Драга моја, значи во пријатна домашна атмосфера со Кока-Кола и со Енрике во позадина се спремам да ти направам анализа.
Со надеж дека ќе бидеш задоволна, дека бар еден дел од тебе добро сум проценила.
Кога ја запознав дамата Ла Еспањола ми дојде од никаде од зад некои грмушки во патичиња и ранец и ми беше страшно онака ... чудна.Ми се допадна девојката, плава косичка, насмеана и уште во тој момент почнав да те анализирам, признавам.
Кога некој ќе те погледне од страна без да те знае, добива толку силна импресија од тебе како силна, потполно неранлива и цврста личност, зрачиш со енергија, се смееш затоа што знаеш дека тоа е најлесниот начин да избегнеш понатамошен разговор за твоите емоции, нема потреба да објаснуваш.
Сите кога прашуваат ... прашуваат само „ЗОШТО ПЛАЧЕШ?“Но интересното кај тебе е што ти си доволно отворена со луѓето а сепак не знаат да забележат што се случува со тебе и во тебе, понекогаш ти е драго, си избегнала тешка битка, понекогаш ти иде да врескаш и да велиш, добро слепи ли се.
Но пак на крајот од денот во својата шуплина, со ќебето во креветот велејќи си, тоа е тоа, животот е суров.
Би се борела, зар цел твој живот упорно не се бориш за да бидеш прва, за да успееш, за еден ден да имаш се ... ама тука нешто фали, страшно многу ти треба да има кај кој да се вратиш дома, кој да ти рече честито и тоа е тоа што те кочи, тоа што те застанува на половина пат, изгубена, исплашена и ете тоа те нервира, те вади од кожа и повторно те бутка во депресија.
Имаш и претерано нежна страна во себе која ја вади таа страст што ја чуваш, оганот кој ти е потребен за потполно да се предадеш и да се фрлиш во животот.
Нешто да те движи и да те бутка напред, штета е што мислиш дека сеуште не си го пронашла, само малку заврти се ... можеби ќе пронајдеш некој на патот.
Интелегентна си, начитана доста, со тебе човек може да разговара со денови и никогаш да не му бидат доста теми, постојано има нешто ново, различни перцепции, идеи за тоа како треба да изгледа светот и зошто Ерих Фром е добар писател.
Добро си навлегла во суштината на животот, ама ете за тебе само негативните страни влијаат ... тврдоглавост која тешко се менува, ама па ти не ни сакаш да ја смениш кај себе.
Убаво ти е така, цел живот така си живееш, страв ти е од тоа ако нешто се смени а така жарко копнееш за промени.
Во секој случај, I love you!:back: