Разиел
Човекот во чиј ум сум потајно заљубена, еден од ретките умови кои ги ценам на Форумов, единствената личност на која ги читам сите можни постови, тип поради кои сум стоела пред табло за да гледам пропадната генерација и да барам слика.
И така и така претходната анализа беше срање, али јебига, во затвор ме стави (не дека нема да завршам таму) и + мораш да ја разбереш омразата кон интелегентите суштества.:smir:
Палам цигар и почнувам да анализирам:
Првиот впечаток што го добив за тебе беше, еве уште еден исфрустриран типац од просечноста на која секојдневно се налетува, wow the melancholy, depressing and the despondent atmosphere во која живее детево.
Традиционално, Разиел би бил, ова:
Фигура во која е собрана мудроста на суровата „реалност“ и некој гиг свртен кон книгите со свето значење (барем за него).Храбро застанат покрај тронот на просветителот мирно селектирајќи го потребното знаење за еден ден да може да биде успешен правник, ајкула.
Хммм ...
Од друга страна он е тој што се одлучил да биде благороден и да ги врати луѓето на патот на остроумноста, да ги натера во себе да го развијат духовното и надчовечкото?
Можеби тоа ти помага полесно да заспиеш, велејќи си на сам себе, добро барем се обидов, кој им е крив што се глупави, но сепак со огромна самозадоволна насмевка и оаза на мирот што сепак останал над нив.
Всушност, поентата е да се биде добар шоумен кога ќе дојдат вистинските 5 минути, за да се улета со понудено водство, хумор и нечесто потребната острина на дисбалансот, убавината на животот, не?
Но нормално, сите ние си имаме мрачни страни, на момент ги истакнуваш, на момент ги криеш, па наводно си играш со нив ... не знам зошто сеуште не сум налетала на дел каде се плашиш иако повеќе од сигурно е дека би требало.
Убеденост во сопствената егоцентричност и надмоќност до точка на колебање, destined to change the world, или можеби само својот, зависи до каде колку ќе до држи силата се додека не западне во сопственото количество на просечност и депресија поради истата.
На моменти да му се восхитуваш, на моменти да ти се гади од него, зависи која негова страна се гледа.
Малото ситно човече со злобна и цинична насмевка, интелегентниот дечко кој ја зборува својата/твојата вистина.
Не се гуши во потребите од кои сакаш да се ослобдиш, или сакај ги, или не, или уби се во стандардот или издиги се над него.
Јебига сите имаме избор, или не?:smir: