Леле значи како ме погоди, до најситен детал. :nesvest: :nesvest: А поготово за љубовта и срамежливоста. Браво секоја чест.:back:Ќе пробам за Саладин, па ќе видиме што ќе испадне од ова
Прва особина која ми падна во очи од твоите постови е оптимизмот.Најчесто си позитивно расположен, со оптимитички ставови и смисла за животот. Тоа според мене ти е половина пат до среќата. Кога си тажен и кога нешто не ти оди како што треба во животот, се повлекуваш во себе, што укажува на тоа дека си доста затворена и срамежлива личност. Во тие моменти сакаш да бидеш сам, да се затвориш помеѓу четири ѕида, сам со своите проблеми.
Обожаваш да ги анализираш луѓето, според разговорите кои ги водат и за брзо формираш свое мислење во врска со нив.
Сакаш за се сам да одлучуваш, цврсто си стоиш на твоите ставови,и не дозволуваш никој да ти се меша во животот, ниту па да ти помага при било каков избор. Борбена личност си, која не се откажува така лесно од тоа што го сака, полна со надеж дека ќе успееш во тоа што си го наумил.
Сакаш да бидеш свој на своето, мразиш да се правиш нешто што не си и да емитираш нешто или некого.
Сакаш да не ги повторуваш истите грешки и да учиш од сопствените и туѓите животни лекции.
Романтична душа, обожаваш класика, искрен си и кажуваш само работи кои навистина ги мислиш. Не сакаш да дудлаш што би рекле на форумов:pos2:
Кога работиш нешто, го работиш со полна пареа, целосно се препушташ на работата и сериозно го сваќаш тоа што го имаш поставено пред себе како цел, но кога ќе дојде време за одмор забораваш на се и комплетно се изолираш.
Не сакаш љубоморни личности, лаги, ниту па некој да ти прави лице.
Обожаваш весели, позитивни, отворени и насмеани лица.
Кога сакаш сакаш со целото срце, таа личност ја ставаш дури и пред себе, цел и се предаваш, ја мислиш постојано и ја чувствуваш за поблиска затоа што секогаш ти е во срцето.
Сакаш кога царува љубовта, тоа те расположува, ти го прави животот поубав и светот совршен, посебно кога чувството е обострано.
Во врската сакаш да има взаемна почит, разбирање, но и да се знае кој е машко, а кој женско и каква е улогата на секој од нив во било која работа.
За да те привлече една девојка тоа треба да го направи со физичкиот изглед, сакаш добро средени девојки, тоа ти е важно, но не и пресудно. Сакаш да ја запознаеш каква и е душата и психата, да го согледаш карактерот. Сакаш партнерката добро да изгледа, но и да знае како да се однесува.
Не се заљубуваш лесно и неможе некоја да те занесе само со еден нежен поглед и заводлива насмевка, сакаш да допреш подлабоко во психата.
П.С. И да, обожаваш уникатност. И јас исто:helou: .
Толку можев да изнесам од постовите кои ги разгледав, се надевам дека си задоволен. Како за прв пат добро се измачив :nesvest:
Не чекај.... анализирај некого за да се стекнеш со право на анализа.Aj i mene vaka neznajna junak neka se najde nekoj da me proanalizira, m??? aj, aj, aaaajj...????
AMA nema mnogu da se iznamaci! NE sum tooolku slozena i so toooolku karakteristiki ko so citnav za ovie pogore!!!))
cekam...cekam....???
Конфликтот некогаш го добива тој изглед не секогаш поради нас...:wink:CuCeNce и МаwечкоКолку и да биде човек креативен и неповторлив, едноставно е невозможно да се направи суштинска разлика кога се работи за класични шаблонски производи на модерното извештачено стилизирање кај адолесцентната младина. Совршени примери на тоа што во мојата психоаналитичка терминологија се нарекува ЛОЛИТА. Да го анализирам сега поимот лолита, што всушност претставува. Иако првиот впечаток е дека поимот се карактеризира чисто со возраста и физичката градба на девојката, всушност тоа не се единствените предуслови и постои длабока психолошка заднина зад истиот. Се карактеризираат со инфантилна, но максимално симпатична наивност. Карактеристично мек и комплетно демократски пристап, секогаш резервиран од непотребен конфликт што би резултирал со антипатичност. Редовно глумат емпатија, сочуствуваат и се обидуваат по секоја цена да бидат разбирливи. Форсираат здрав оптимизам користејќи розови бои, кич сликички и излитени цитати од романтични автори. Ја искажуваат отворено својата божемна пречуствителност која се забележува единствено на два начини или глумат среќно и лудо заљубени или се смртно повредени од љубовта. Невиноста која зрачи од нивниот пристап може да ја разнежни и најисфрустрираната и најсурова душа, просто е невозможно негативно да се доживее нивната појава.
Ma не се секирај ти за мене, слободно игнор коментарите, зашо не беа упатени ко навреда (у смисла дека си гзолижач де), само моментална реалност, устфари тренд на темава.Синдикат гадес само сакаше демек на мојот уникатен пост да биде уште поуникатна и да го засере малку ништо појше. Ние не се такмичиме па сега кој е во право, направи ја анализата како што ти мислиш дека треба така најдобро ќе испадне.
Тоа не е тренд Годес, тоа е константна ситуација.Ma не се секирај ти за мене, слободно игнор коментарите, зашо не беа упатени ко навреда (у смисла дека си гзолижач де), само моментална реалност, устфари тренд на темава.
Е и ти мури:icon_mrgr и ја сакам некад да бидам у тренд со нешто.:pos2: Зашо увек ауткаст да сум. еее па више он на мене номо еее више:pos2:Ma не се секирај ти за мене, слободно игнор коментарите, зашо не беа упатени ко навреда (у смисла дека си гзолижач де), само моментална реалност, устфари тренд на темава.
Многу генерализирав, ама видиш стварно сум погодил.:smir:Сепак,благодарам за анализата...не сум знаела дека може до ваков заклучок да дојдеш само од моите постови.:smir:
Иако треба да зборувам според аватари, потписи, сепак, ќе направам комбинација од тоа каква е zafrknata во живо и каква е на форум.zafrknata напиша:Ајде ако можи и за мене ако не му претставува некаква тешкотија
:nesvest: Премногу добро за да биде вистинито:nesum:Иако треба да зборувам според аватари, потписи, сепак, ќе направам комбинација од тоа каква е zafrknata во живо и каква е на форум.
zafrknata од форум е една личност која плени со својата сигурност. Девојката која има одговор на секое прашање, девојката која брзо размислува, но размислува два пати пред да одговори (каков парадокс но тотално точно). Повторно да се вратам на постовите. Едноставно уживање е да и го читаш секој нејзин пост. Кога таа има напишано во „Љубовни проблеми“, или „Мажите прашуваат“ - знаеш дека тоа е вистинскиот одговор. После 4-5 прочитани постови ја ставаш на листата на потенциални кајганџии кои сакаш да ги запознаеш. Премногу реалистички, без напумпување на работите, без лажна надеж се обидува да им помогне на сите. Сака своите грешки, своите искуства да и бидат најголемата помош за понаката во животот, но не е воопшто себична тие искуства да ги сподели со другите, секако помагајќи им. Верува цврсто во тоа што го кажува, но не поради инает, туку поради што навистина многу вложува тоа што ќе го каже - да биде она вистинското. Тоа и е причината поради која се бори за своите ставови.
Сега малку да ги споменам јузернејмот, титлот и аватарот кои некако ми се поврзуваат. Девојка која сака да живее возбудливо. Не сака да остани на едно место, сака движење. Верува во силата која ја има, верува во себе. Едноставно не сака да се досадува. Досадата ја убива и затоа секој момент бара нешто интересно нешто ново, но за сите кои не ја познаваат добро - нешто непредвидено. Сака добри забави, сака добро да си помине, сака да биде во центарот, но не со глупи факти и самобендисаност туку со енергијата која ја зрачи околу себе (извини Скорпио__20 ако зборот енергија ти е копирајтед).
Во врска со потписот се гледа дозата на иронија со која настапува. Интересен хумор кој ми се допаѓа. Истото тоа не е само во потписот. Го внесуваш тој хумор и во постовите, но некако скриено, интелегентно поставено за да не може секој да го пронајде...
Сега за zafrknata која ја запознав. Не е истата девојка која ја читате на форум. Мислам истите работи што ги напишав горе би ги напишал повторно, но со 10 пати поголем интензитет. Додека не ја запознаете zafrknata во живо, нема да дознаете колку прекрасна личност е таа. Zafrknata, девојката која зрачи со најголемата позитивна енергија од сите личности кои сум ги запознал(Tonchie извини, но имаш конкуренција за она „вибрирај позитивно“). Ми делува како таква личност со која можеш да разговараш со часови, и пак темите нема да се исцрпени, нема да ти е досадно. Цело време е насмеана (се надевам не беше од водка-џусот). Девојка покрај која што не можеш да поминеш и да не ја забележиш. Мило ми е што ја познавам...
#intermilano :smir:TonInter
TonInter го знам пред кајгана. Тогаш беше мало детенце кое слушаше се што ќе му кажеа поголемите.
Тоа е најинтересното нешто кај Тони. Што е еден од ретките кои ги имам забележано како пораснуваат на нет. Од тоа дете кое беше, без сопствено мислење, порасна во еден дечко кој има цврст, добар карактер. Никогаш не сум ги ценел луѓето по национална припадност, но, поради незнаењето, пред да го запознаам не би пошол во Кондово ни на сон. Сега би сакал да појдам еден ден таму на гости. Значи доволно добар пријател ми стана за да тргнам некои предрасуди кои сум ги имал. (и јас пораснав во некои ставови со негова помош). Тони стана од дете (12-13 години) кое прашуваше како да се логира на мирц до сега да може да помага на ист начин како што му помагаа него. За многу работи е многу напред пред оние кои се негова генерација. Тоа го ценам бидејќи не е себичен, и сака да помогне максимално колку што може.
User-от доста креативно го вклучил своето име и името за тимот за кој навива. И тоа делува онака симпатично интересно за сите. ТонИнтер стана препознатливо име за сите кои го сретнале по кајгана и други форуми. И во потпис Интер. Јас мислев најголем навивач сум бил... ама.. изгледа грешка Си го сака тимот, си навива, и не постои нешто што би рекол а да не биде субјективно мислење. ајде.. така така: Тоооо браво... супееер... одлииично... Форца Интеееррр
Беблакот што да кажам мене ме асоцира на смеење, на сеир, на реметење, на многу долги мајтапи по мсн, и запишување на логовите на соодветната тема. Иако многу многу не пиши ТонИнтер на други вицкасти теми, сепак на мсн најчесто користено смајли е ова: (и ова =) ). Знае што е добра шега, знае да направи квалитетен сеир... знае да направи мајтап и знае без да се навреди да прими.. (мајтап де)
Со титулата на модератор максимално добро ја има сфатено работата. Заедно со фудбал, Кантер страјк подфорумот е еден од подфорумите каде има најмногу избришани постови, најмногу офтопицирања, најмногу расправии... За таму мора само цврсто, и не е само титулата „модератор“ важна. Таму треба да направиш другите членови да те респектираат и да имаш авторитет. Браво за Тони кој успешно го стекна ова.
Се најпозитивно...