На новиве јузери што пишувате се и сешто убаво ви викаат битолчани, ќе помине време срам ќе ве фати што глупости сте трескале, не мора за се да имате што да искоментирате олабавете малку оставете простор.
Прочитав негде ,,И да, мававте со камења"
Дечки, ако не плачеме, пцуеме и колнеме како некои од вас, не значи дека нешто не се случило, ништо посебно не се случи но кога веќе се спомнува па два камења завршија само во едниот од автобусите, за среќа под прозорите, збори ми за спинери...
Ви боде очи паролата, која ја свативте како ја свативте, а од друга страна сосема океј ви се скандирањата за шиптаpско Скопје итн, контрадикторни за многу работи.
Друга работа било каква споредба да се прави во врска со гостувањето, дури и за самата група сега и во минатото е скроз безвезе по самото тоа што ова не беше ,,Кенбах" гостување и играат улога многу фактори кои влијаат позитивно и негативно во однос на бројката.
Сега за позитивниот дел
Кој што сака нека каже, ама ова што го прават двете групи за вака да изгледа дербито е тотално лудило. Клубовите што играат најочајно во најмизерната лига во утепаниов регион добија поддршка што стварно светски изгледаше. И двете групи си ја дигнаа бројката и меѓусебно со своите активности, дури мислам дека Чкембари и повеќе ја кренаа бројката на Комити овој пат најавувајќи го ноќното дерби и нас овозможувајќи конечно дерби со одличен термин, не можеш баш секого да ,,натераш" да дојде во 7 на собир за да отиде на утакмица од 13:00 во Битола. Одма се виде разлика, сигурен сум дека и на ракомет би било поинаку кога би имале неограничен број за гостински навивачи, одделени од обичната публика како Чкембари во Јане. Чкембари верувам дека и во денски термин ќе имаа супер бројка, вчера да се пуштеше и старата трибина да има публика до пола верувам дека и тој дел ќе се наполнеше.
По мое видување, се беше за чиста 10ка, освен навивањето кое барем по мене беше доста слабо, и мислам дека сте имале многу подобри навивања претходно, можеби грешам ама така изгледаше, освен на моменти кога ќе се случеше нешто на теренот и поготово на крајот нормално беше одлично, ама кога ќе видиш каква (не)игра има 90% од натпреварот треба чудо да се случи да се навива 90 минути на високо ниво поготово на таа маса на луѓе.
Кај нас доста еуфорично по пат, можеби и со најдобра атмосфера до сега, одлична енергија имаше цело време, со многу пиротехника најавено пристигнувањето. Катастрофално почна влегувањето на стадион, отворена една врата колку еден човек да влезе, а треба да влезат над 500, потоа те чека отворен канал, права авантура
премногу споро одеше па среќа се забрза после, доста коректни беа и редарите и помина се во најдобар ред. Навивањето си беше на ниво со мал краток пад, на моменти мислам дека баш издоминиравме, ама тоа е од наша гледна точка и мое субјективно мислење
На прашањето дали ова беше врвот и дали ќе има пад понатаму, мислам дека не мора да значи, верувам дека двете групи ќе најдат начин да подгреат атмосфера, да најдат инспирација да направат добра најава, голем број од тие што беа ќе сакаат повторно да дојдат, еден куп луѓе има што не можеа да дојдат а се редовни и сигурно би дошле на следно дерби, се надевам дека и клубовите ќе се стабилизираат понатаму па ќе има и многу поголем мотив за што да се навива, убаво рековте сепак не е се и до навивачите и секако да, стадион без атлетска патека со некој си капацитет од околу 15 000 е таман за вакво дерби. Се надевам на стабилизација на клубовите, дербито да добие поголемо и фудбалско значење па да ја поместиме летвичката уште погоре затоа што и двете групи покажаа дека имаат и те каков потенцијал за нешто повеќе!