѓе би се одлучувале само за HBO Max претплата преку оператор. Netflix би земале посебно пртплата со картичка.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.654
Поени од реакции
8.085
Некој кој е модератор нека додаде во насловов на темава и MagentaTV.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom