Според аватарот претпоставував дека си со црвена боја на коса и се уверив во тоа во галеријата, но гледам сега некоја промена на имиџот и мора да ти кажам супер ти стои вака.
Па да почнам
Значи Ада според сите постови кои ги анализирав добив впечаток дека си доста сериозна личност, зрела со доста реални размислувања.
Премногу си самокритична и на моменти несигурна во себе. Не веруваш во совршенство и не ги идеализираш работите.
Затворена личност си и не сакаш да зборуваш за своите емоции.
Мислам дека се` што ти се случило во животот те направило доста цврста личност и доследна на своите ставови.
Повеќе сакаш да се затвориш и да се самоанализираш, да видиш до кај си со животот, да се преиспиташ дали правилно си постапила за било што.
Кога си тажна се чувствуваш беспомошна, се самосожалуваш и имаш мало чувство на страв.
Толелираш до одредена мера, но не сакаш да те мотаат и влечат за нос.
Тешко простуваш, но знаеш да кажеш извини кога е потребно.
Обожаваш луѓе кои имаат смисла за хумор, позитивни особи и интелигентни личности.
Не сакаш кога некој се однесува себично, арогантно и незаинтересирано.
Искрена особа си, која кажува што мисли, без влакна на јазикот и не бегаш од одговорност.
Сакаш да бидеш вљубена и ги обожаваш тие пропратни моменти твој цитат*на забрзано чукање на срцето, решавање дилеми, пронаоѓање во сите стихови*... и мразиш кога немаш емоции кон никој. Тогаш се чувствуваш празно, ти владее сивило и монотонија.
Тешко се заљубуваш и премногу си критична кон партнерот дури и за најмали ситници. Кога ќе видиш дека нешто недостасува во врската веднаш прекинуваш со особата од која гледаш дека можеш да бидеш повредена (т.е. се заштитуваш самата себе од болка).
Но, затоа кога си во врска од неа бараш само љубов, голема љубов.
Сакаш партнерот да биде задоволен и да ужива во се` што доживувате заедно, па несебично го ставаш неговото задоволство пред себе. Сакаш да имаш интима и некои работи во врската да ги зачувате само за вас (ти и партнерот).
Една работа од тоа што го анализирав ми беше чудна, а тоа е желбата да се повреди партнерот и после да се каеш за тоа. Тука малце ми даваш црти на себичност, но верувам дека тоа е само за тој да свати што има покрај себе.
Толку од мене :smir:
Тоа можев да го извлечам од постовите. Се надевам дека си задоволна. Ако има некоја грешка (што би било нормално) повели поправи ме.