Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

С

Сатори

Гостин
Ла Еспањола

Драга моја, значи во пријатна домашна атмосфера со Кока-Кола и со Енрике во позадина се спремам да ти направам анализа.
Со надеж дека ќе бидеш задоволна, дека бар еден дел од тебе добро сум проценила.



Кога ја запознав дамата Ла Еспањола ми дојде од никаде од зад некои грмушки во патичиња и ранец и ми беше страшно онака ... чудна.Ми се допадна девојката, плава косичка, насмеана и уште во тој момент почнав да те анализирам, признавам.
Кога некој ќе те погледне од страна без да те знае, добива толку силна импресија од тебе како силна, потполно неранлива и цврста личност, зрачиш со енергија, се смееш затоа што знаеш дека тоа е најлесниот начин да избегнеш понатамошен разговор за твоите емоции, нема потреба да објаснуваш.
Сите кога прашуваат ... прашуваат само „ЗОШТО ПЛАЧЕШ?“Но интересното кај тебе е што ти си доволно отворена со луѓето а сепак не знаат да забележат што се случува со тебе и во тебе, понекогаш ти е драго, си избегнала тешка битка, понекогаш ти иде да врескаш и да велиш, добро слепи ли се.
Но пак на крајот од денот во својата шуплина, со ќебето во креветот велејќи си, тоа е тоа, животот е суров.
Би се борела, зар цел твој живот упорно не се бориш за да бидеш прва, за да успееш, за еден ден да имаш се ... ама тука нешто фали, страшно многу ти треба да има кај кој да се вратиш дома, кој да ти рече честито и тоа е тоа што те кочи, тоа што те застанува на половина пат, изгубена, исплашена и ете тоа те нервира, те вади од кожа и повторно те бутка во депресија.
Имаш и претерано нежна страна во себе која ја вади таа страст што ја чуваш, оганот кој ти е потребен за потполно да се предадеш и да се фрлиш во животот.
Нешто да те движи и да те бутка напред, штета е што мислиш дека сеуште не си го пронашла, само малку заврти се ... можеби ќе пронајдеш некој на патот.
Интелегентна си, начитана доста, со тебе човек може да разговара со денови и никогаш да не му бидат доста теми, постојано има нешто ново, различни перцепции, идеи за тоа како треба да изгледа светот и зошто Ерих Фром е добар писател.
Добро си навлегла во суштината на животот, ама ете за тебе само негативните страни влијаат ... тврдоглавост која тешко се менува, ама па ти не ни сакаш да ја смениш кај себе.
Убаво ти е така, цел живот така си живееш, страв ти е од тоа ако нешто се смени а така жарко копнееш за промени.


Во секој случај, I love you!:back:




 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Сакам и јас анализа.

Сатори?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Нели сите анализи се субјективни?
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Ајде за мене една анализа... :) my dear Lady :)

Ќе има некаква врска во анализата ако се претставам кој сум ?



P.S Volkswagen :)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Фатете си бројче вие двајца.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Серпико ми должиш анализа.
Да не се расправаме нели:smir:
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6


Си фатив ...5-ка :) хехехех

Лејди...чакам..с'с бујна страст...не да дојдеш ами да пишеш :)
 
С

Сатори

Гостин
Серпико

Нели сите анализи се субјективни?
Серпико ... го анализирав Серпико пред некое време, се разбира тогаш не го ни познавав, тоа не беше добра анализа, мала, нафрлена, површна ... но сега, сега веќе имам за што да зборувам, или не?
Не знам ќе видиме.

Серпико, синоним е човекот за дружење и за отвореност, онака го гледаш и си викаш, ејј ова ти е истриен тип кој го познава животот, НО има едно огромно но кај него.
Не секогаш се е така како што изгледа.
Напротив он е некој кој живее само по свои сопствени правила кои се базираат на животни искуства кои сам ги претрпел, не му се допаѓаат, океј, ставаме ново правило во животот.
Ова за мене е малку повеќе од страшно и нелагодно, постави граница.
Серпико сам за себе е храм на осаменост и на некој вид на духовно полнење што би било добро и за него и за другите да не се деселе други работи во меѓувреме кои од најубавата работа на светот знаат да направат проблем.
Ветува многу, има фантастичен карактер, кога е во големо друштво со луѓе, посебно со негови луѓе е опуштен, дава се што може да даде, онака покрај него имате добар филинг, убаво ви е.Посебно зошто сите, ама баш сите го сакаат.
Серпико е кул.
Ама најбитниот дел во целата таа изградена кула од карти која сите ја познаваат, ја гледаат и ја ценат кај него, што со него кога ќе влезе во кулата и ќе се затвори внатре во неа, сам.
Тогаш светот почнува да се врти а само столот на кој седиш сам е телевизор во боја, па се менуваат канали и налетуваш на црно-бела сапуница од минатиот век.
И се чудиш, ја исмејуваш, па сфаќаш дека си главен лик и те бедно што ти го украле животот и го ставиле во мала кутија.
Повторно почнуваш да менуваш канали, доаѓаш до фамилијарна серија, убава за гледање, блиска, но благо речено на моменти досадна.
Менуваш канал и налетуваш на „Пријатели“ се смееш, повеќе хумор, малку пиење и се одпоново.
Но ... стоп, почна да се врти столот а средината да останува иста и се е тешко кога креветот не го сметаш повеќе за свој.
Излегуваш од кулата и ете ви го Серпико, непобедлив и обожуван!

 
С

Сатори

Гостин
...

Јас не анализирам.
Серпико и Ла Еспањола ми се блиски, само затоа.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Beertoooneee... Volkswagen...како сакаш... :icon_mrgr:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom